КЕРАМИЧИЕВ, Димитар Костов

КЕРАМИЧИЕВ, Димитар Костов (с. Личишта, Костурско, 2. Ⅷ 1936 – Скопје, 25. Ⅴ 2008) – психолог, универзитетски професор. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1964). Работел како индустриски психолог во ОХИС каде што го формирал Одделението за хуманизација на трудот (единствено одделение на поранешните југословенски простори). Магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград (1979),… Continue reading КЕРАМИЧИЕВ, Димитар Костов

КЕРАМИЧИЕВА, Ружица Михајлова

КЕРАМИЧИЕВА, Ружица Михајлова (Суботица, 5. Ⅹ 1930) – психолог, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград (1961), каде што и магистрирала (1969) и докторирала (1976). На Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје се вработила во 1976 г., каде што ги поминала сите звања до редовен професор и се пензионирала (2001). Ги предавала… Continue reading КЕРАМИЧИЕВА, Ружица Михајлова

КЕРИМ, Асан

КЕРИМ, Асан (Штип, 7. Ⅰ 1921 – Белград, 22. Ⅶ 1990) – учесник во работничкото и комунистичкото движење на Македонија. Член на СКОЈ од 1941, а на КПЈ од 1942 г. Во 1943 до септември 1944 г. бил мобилизиран во трудовите единици на бугарскиот окупатор (Ново Село, Струмичко, и Чучулигово во Пиринска Македонија). Во единиците… Continue reading КЕРИМ, Асан

КЕФАЛОН

КЕФАЛОН – патна станица од римско време, забележана на Појтингеровата карта (Ⅲ–ИV в.). Се наоѓала на делницата од римскиот пат помеѓу Скупи и Стоби, на одалеченост од Ⅷ римски милји од Стоби. Се лоцира на локалитетот Главје, помеѓу селата Градско, Виничани и Водоврати. ЛИТ.: Т. Томоски, Прилог за реконструкцијата на Табула Пеутингериана на делницата Сцупи–Стоби,… Continue reading КЕФАЛОН

КИБЕЛА

КИБЕЛА -. малоазиска, фригиска божица, Мајка, одомаќена во Тракија, Македонија, Грција (во раноантичката епоха, а подоцна и во римската низ провинциите на Балканот). Во Македонија се почитува под името „мајка на домашните богови”, коешто е потврдено со натписи. Иконографијата (седечка статуа со полосна глава, со лавови покрај столот и со тимпан и патера во рацете)… Continue reading КИБЕЛА

КИЗОВ-ГИЗА, Атанас

КИЗОВ-ГИЗА, Атанас (с. Нерет, Леринско, 1914 – Гревена, 1947) – деец на македонското и на грчкото комунистичко движење. Учесник во Грчко-италијанската војна (1940–1941) и во Граѓанската војна во Грција. Бил командир на Ⅻ чета на ДАГ. Загинал во битката за преземање на градот Гревена. ЛИТ.: Т. Мамуровски, Светли ликови од Егејска Македонија (1945–1949), Скопје, 1987.… Continue reading КИЗОВ-ГИЗА, Атанас

КИКИРИТКИ

КИКИРИТКИ .(Арацхис хѕпогеа Л.) – едногодишен вид од фам. Фабацеае. Заземаат едно од првите места во светот од маслодавните култури. Се одгледува за семето, кое е богато со мас-Кикиритки ло (50–55%). Од семето се добива висококвалитетен маргарин и, освен за исхрана на луѓето, се употребува и во конзервната индустрија за сардини. Се прави и арашидово… Continue reading КИКИРИТКИ

КИНЕСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

КИНЕСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Дипломатските односи меѓу РМ и НР Кина се воспоставуваат на 12. Ⅴ 1993 г. со заедничко соопштение дека РМ ја признава Владата на НР Кина како единствена законска влада на Кина и на Тајван како неделив дел од Кина и презема обврска во никаква форма да не воспоставува официјални односи со… Continue reading КИНЕСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

КИНОВИТИ

КИНОВИТИ .- монаси што живеат во манастирско братство. Првото монаштво на словенските простори било киновитско (општежително). Во Ⅹ в., охридскопреспанскиот регион станал вистински киновитски центар. Манастирските братства функционирале врз православнорелигиски претпоставки, со организација и дисциплина во вид на миниопштество. Монасите од овие братства се носители и фактори на духовниот и на интелектуалниот живот во манастирите… Continue reading КИНОВИТИ

КИНОПРИКАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

КИНОПРИКАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА. До крајот на Втората светска војна оваа дејност се одвивала преку патувачки, постојани и наменски кина. Првите филмски проекции се одржале во 1897 г. во Битола и во Скопје. Во почетокот проекциите се одржувале најчесто по кафеани. Првото постојано кино („Вардар”), сместено во барака, проработило во Скопје (1912). Најпознатите домашни патувачки… Continue reading КИНОПРИКАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

КИПРИЈАНОВА-РАДОВАНОВИЌ, Радмила

КИПРИЈАНОВА-РАДОВАНОВИЌ, Радмила (Скопје, 1941) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, ректор и политичар. Дипломирала на Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје (1964), а докторирала на Универзитетот во Загреб (1974). Имала повеќе студиски престои Радмила Кипријанова-Радовановиќ во Европа. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1965 г, а како редовен професор од 1986… Continue reading КИПРИЈАНОВА-РАДОВАНОВИЌ, Радмила

