ХЛУДОВ

ХЛУДОВ ТРИОД – пергаментен ракопис од ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Има 188 листови и ги опфаќа и двата дела од Триодот – посниот и цветниот. Во минатото ракописот се наоѓал во Марковиот манастир крај Скопје. Оттука, во ⅩⅠⅩ в. го зел А. Гиљфердинг и го однел во Русија. Сега се чува во Хлудовата збирка при Државниот историски… Continue reading ХЛУДОВ

ХЛУДОВ ТРИОД

ХЛУДОВ ТРИОД – пергаментен ракопис од ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Има 188 листови и ги опфаќа и двата дела од Триодот – посниот и цветниот. Во минатото ракописот се наоѓал во Марковиот манастир крај Скопје. Оттука, во ⅩⅠⅩ в. го зел А. Гиљфердинг и го однел во Русија. Сега се чува во Хлудовата збирка при Државниот историски… Continue reading ХЛУДОВ ТРИОД

ХОЛОКАУСТ

ХОЛОКАУСТ – геноцидот над Евреите од Македонија (1943). Во привремениот логор во Монополот во Скопје биле собрани Евреите од сите градови на Македонија (7.145). Оттаму со железнички композиции од товарни вагони биле транспортирани (11. Ⅲ 1943) во логорот на смртта Треблинка во Полска, каде што веднаш биле и убивани. Никој од македонските Евреи не ја… Continue reading ХОЛОКАУСТ

ХОМАТИЈАН, Димитриј

ХОМАТИЈАН, Димитриј (ок. 1165–1234) – хартофилакс (ок. 1200–1217) и архиепископ (1217– 1234) на Охридската архиепископија, каноник и писател. Поборник на агресивната политика на Теодор И Ангел (1214–1230), кон Латините и Никејците. Се грижел за правата и за привилегиите на Охридската архиепископија. Бил противник на осамостојувањето на српската црква. Оставил богата збирка документи. Напишал Кратко житие… Continue reading ХОМАТИЈАН, Димитриј

ХОР НА КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНОТО ДРУШТВО ВАРДАР , ЗАГРЕБ

ХОР НА КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНОТО ДРУШТВО „ВАРДАР“, ЗАГРЕБ – хорски ансамбл, составен од македонски студенти на Универзитетот во Загреб. Диригент бил Александар Глигориевиќ-Линин. Хорот го сочинувале 28 организирани млади комунисти. Покрај хорското пеење, на часовите се одржувале и партиски состаноци, каде што се проучувала литературата за напредните движења во светот. Во текот на јули 1936 г. овој… Continue reading ХОР НА КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНОТО ДРУШТВО ВАРДАР , ЗАГРЕБ

ХОР НА МРТ

ХОР НА МРТ – основан е по Ослободувањето. Први диригенти биле Стефан Гајдов и Тодор Скаловски. Подоцна го раководеле Драган шуплевски и Александар Лековски. Одигра извонредно значајна улога во поттикнувањето и афирмацијата на македонското хорско творештво. Неговиот репертоар го сочинуваа голем број дела од светската музичка литература, меѓу кои и дел од капиталните вокални и… Continue reading ХОР НА МРТ

ХОРВАТ, Иво

ХОРВАТ, Иво (1897–1963) – хрватски ботаничар, основач на загрепската фитоценолошка школа. Дипломирал и докторирал (1920) на Филозофскиот факултет во Загреб и веднаш бил вработен. Бил избран за професор по Систематика на растенијата и Геоботаника (1940). Од 1947 г., па до крајот на животот бил шеф на Заводот за ботаника на Ветеринарниот факултет во Загреб. Хорват… Continue reading ХОРВАТ, Иво

ХОРТИКУЛТУРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА РМ

ХОРТИКУЛТУРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА Република Македонија– доброволна стручно-професионална организација на инженерите и техничарите на РМ, кои работат во секторите на цвеќарството и украсните растенија, градинарството, овоштарството, лозарството и пејзажната архитектура (од 1956). Здружението е членка на ИМИ (Инженерска институција на Македонија). Ст. Х. П.

