ЈАКОВ . (Камена Река, ден. Македонска Каменица, ⅩⅤⅠ в.) – прв македонски печатар. Потекнувал од свештеничко семејство. Во обновената печатница на Божидар Вуковиќ отпечатил часослов на црковнословенски јазик (1566), украсен со илустрации, знаменца и вињети. Еден добро зачуван примерок има и НУБ „Климент Охридски” во Скопје. ЛИТ.: Харалампие Поленаковиќ, Белешки за првиот Македонец-печатар Јаков од… Continue reading ЈАКОВ
Архиви: Енциклопедија
Description.
ЈАКОВЛЕВИЌ, Милош Авросиев
ЈАКОВЛЕВИЌ, Милош Авросиев (с. Галичник, 19. Ⅶ 1892 – Скопје, 26. Ⅶ 1963) – прв Македонец спец. по педијатрија, проф. на Мед. ф. во Сараево. Студирал на Мед. ф. во Бордо (Франција), каде што и докторирал (1920). По специјализацијата во Виена и во Лондон, го формирал и го раководел првиот ДД во Македонија при ХЗ… Continue reading ЈАКОВЛЕВИЌ, Милош Авросиев
ЈАКУПИ, Ахмет
ЈАКУПИ, Ахмет (Пеќ, Косово, 17. Ⅲ 1945) – режисер. Дипломирал на Високата педагошка школа во Приштина (1969) и на отсекот на Јаначковата академија во Брно, Чешка (1977). Работи во Македонската радиотелевизија (1980 –1984), а од 1984 г. и во Албанската драма на Театарот на народностите во Скопје. Се занимава и со режија на документарни филмови.… Continue reading ЈАКУПИ, Ахмет
ЈАНАКИЕВСКИ, Томе
ЈАНАКИЕВСКИ, Томе (Битола, 20. Ⅵ 1938 – Битола, 30. Ⅶ 2004) – археолог. Дипломирал археологија во Загреб. Од 1964 г. работел како кустос во античкото одделение на Заводот и Музеј Битола, а од 1968 до 1976 бил директор на Томе Јанакиевски оваа институција. Магистрирал (1975) и докторирал (1997) во Загреб. Од 1999 г. работел како… Continue reading ЈАНАКИЕВСКИ, Томе
ЈАНЕВ БРЛО, Иван
ЈАНЕВ – БРЛО, Иван . (с. Горни Балван, Штипско, 1877 – ќустендил, Бугарија, 28. Ⅷ 1925) – припадник на ТМОРО и на ВМРО, Штипски војвода. Во 1902 бил во четата на Е. Чучков, а од 1907 бил војвода во Штипско. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна во Бугарската армија. По војната, како војвода… Continue reading ЈАНЕВ БРЛО, Иван
ЈАНЕВ, Антон Лазов
ЈАНЕВ, Антон Лазов (Андон ќосето) (с. Голозинци, Велешко, 25. Ⅻ 1854 – Горна Џумаја/Благоевград, 10. Ⅹ 1953) – терзија, деец на ТМОРО/ВМОРО. Од 1896 г. бил борец во четите на М. Попето, Ј. Сандански, Х. Чернопеев и др., а потоа формирал своја чета. Учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј (1897) и на мисионерката Е. Стон… Continue reading ЈАНЕВ, Антон Лазов
ЈАНЕВ, Ратко
ЈАНЕВ, Ратко (Сандански, Бугарија, 30. Ⅴ 1939) – физичар, научен советник (1981) во Институтот за физика во Белград, член на МАНУ (1988). Дипломирал (1963) на Отсекот за техничка физика на ЕТФ во Белград. Магистрирал (1965) и докторирал (1968) на ПМФ во Белград со теми поврзани со атомски судири што претставуваат негова повеќедецениска преокупација. Специјализирал во… Continue reading ЈАНЕВ, Ратко
ЈАНЕВА, Билјана Љупчова
ЈАНЕВА, Билјана Љупчова (Бел-град, 2. Ⅶ 1950) – математичар, ред. проф. (2000) на ПМФ. Дипломирала (1973), избрана за асистент (1974) на ПМФ, магистрирала (1981) на ПМФ во Загреб, а докторирала (1989) на ПМФ во Скопје со темата „Некои класи полиадични полугрупи и групи”. Таа е автор или коавтор на повеќе научни трудови од областа на… Continue reading ЈАНЕВА, Билјана Љупчова
ЈАНЕВА, Драгослава
