БУКВАР

БУКВАР – основен учебник за читање и пишување, за запознавање на гласовите во јазикот и на нивните печатни и ракописни знаци. Во последните два века во Македонија се објавени поголем број вакви учебници. Најпрвин разлошкиот трговец од Банско Марко Теодорович (Везјов) го издаде учебникот „Первое ъченје хотџÃ»мљ ъчитисџ книгљ писмен» Славенскими, наз»ваемое Букварќ“ (Виена, 1792), напечатен со црковнословенски букви. И вториот „Букварќ, извлечен отљ взаимноучителните таблици“ (Крагуевац, 1835) е објавен пак од банскалијата Неофит Рилски и во основата на источномакедонското наречје. Третиот ваков учебник „Началное ъчен·е сљ молитв» ътрен¶џ славџноболгарск·и и греческ»џ“ (Солун, 1838) беше напечатен во новоотворената печатница на Теодосија Синаитски, но веќе врз западномакедонското наречје, составен од архимандритот Анатолија Зографски. Во истата година во Ваташката печатница на Даскал Камче е напечатена на една страница на централномакедонското наречје Таблица перваџ од Јордан Хаџиконстантинов-Џинот. Пресвртна е појавата на учебникот „на македонското наречје“ на Партенија Зографски „Начáлное учîнˆå на д‹ца-та“ (Цариградъ, 1858) со основата во западномакедонскиот говор што почна да се затврдува во македонското училиште. Малку потоа и Натанаил Зогрфски напечати „БукварÏ славено-българский заради училиÈе на Скопско Черногорско село Кучевиста“ (БукуреÈъ, 1865), а учениците Димитар В. Македонски и Димитар Хр. Узунов објавија „Букваръ за употр‹бение въ македонскÎ-те училиÈа“ (Цариградъ, 1867). Во следната година Кузман шапкарев (Един Македонец) ја започна серијата учебници „на македонското наречје“, меѓу нив и „Българскìй БукварÝ“ (Цариград, 1868) што беше препечатен во нова верзија и под нов наслов „Майчинъ язикъ. Букварче или ПÝрвоначялнì уроцì по най л‹снš методš нар‹денì“ (Солун, 1874). А првиот буквар подготвен врз фонетскиот аналитичко-синтетички метод, но на шопското наречје – како средно и обединително за Македонците и Бугарите, го објави Јосиф А. Ковачев под наслов „Български буквар по звучната метода за народните школи“ (Пловдив, Русчук, Велес, 1875). Ѓорѓија М. Пулевски не објави буквар како посебен учебник, но во своите приватно напечатени учебници и ракописи опширно пишува и за азбуката и за граматиката и тоа првпат со македонското национално обележје. Тоа е особено видливо во неговиот втор учебник „Речник од три језика“ (Београд, 1875), во „Славянско-населÝениски македонска слогница речовска“ (София, 1880) и во опширната (во ракопис останата) „œзичница“. По обидот на цариградското Бугарско читалиште (1869) за издавање бугарски учебници на македонското наречје, две децении подоцна и српската пропаганда се обиде преку слични учебници да влезе во Македонија. Првиот обид е направен во времето на Кресненското македонско востание (1879) од српскиот учител во Крушево Деспот С. Баџовиќ под наслов „Буквар за основна македонска училишта у Турској царевини“, но тој остана во ракопис. Деценија подоцна, по поттик од српскиот амбасадор во Цариград Стојан Новаковиќ, и охриѓанецот Коста Групче и стружанецот На-ум Евро подготвуваат „Македонски буквар“ (јуни 1888), но и тој остана ненапечатен. Тогаш Новаковиќ го ангажира Милојко Веселиновиќ да состави основен учебник на дозирано србизиран македонски јазик што беше и напечатен под наслов „Буквар за народне школе“ (Цариград, 1888), преиздаден како „Буквар за народне школе у Отоманској царевини. Друго поправљено и попуњено издање“ (Цариград, 1891). Бидејќи се оценило дека учебнициве „немаат никаков ефект“, и српската пропаганда од 1893 г. веќе настапува со учебници за своите училишта во Македонија на чист српски јазик, како што правеа и бугарската и грчката пропаганда во Европска Турција. БУКВАР Б Во рамките на МНЛД во С.-Петербург во 1903 г. беше подготвен македонски буквар за 34 села во Македонија што изразиле желба да си ги учат децата на македонски јазик. Букварот е пратен во Њујорк за печатење. По Првата светска војна, во согласност со преземените обврски од меѓународните договори за правата на малцинствата, под притисок на Друштвото на народите во Женева, грчката влада напечати специјален основен учебник на македонски јазик со посебна латинична азбука под наслов „Абецедар“ (Атина, 1925). По реакциите од Белград и од Софија, Грција не ги отвори предвидените македонски училишта и учебникот не го воведе во употреба. Во Втората светска војна во текот на борбите во Егејскиот дел на Македонија, за потребите на курсот за македонски учители на слободната територија во Хрупишта, костурскиот Окружен комитет на ЕАМ отпечати (на шапирограф во над 500 примероци) „Буквар на македонски јазик“ (Град Костур, 1944 година), подготвен од боре-цот Алеко Ивановски. Првиот буквар во ослободена Македонија (1945) Првиот основен учебник во слободната македонска држава на современиот македонски литературен јазик беше објавен во Скопје во 1945 г. од Државното книгоиздателство на Македонија под наслов „Буквар“, подготвен од авторскиот колектив: Димитар Попефтимов, Спасе Чучук, Јонче Јосифовски, Васил Куноски, Јордан Киранџиски и Ѓорѓе Ристиќ, илустриран од Василие Поповиќ. Последниот буквар на К. шапкарев (Солун, 1874) ЛИТ.: Блаже Конески, Кон македонската преродба. Македонските учебници од 19 век, второ издание, Скопје, 1959; Д-р Ристо Кантарџиев, Македонското преродбенско училиште. Второ дополнето издание, Скопје, 1985, 142–150; Д-р Блаже Ристовски, Крсте П. Мисирков (1874–1926). Прилог…, Скопје, 1966, 52–56; Трајко Стаматоски, Борба за македонски литературен јазик, Скопје, 1986, 103–116; Симон Дракул, Архимандрит Анатолиј Зографски, Скопје, 1988, 347–359; Д-р Стојан Ристески, Создавањето на современиот македонски литературен јазик, Скопје, 1988; Блаже Ристовски, Атинскиот „Абецедар”. Македонски буквар објавен од грчката влада и спорот за македонското малцинство. Свечен собир…, МАНУ, 2006. Бл. Р.