ХОРТУС

ХОРТУС“ – списание на Хортикултурното здружение на РМ. Обработува стручно-научни теми од областа на секторите на украсните растенија, обликувањето и уредувањето на пејзажите, парковите и зелените простори. Излегуваше од 1986 до 2001 г., период во кој се објавени 20 броја на списанието. С. Х. П.

ХОЏА, Мируше Мемедали

ХОЏА, Мируше Мемедали (Скоп-Хорот на Македонското радио на гостувањето во Софија (1946) је, 19. Ⅸ 1969) – унив. професор, Мируше Мемедали Хоџа педагог, преведувач и научник. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала на Групата за албански јазик и книжевност и италијански јазик. По дипломирањето извесно време би-ла ангажирана како соработник во културната рубрика… Continue reading ХОЏА, Мируше Мемедали

ХОЏА, ќерим Мемедали

ХОЏА, ќерим Мемедали (с. Радолишта, Струшко, 1924 – Скопје, 1991) – писател за деца, публицист и новинар. Основно училиште завршил во Струга, а средно во Скопје. Прво работел во просвета, а потоа бил новинар во „Флака е велазеримит“. Бил уредник во списанијата за деца „Гезими“ и „Фатоси“. Тој е основоположник на книжевноста за деца на… Continue reading ХОЏА, ќерим Мемедали

ХОШЕК, Карло А

ХОШЕК, Карло А. (Прага, ? – с. Владиловци, Велешко, 24. Ⅱ 1907) – Чех, тиквешки војвода, учесник во македонското ослободително движење по Илинденското востание. Бил четник во четата на П. Ангелов во Кривопаланечко (1905) и во четата на Д. Даскалов, Тиквешко (1906). Потоа бил избран за тиквешки војвода. Дејствувал во Тиквешко и во Велешко. Загинал… Continue reading ХОШЕК, Карло А

ХРВАТСКИ СОКОЛ

ХРВАТСКИ СОКОЛ“ – ЗАГРЕБ – спортска организација. По Илинденското востание во Македонија започнал акција за прибирање на парична помош за настраданите Македонци и ги повикал патриотските друштва да му се придружат (1904). Во негова организација било одржано свечено собрание во Загреб (5. Ⅲ 1904) кое прераснало во масовна манифестација на солидарност и поддршка на македонскиот… Continue reading ХРВАТСКИ СОКОЛ

ХРВАТСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ХРВАТСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Датираат од средниот век (делови од Далмација влегуваат во Самуиловото Царство) и продолжуваат во контактите на Хрватите и Македонците како учесници во австро-турските војни (ⅩⅤⅠⅠ в.). Силен поттик на културните релации им дава објавувањето на Зборникот на македонски народни умотворби на браќата Миладиновци во Загреб (1861), со материјална помош на хрватскиот… Continue reading ХРВАТСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ХРИСИК, Таки

ХРИСИК, Таки (Крушево, 27. Ⅸ 1920 – Скопје, 15. Ⅺ 1983) – композитор и хорски диригент. Музика учи кај австрискиот композитор и диригент А. Храше, а му-зичкото образование го дооформува по Ослободувањето во Скопје. Потоа заминува во Битола, кадешто работи како наставник по музика во Учителската школа и во Гимназијата. Во меѓувреме работи и како… Continue reading ХРИСИК, Таки

ХРИСОХО, Димитар Томов

ХРИСОХО, Димитар Томов (Битола, 11. Ⅵ 1924 – Скопје, 22. Ⅸ 1986) – спец. интернист-нефДимитар Хрисохо ролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, втемелувач на македонската нефрологија. Мед. ф. завршил во Белград (1951), а специјализација по интерна медицина во 1955 г. Хабилитирал од областа на ревматологијата (хроничен еволутивен полиартритис, во 1957). Ја формирал Клиниката… Continue reading ХРИСОХО, Димитар Томов

ХРИСТИДИ

ХРИСТИДИ (ПАТЧЕВ), Анастас (Охрид, 1861 – Битола, 1939) – офталмолог, прв очен лекар во Македонија. Медицина завршил во Атина (1894), а во Париз специјализирал хирургија и гинекологија со посебен интерес за офталмологијата. Во 1900 г. во Битола отворил приватна ординација со операциона сала, а Очно од-Анастас Христиди деление формирал во Болницата „Благовештение“. П. Б.

