КЕРАМИЧИЕВ, Димитар Костов

КЕРАМИЧИЕВ, Димитар Костов (с. Личишта, Костурско, 2. Ⅷ 1936 – Скопје, 25. Ⅴ 2008) – психолог, универзитетски професор. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1964). Работел како индустриски психолог во ОХИС каде што го формирал Одделението за хуманизација на трудот (единствено одделение на поранешните југословенски простори). Магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград (1979), а докторирал на Димитар Керамичиев Филозофскиот факултет во Скопје (1991), под менторство на д-р Љубиша Лазаревиќ, истакнат спортски психолог и професор на Белградскиот универзитет. Во 1981 г. се вработил на Факултетот за физичка култура каде што го предавал предметот психологија со психологија на спортот. БИБ.: Психологија во физичкото образование и спортот, 1999; Психологија на врвниот спорт, 2006 и др. ЛИТ.: Д. Керамичиев, Психологија на врвниот спорт, Скопје, 2006 (Белешка за авторот). В. Арн. Ружица Керамичиева