ЈАНЕВА, Драгослава (Куманово, 3. Ⅹ 1938) – керамичарка. Завршила Училиште за применета уметност во Скопје. Создава употребна и украсна керамика. Излагала самостојно (Куманово, Скопје) и на колективни изложби во земјата и во странство. Ал. Цв. Магдалена Јанева
ЈАНЕВА, Магдалена
ЈАНЕВА, Магдалена (Скопје, 12. XI 1934) – балерина. Балетското образование го стекнува во Балетското училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. Член е на Балетот во МНТ (1949–1956); првенка на Балетот на Народното позориште во Белград (1956-1973). Ј. се истакнува со чиста класична балетска техника и музикалност. Има одиграно повеќе главни… Continue reading ЈАНЕВА, Магдалена
ЈАНЕВСКИ, Живко
ЈАНЕВСКИ, Живко (Градско, 1. Ⅷ 1940 – Скопје, 15. Ⅲ 2000) – најистакнат македонски новински фоторепортер. Мајстор на фотографија на Југославија (1974), во наредната година во Берн, го добил највисокото меѓународно признание за уметничка фотографија ЕФИАП. Со фотографија почнал како член на белградските фото-клубови „Електромашинац” и „Београд” (1957 /1968), а професионално по враЖивко Јаневски ќањето… Continue reading ЈАНЕВСКИ, Живко
ЈАНЕВСКИ, Јордан
ЈАНЕВСКИ, Јордан (Скопје, 29. Ⅰ 1933 – Скопје, 15. IX 1999) – тонснимател и тонски монтажер. Се вработува (1950) во „Вардар филм”, каде што низ работата во филмовите стручно се оспособува за професијата тонски снимател. Во „Вардар филм” останува сè до своето пензионирање (1991). За македонската филм-ска продукција има реализирано повеќе од 130 кусометражни и… Continue reading ЈАНЕВСКИ, Јордан
ЈАНЕВСКИ, Светозар
ЈАНЕВСКИ, Светозар (Велес, 19. Ⅶ 1947) – технолог, бизнисменменаџер. По завршувањето на Технолошкиот факултет во Скопје (1976), се вработува во Пиварницата – Скопје (1976) и како директор на Секторот за истражување и развој, технички директор и генерален директор на фирмата ја проширува инвестиционата активност, го стандардизира производството, го подигнува квалитетот на производите и постигнува најдобри… Continue reading ЈАНЕВСКИ, Светозар
ЈАНЕВСКИ, Славко
ЈАНЕВСКИ, Славко (Скопје, 11. Ⅰ 1920 – Скопје, 30. Ⅰ 2000) – поет, раскажувач, романсиер, есеист, сценарист, сликар. Мошне рано почнал да се занимава со литература и сликарство. Учесник е во НОБ. Како припадник на Ⅲ македонска ударна бригада ги пишува стиховите Крвава низа, објавени веднаш по Ослободувањето. Од јануари 1945 г. ја уредува првата… Continue reading ЈАНЕВСКИ, Славко
ЈАНИЌИЕВИЌ, Лилјана
ЈАНИЌИЕВИЌ, Лилјана (Скопје, 28. IX 1938) – физичар, ред. проф. (1981) на ПМФ. Дипломирала (1961) на ПМФ, магистрирала (1965) во Блумингтон (Индијана) и докторирала (1973) на ПМФ во Скопје со теорија за дифракцијата на светлината од линеарна зонска мрежичка. Објавила повеќе од 100 статии, значителен дел од нив во странство, во врска со појавите на… Continue reading ЈАНИЌИЕВИЌ, Лилјана
ЈАНКОВ-МУЧЕТО, Благој Георгиев
ЈАНКОВ-МУЧЕТО, Благој Георгиев (Гонев) (Струмица, 3. Ⅵ 1911 – Струмица, 14. Ⅶ 1944) – шивачки работник, комунистички деец, народен херој. Завршил два класа гимназија, а потоа во Белград го изучил шивачкиот занает (1928) и бил особено активен во тамошното синдикално и комунистичко движење. Го раководел штрајкот на струмичките шивачки работници (12–15. Ⅹ 1936), по што… Continue reading ЈАНКОВ-МУЧЕТО, Благој Георгиев
