АСНОМ и прв повереник за народна просвета во ДФМ

АСНОМ и прв повереник за народна просвета во ДФМ. Завршил основно и средно образование во родниот град и во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1922). Меѓу двете светски војни бил професор по филозофија, психологија и француски јазик во повеќе места (Струмица, Бања Лука, Сараево, Врање и Скопје). Член на КПЈ од 1944 г. Во НОБ се вклучува во 1944 г. Бил член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, делегат на АВНОЈ и на АСНОМ и секретар и член на Президиумот на АСНОМ. На третата седница на Президиумот на АСНОМ (2–5. Ⅸ 1944) предлага да се издаде македонски буквар, да се отворат гимназии и учителски школи и да се проучи прашањето за отворање универзитет во Македонија. Формира Комисија за „унификација на македонскиот јазик“, односно Комисија за македонската азбука и ја раководи нејзината работа. Бил член на Уставотворното собрание за донесување на Уставот на НРМ (1946). Бил директор на Народната библиотека во Скопје (1947–1951) и професор на Педагошката академија (1952–1966). ЛИТ.: Пресидиум де л’Ассемблее антифасцисте де л’либератион натионале де ла Мацедоине АСНОМ, Скопје, 1994; Педагошка академија „Климент ОхридскиСкопје 1947–1972, Скопје, 1972. Св. ш. Петар Попарсов