словенски народ во етничка, културна и национална смисла што живее во РМ, на територијата на етничка Македонија и во дијаспората. Самоименувањето на нацијата Македонци значи користење на правото да се искаже чувството на културноантрополошка посебност во однос на соседните и сите други народи. Современата македонска држава е конституирана како ДФМ/НРМ/СРМ во рамките на Југославија (од… Continue reading МАКЕДОНЦИ
Архиви: Енциклопедија
Description.
МАКЕДОНЦИТЕ
МАКЕДОНЦИ – словенски народ во етничка, културна и национална смисла што живее во РМ, на територијата на етничка Македонија и во дијаспората. Самоименувањето на нацијата Македонци значи користење на правото да се искаже чувството на културноантрополошка посебност во однос на соседните и сите други народи. Современата македонска држава е конституирана како ДФМ/НРМ/СРМ во рамките на… Continue reading МАКЕДОНЦИТЕ
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЧКОТО ВОСТАНИЕ
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЧКОТО ВОСТАНИЕ (1821) – уште од почетокот на востанието Македонците се приклучиле во борбата на грчкиот народ за ослободување. Бројот на Македонците во востаничките редови се зголемил по задушувањето на Негушкото востание (1822). Некои од македонските учесници се здобиле со високи воени позиции. Анастас од Пијанец добил висок воен чин. Синот на Ангел… Continue reading МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЧКОТО ВОСТАНИЕ
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ОКТОМВРИСКАТА РЕВОЛУЦИЈА
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ОКТОМВРИСКАТА РЕВОЛУЦИЈА (25/26. Ⅹ 1917) – учество на македонската емиграција во Русија во преземањето и зацврстувањето на власта на Болшевичката партија во Русија. Во тие настани се истакнале Македонците Михаил Антонов од Неврокоп, д-р Владимир Каваев од Струга, д-р Гаврил Константинович од с. Смрдеж (Костурско), Димче Милевски, Васко Паноски и др. Првите тројца… Continue reading МАКЕДОНЦИТЕ ВО ОКТОМВРИСКАТА РЕВОЛУЦИЈА
МАКЕДОНЧЕ
МАКЕДОНЧЕ“ (Букурешт, ав-густ 1949 – декември, 1955) – ме-сечно списание за децата од Егејскиот дел на Македонија во источноевропските земји, на македонски јазик. Првин било печатено според македонскиот, а потоа според бугарскиот правопис. Главен уредник бил Павле Калков. Содржело разни рубрики: „Од животот и дејноста на домовите“, „Поетско катче“ и др. Објавени се вкупно 35… Continue reading МАКЕДОНЧЕ
МАКЕДОНЧЕ
МАКЕДОНЧЕ“ (Букурешт, ав-густ 1949 – декември, 1955) – ме-сечно списание за децата од Егејскиот дел на Македонија во источноевропските земји, на македонски јазик. Првин било печатено според македонскиот, а потоа според бугарскиот правопис. Главен уредник бил Павле Калков. Содржело разни рубрики: „Од животот и дејноста на домовите“, „Поетско катче“ и др. Објавени се вкупно 35… Continue reading МАКЕДОНЧЕ
МАКЕДОНЧЕ
МАКЕДОНЧЕ“ (Детроит, САД, мај 1979) – детско списание на македонски јазик, издавано од Македонско-американската издавачка куќа „Илинден“ во Детроит. Тоа е првото детско списание на северноамериканскиот континент. Сл. Н.-К. Владо Макеларски
МАКЕЛАРСКИ-БЕЦКО, Никола
МАКЕЛАРСКИ-БЕЦКО, Никола (Дебар, 1914 – Струга, 10. Х 1980) – комунистички деец, првоборец, сообраќаен инженер. Основно училиште завршил во родниот град, а потоа вечерен Градежен техникум во Скопје (1938). Како ученик во Скопје пишувал песни на македонски јазик, од кои полицијата му одзела околу 100 песни. Бил синдикален активист во УРС-овите синдикати во Бел-град, Сремска… Continue reading МАКЕЛАРСКИ-БЕЦКО, Никола