ХРИСТИЈАНИЗАЦИЈАТА во Македонија

ХРИСТИЈАНИЗАЦИЈАТА во Македонија – првата земја во Европа, каде што апостол Павле со придружниците – апостолите Си-ла, Тимотеј и Лука ја ширеле христијанската вера и го покрстувале македонското население во периодот меѓу 51 и 54 г., почнувајќи од градот Филипи до брегот на Егејското Море. Првата покрстена христијанска личност била Македонката Лидија од градот Тијатир… Continue reading ХРИСТИЈАНИЗАЦИЈАТА во Македонија

ХРИСТИЌ, Стеван

ХРИСТИЌ, Стеван (Белград, 19. Ⅵ 1885 – Белград, 21. Ⅷ 1958) – композитор и диригент. Меѓу неговите музичко-сценски творби се издвојува балетот „Охридска легенда“ (1947, доработен 1958 г.). Влијанието на руската „опера-бајка“ и пред с“ на рускиот балет се очигледни во ова дело, кое изобилува со елементи на музичкиот фолклорен идиом, посебно на македонскиот. Во… Continue reading ХРИСТИЌ, Стеван

ХРИСТОВ-ОФИЦЕРЧЕТО, Тодор

ХРИСТОВ-ОФИЦЕРЧЕТО, Тодор (Софија, 20. И 1883 – 1903) – револуционерен деец и велешки војвода на ТМОРО. Завршил вое-но училиште во Софија. Како бугарски кавалериски потпоручник на И пешадиски кавалериски дивизион, на Смилевскиот конгрес Тодор ХристовОфицерчето (12-17. Ⅴ 1903) бил избран за воен специјалист при штабот на Илинденското востание. Бил раководител на леарниците за бомби во… Continue reading ХРИСТОВ-ОФИЦЕРЧЕТО, Тодор

ХРИСТОВ, Александар Стоев

ХРИСТОВ, Александар Стоев (с. Јаново, Благоевградско, 14. Ⅱ 1929 – Лондон, 20. Х 2005) – македонски национален деец, публицист и поет. По завршениот Ⅵ клас во гимназијата во Свети Врач (Сандански), се запишува во Учителската школа во Скопје, но Фреска: Крштевање Христово, наос на јужниот ѕид, црква „Св. Никола“, Зрзе (ⅩⅤⅠ в.) Александар Стоев Христов… Continue reading ХРИСТОВ, Александар Стоев

ХРИСТОВ, Александар Т

ХРИСТОВ, Александар Т. (Неготино, 24. Ⅶ 1914 – Скопје, 2. Ⅷ 2000) – универзитетски професор, академик. Дипломирал на Правниот факултет во Белград (1939) и на истиот докторирал на тема „Борбата на македонскиот народ за создавање на своја држава“ (1954). Еден од основачите на Правниот факултет во Скопје и основоположник на предметот Управно право. Избран за… Continue reading ХРИСТОВ, Александар Т

ХРИСТОВ, Георги

ХРИСТОВ, Георги (с. Јаново, Горноџумајско, 17. Ⅴ 1931) – поет и новинар, борец за национални права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија. Објавувал песни во весникот „Пиринско дело“ и во други весници и списанија, како и поетска книга „ПопÍтен изгрев“ (2003). Главен и одговорен редактор на весникот „Народна волја“ во Благоевград, член на Националниот… Continue reading ХРИСТОВ, Георги