КИПРОВСКА, Катерина

КИПРОВСКА, Катерина (Скопје, 26. Ⅶ 1971) – балерина. Балетското образование го стекнува во МБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје (во класата на Е. Кушовска) и во Академијата за танц и музика во Пловдив. Има тримесечен престој во Националниот театар во Торонто (1993). Станува член на Балетот при МНТ во Скопје, како солист (1990), а потоа и негова првенка (1998). Директор на Балетот при МНТ (2005–2006). УЛО.: Флорет (К. Орф, „Кармина Бурана”), Одета (П. И. Чајковски, „Лебедово езеро”), Жизел (А. Адам, „Жизел”), Ноктурно (Ф. шопен, „шопенијада”) и др. Ем. Ⅹ. Тиберие Киријас