ГАЛИЧКА СВАДБА

ГАЛИЧКА СВАДБА -. традиционална годишна народна манифестација во с. Галичник. Во ова село во минатото свадбите се правеле главно на Петровден (12 јули) и поретко на Голема Богородица (28 август). За Петровден обично се враќале печалбарите, дури и од најоддалечените земји. Свадбите траеле и по цела недела. Собирачите на македонски народни (1976). Редовен професор на Ар-Галичка свадба умотворби, патеписците и други дејци (П. Ѓиновски, В. Икономов, Т. Смилјаниќ, Г. Трајчев, Љ. и Д. Јанковиќ, И. С. Јастребов, Л. Куба и др.) запишале богати фолклорни и етнографски материјали поврзани со овој настан. Галичник било најголемо село во Мала Река, па некогаш се случувале и по 50 свадби во еден ден, а свирењето на зурлите и биењето на тапаните се слушале дури во Албанија. Особен впечаток оставале богатите носии, писокот на зурлите, како и прочуените ора „Тешкото”, „Лесното”, „Чамчето” и др. Од 1963 г. прерасна во дводневна културно-туристичка манифестација на која се презентираат богатите свадбени обичаи на селото: пречекување на свирачите, играње на „Свекрвиното оро”, китење на свадбарскиот бајрак, носење на невестата на вода, канење на мртвите, канење на кумот, бричење на зетот, на строј, бодињање, земање на невестата и др. Свадбата завршува со венчавањето на младите во соборниот храм „Свети Петар и Павле”. Последниве години брачниот пар за свадбата се избира на конкурс со строго утврдени правила. ЛИТ.: Народне игре, Ⅳ књига, Скупиле и описале Љубица С. Јанковић и Даница С. Јанковић, Београд, 1948; Вера Кличкова – Милица Георгиева, Свадбените обичаи од селото Галичник – Дебарско, „Гласник на Етнолошкиот музеј”, 2, Скопје, 1965. М. Кит.