МАКЕЛАРСКИ, Владо Д
МАКЕЛАРСКИ, Владо Д. (с. Макелари, Албанија, 1919 – 29 или 23. И 1993) – првоборец. Бил член на КПЈ (1941) и првоборец, носител на Партизанска споменица 1941. По Ослободувањето бил член на Земскиот одбор на ССМ и директор на Фабриката за керамика „Југ“ во Скопје. Ја прифатил Резолуцијата на Информбирото (1949) и бил испратен на… Continue reading МАКЕЛАРСКИ, Владо Д
МАКРОЕКОНОМИЈА
МАКРОЕКОНОМИЈА – дел од економската наука што ги изучува најсинтетичките економски агрегати на ниво на вкупната економија: стапките на економскиот раст (на раст на БДП), невработеноста и инфлацијата и нивните меѓусебни односи. Доајени на македонската макроекономска наука се: Вјекослав Мајхснер (дипломирал право во 1925 г. во Загреб, а потоа докторирал врз основа на Ригороз, експерт… Continue reading МАКРОЕКОНОМИЈА
МАКРОЕКОНОМСКА СТАБИЛНОСТ
МАКРОЕКОНОМСКА СТАБИЛНОСТ – способност на економијата да одржува висока ценовна стабилност, т.е. ниски стапки на инфлација, динамички стапки на економски раст и да креира нови работни места. Под вакви претпоставки земјата може ус-пешно да ги управува внатрешниот и надворешниот долг и да се справува со финансиски кризи. РМ по 1996 г. одржува ниски стапки на… Continue reading МАКРОЕКОНОМСКА СТАБИЛНОСТ
МАКРОЕКОНОМСКИ АГРЕГАТИ
МАКРОЕКОНОМСКИ АГРЕГАТИ. Според постојниот систем на националните сметки, прифатен од ОН и од други меѓународни организации, постојат два вида агрегатни макроекономски големини: прво, агрегати што се однесуваат на реалните трансакции во економскиот живот и, второ, агрегати што претставуваат билансни пресметковни ставки во националните сметки. Првите се добиваат директно како збир на одредени трансакции, а вторите… Continue reading МАКРОЕКОНОМСКИ АГРЕГАТИ
МАКРОЕКОНОМСКИ СЕКТОРИ
МАКРОЕКОНОМСКИ СЕКТОРИ – сектор на домаќинствата (Ц– побарува финални потрошни добра и услуги – нужни, луксузни, трајни); сектор на претпријатијата (И– побарува и троши капитални добра, т.е. ги опфаќа бруто домашните инвестиции); сектор на државата (Г– буџетска потрошувачка), и надворешнотрговски сектор (Џ-М, т.е. разлика помеѓу извозот и увозот на финални добра и услуги, т.н. нето-извоз).… Continue reading МАКРОЕКОНОМСКИ СЕКТОРИ
МАКСИМОВИЌ, Десанка
МАКСИМОВИЌ, Десанка (Рабровица, Србија, 16. Ⅴ 1898 – Бел-град, 8. Ⅶ 1993) – значајна српска поетеса која остварила мошне вреден и разновиден поетски опус. Била член на САНУ. Добитник е на Златниот венец на СВП во 1988 г. БИБ.: Збирки песни: Песни, 1924; Градина на детството, 1927; Зелениот витез, 1930; Мирисот на земјата, 1955; Заробе-Десанка… Continue reading МАКСИМОВИЌ, Десанка
МАКСУТ, Џемаил
МАКСУТ, Џемаил (Скопје, 8. Ⅴ 1933 – Скопје, 28. ⅩⅠⅠ 2001) – театарски и филмски актер. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата за англиски јазик (1964). Член на Турската драма во Театарот на народностите во Скопје (1953-1991). Има забележителни постигнувања и на филмското платно, како и на сцените на други театри. Улоги: Отело;… Continue reading МАКСУТ, Џемаил
МАКСУТИ, Мерсим
МАКСУТИ, Мерсим (Мерсим Максути) (Србица, Кичевско, 1970) – социолог, доцент на Универзитетот во Тетово. Основно училиште завршил во родното место, а средно образование во Приштина. Дипломирал на Филозофскосоциолошкиот факултет (1995), а магистрирал и докторирал на Правниот факултет во Приштина на тема „Односот помеѓу органите на власта во претседателскиот систем на САД“ (2005). Првин бил избран… Continue reading МАКСУТИ, Мерсим