ЈАНКОВИЌ, Љубица и Даница
ЈАНКОВИЌ, Љубица и Даница (Љубица – Алексинац, Србија, 14. Ⅳ 1894 – Белград, 3. Ⅴ 1974; Даница – Лешница, Србија, 7. Ⅴ 1898 – Бел-град, 18. Ⅳ 1960) – етномузиколози и етнокореолози. Заедничката собирачка работа на полето на фолклорот ја започнале во 1913 г. Први во тогашната држава се занимавале со собирање и со проучување… Continue reading ЈАНКОВИЌ, Љубица и Даница
ЈАНКОВИЌ, Никола
ЈАНКОВИЌ, Никола (Охрид, крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ – Србија, втората пол. на ⅩⅠⅩ) – иконописец. Соработувал со Михајло Константиновиќ од Битола на живописот во манастирот Троноша (1834) и на иконостасот во манастирот Чокешина. Работел во манастирот „Сретение” во Каблар со сликарот Живко Павловиќ (1844). Самостојно сликал во манастирот Чибутковица (1848), во манастирот Арилје (1849), Враниќ (1850),… Continue reading ЈАНКОВИЌ, Никола
ЈАНКОВИЧ, Јефрем
ЈАНКОВИЧ, Јефрем (Јефтимије) – Тетоец (Тетово, 60-тите г. на ⅩⅤⅠⅠ в. – Русија, 1718) – митрополит. Во 1690 г. со бегалското население предводено од патријархот Арсение Ⅲ Црноевиќ емигрирал на австриска територија. Од 1695 до 1703 г. епископувал во Мохачко-сигетско-печујската епархија. Бил против прифаќањето на унијатството и дошол во судир со месните духовни лица. Отишол… Continue reading ЈАНКОВИЧ, Јефрем
ЈАНКУЛА ВОЈВОДА
ЈАНКУЛА ВОЈВОДА (Бан) – јунакот во епската народна поезија е историската личност Јан Хуњади (Ерделје, 1387 – Земун, 1456). Се истакнал во борбите против Турците, по што народот го запомнил и го опеал, иако песните за него содржат многу малку историски факти. За своите заслуги во борбите (1438–1439) станува северински бан, а се прославува и… Continue reading ЈАНКУЛА ВОЈВОДА
ЈАНКУЛОВСКА, Евдокија Ѓорѓиева
ЈАНКУЛОВСКА, Евдокија Ѓорѓиева (Крушево, 28. Ⅰ 1954) – спец. по стоматолошка протетика, редовен проф. на Ст. ф. Магистрирала во 1990 г., докторирала во 1991. Публикувала 50 статии и ав-тор е на учебниците Анатомија и морфологија на вилиците и забите и Тотална протеза – претклиника. Е. М.
ЈАНЧЕВСКА-НИКОЛОВСКА, Мирослава Димитрова
ЈАНЧЕВСКА-НИКОЛОВСКА, Мирослава Димитрова (Куманово, 31. Ⅷ 1928) – редовен професор (1979) на ПМФ (Институт за хемија). Докторирала (1953) на ПМФ во Скопје. Била еден од првите асистенти на Катедрата за хемија. За редовен професор е избрана во 1979 г. На додипломските и постдипломските студии по хемија одржувала настава по неколку предмети од областа на органската… Continue reading ЈАНЧЕВСКА-НИКОЛОВСКА, Мирослава Димитрова
ЈАНЧЕВСКИ, Ѓорѓи
ЈАНЧЕВСКИ, Ѓорѓи (Скопје, 27. IX 1950) – економист, банкар. Го завршил Економскиот факултет во Скопје (1969–1973), а се усовршувал првин преку АИЕСЕЦ во Дан-ска (Есбјерг, 1972), потоа во Велика Британија (Единбург, 1873); бил на студиски престој во САД за усовршување на менаџментот (Њујорк, 1992), на семинар во Дрезднер банка во Германија (1994) и студиски престој… Continue reading ЈАНЧЕВСКИ, Ѓорѓи
ЈАПАНЏАК
ЈАПАНЏАК -. горна облека што се носела зиме, наместо гуња. Бил изработуван од клашна, со едноставен крој. Должината му била до колената, а ракавите кратки до лактите. Имал и голема јака, која по потреба се користела како ќулавка. Бил без украси и гајтани. Најчесто се носел нагрнат, прикачен однапред на градите. Ј. Р. – П.