МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЧКОТО ВОСТАНИЕ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЧКОТО ВОСТАНИЕ (1821) – уште од почетокот на востанието Македонците се приклучиле во борбата на грчкиот народ за ослободување. Бројот на Македонците во востаничките редови се зголемил по задушувањето на Негушкото востание (1822). Некои од македонските учесници се здобиле со високи воени позиции. Анастас од Пијанец добил висок воен чин. Синот на Ангел Гацо, Мицо, се истакнал во воените дејства и стигнал до високи позиции. Хаџи Христо и Кочо Јован дале голем придонес во развојот на грчката востаничка коњица. Мнозина од македонските учесници во востанието останале да извршуваат разни службени задолженија во грчката држава. ЛИТ.: Ванче Стојчев, Воена историја на Македонија, Скопје, 2000; НиколаŸ Тодоров и Воин ТраŸков, БÍлгари участници в борбите за освобождение на ГÍрция, София, 1971. Д. Јов.