КИПРОВСКА, Катерина

КИПРОВСКА, Катерина (Скопје, 26. Ⅶ 1971) – балерина. Балетското образование го стекнува во МБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје (во класата на Е. Кушовска) и во Академијата за танц и музика во Пловдив. Има тримесечен престој во Националниот театар во Торонто (1993). Станува член на Балетот при МНТ во Скопје, како солист (1990), а потоа и… Continue reading КИПРОВСКА, Катерина

КИРИЈАС, Тиберие

КИРИЈАС, Тиберие (с. Трново, Битолско, 1908 – Љубњана, 1997) – научен работник од областа на сеизмологијата. Дипломирал на Техничкиот факултет во Бел-град (1934). Од мај 1963 г. е вонреден професор на Техничкиот факултет во Скопје, кога бил избран и за декан на овој факултет. Од 1965 г. е директор на Институтот за сеизмологија, земјотресно инженерство… Continue reading КИРИЈАС, Тиберие

КИРИЛ, митрополит

КИРИЛ, митрополит (с. Царев Двор, Преспанско, 23. Ⅵ 1934) – архијереј на Македонската правславна црква. Основно образование завршил во родното село, а Богословија во Призрен. Се замо-Кирил, митроплит полошкокумановски нашил во манастирот „Св. Пречиста” кај Кичево (1964), а потоа работел како службеник во Македонската архиепископија. Во 1965 г. се запишал на студии на Московската духовна… Continue reading КИРИЛ, митрополит

КИРИЛИЦА

КИРИЛИЦА – словенско писмо наречено во чест на св. Кирил, иако тој не ја има составено помладата кирилица, туку најстарото словенско писмо – глаголицата. Во најстариот период од словенската писменост (Ⅹ–XI в.) кирилицата се употребува паралелно со глаголицата. Се претполага дека официјално воведување на кирилицата е извршено на Црковнонародниот собор во Преслав во 893 г.… Continue reading КИРИЛИЦА

КИРЈАЗОВСКИ, Ристо

КИРЈАЗОВСКИ, Ристо (с. Чифлик, Костурско, 6. Ⅰ 1927 – Скопје, 2002) – историчар, научен советник во ИНИ во Скопје, специјалист за НОБ во Егејскиот дел на Македонија и за Граѓанската војна во Грција. Бил учесник во ЕЛАС и во ДАГ (февруари 1943 – август 1949) и член на КПМ (од август 1943). По поразот на… Continue reading КИРЈАЗОВСКИ, Ристо

КИРКОВ, Благој Ангелов

КИРКОВ, Благој Ангелов (Велес, 23. Ⅲ 1923 – Г. Оризари, Велешко, 9. Ⅰ 1943) – учесник во НОБ. Гимназијалец, организатор на младинското движење во Велешката гимназија, борец на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов” (од 1942), член на СКОЈ (од 1938), на гимназијалното раководство на СКОЈ (од 1941) и на МК на СКОЈ за Велес (од 1942).… Continue reading КИРКОВ, Благој Ангелов

КИРКОВ, Никола

КИРКОВ, Никола (Велес, 21. Ⅵ 1920 – Скопје, 19. XI 1993) – новинар и публицист. Учесник во НОБ од 1941 г. Во јуни 1943 г. како партиски инструктор во Одредот „Добри Даскалов”, уапсен во Велес под недоволно разјаснети околности, осуден на доживотна робија, но избегал од КПД „Идризово” на 28 август 1944 г. По Ослободувањето… Continue reading КИРКОВ, Никола

КИРКОВ, Панче

КИРКОВ, Панче (Велес, 1927 – 30. Ⅳ 2007) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и научник. Дипломирал на Технолошкиот факултет на Универзитетот во Загреб (1952). Докторирал во Загреб (1956). Имал повеќе студиски престои во многу земји во Европа и во САД. Еден е од основачите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, каде што работел… Continue reading КИРКОВ, Панче

КИРСАНОВА, Нина

КИРСАНОВА, Нина (Москва, 21. Ⅶ 1899 – Белград, 1989) – балерина, педагог и кореограф. Завршува кореографска и висока театарска школа во Москва, како и археологија на Филозофскиот факултет во Белград. Истакнат балетски уметник, учесничка во балетската група на Ана Павлова. Балерина и шеф на Балетот при Народното позориште во Белград (1934–1939). Од 1954 г. постојан… Continue reading КИРСАНОВА, Нина

КИСЕЛИНОВСКИ, Стојан

КИСЕЛИНОВСКИ, Стојан (с. Б’мбоки, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 10. Ⅰ 1943) – историчар, научен советник во ИНИ, истражувач на македонското минато од Егејскиот дел на Македонија во периодот меѓу двете светски војни. Во текот на Граѓанската војна во Грција, заедно со други деца, бил одведен во Романија (1948), каде што завршил основно образование во… Continue reading КИСЕЛИНОВСКИ, Стојан

КИСЕЛИНЧЕВ, Лазар

КИСЕЛИНЧЕВ, Лазар (с. Косинец, Костурско 20. Ⅰ 1874 – Софија, 18. Ⅻ 1946) – револуционер, учесник во Илинденското востание, костурски војвода. Се школувал во Атина. За ТМОРО пренесувал оружје од Грција во Костурско. Учествувал во Илинденското востание како војвода и член на Костурското горско началство. ЛИТ.: Х. Сил®нов, Освободителните борби на Македони®, Софи®, 1983, И,… Continue reading КИСЕЛИНЧЕВ, Лазар