МАКФАКС
МАКФАКС – независна новинска агенција, основана во декември 1992 г. во Скопје. Емитува вести на македонски, албански и англиски јазик од мај 1993 г. Ос-новач и сопственик Ристо Поповски. Корисници на сервисите се практично сите позначајни медиуми во регионот и информативни системи во светот. Макфакс е член на Медиумската организација во Југоисточна Европа СЕЕМО при… Continue reading МАКФАКС
МАКФЕСТ
МАКФЕСТ – фестивал на популарна музика. Првото издание е одржано во 1986 г. Замислен пред с“ да го стимулира македонското творештво на популарна музика, многу брзо стана познат кај нас и во светот. Во последната деценија на ХХ в. прерасна во меѓународен фестивал. Неговиот придонес во современата македонска поп-музика е извонредно значаен. Макфест продуцираше над… Continue reading МАКФЕСТ
МАКФУНГИ
„МАКФУНГИ“ (МАЦФУНГИ) – база на податоци за габите, формирана во рамките во Миколошката лабораторија на Институтот за биологија при Природно–математичкиот факултет во Скопје. Во моментов во неа се опфатени 21000 податоци за габи од РМ, од Балканскиот Полуостров и пошироко. Овозможува пребарување на податоците според повеќе критериуми (систематски категории, локалитет, земја на потеклото, датум на… Continue reading МАКФУНГИ
МАЛ СВ
„МАЛ СВ. КЛИМЕНТ“ – некогашен параклис на болничката енорија, изграден и живописан во 1378 г. од јерејот Стефан, во времето на архиепископот Григориј Ⅱ и великиот жупан Андрија Гропа, роднина на кралот Марко. Мала еднокорабна црква, единствената посветена на заштитникот на градот Охрид св. Климент. Живописот во поголемиот дел на олтарот и наосот е сочуван… Continue reading МАЛ СВ
МАЛА РЕКА
МАЛА РЕКА – лева и најголема притока на реката Радика. Се формира на височина од 966 м од водите на Јадовска и на Тресонечка Река. Извира од планината Бистра на височина од 1.728 м, а се влива на височина од 606 м. Вкупната должина на речниот тек изнесува 21,3 км, има вкупен пад од 1.122… Continue reading МАЛА РЕКА
МАЛАКОВСКИ
МАЛАКОВСКИ (МИХАЈЛОВСКИ), Злате (с. Богдево, Гостиварско, 1926 – Егејскиот дел на Македонија, 1944) – народен херој. Бил ѕидарски работник во Бел-град (до 1941). По окупацијата на Југославија се вратил во Македонија и стапил во НОПО „Кораб“. Во една борба бил заробен, спроведен и држан во затвор во Тирана (до 1943). По капитулацијата на Италија бил… Continue reading МАЛАКОВСКИ
МАЛЕВСКИ, Душко
МАЛЕВСКИ, Душко (Тетово, 14. Ⅸ 1924 – Скопје, 8. Ⅷ 2007) – новинар, еден од најпознатите македонски надворешно-политички коментатори и уредници. Во новинарството од 1948 г. Од 1951 г. во „Нова Македонија“ каде што останува до пензионирањето (1985). Еден од основачите на неделникот „Репортер“. Известувач од многубројни значајни настани и форуми во светот. Единствен новинар… Continue reading МАЛЕВСКИ, Душко
МАЛЕВСКИ, Климент
МАЛЕВСКИ, Климент (Струга, 10. Ⅹ 1917 – 18. Ⅶ 2002) – протојереј-ставрофор, член на Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква и учесник на црковнонародните собори за возобновување на Охридската архиепископија и прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква (1958 и 1967). Бил архијерејски заменик на Преспанско-пелагониската епархија. Носител е на повеќе црковни одликувања:… Continue reading МАЛЕВСКИ, Климент