ЈАКОВ

ЈАКОВ . (Камена Река, ден. Македонска Каменица, ⅩⅤⅠ в.) – прв македонски печатар. Потекнувал од свештеничко семејство. Во обновената печатница на Божидар Вуковиќ отпечатил часослов на црковнословенски јазик (1566), украсен со илустрации, знаменца и вињети. Еден добро зачуван примерок има и НУБ „Климент Охридски” во Скопје. ЛИТ.: Харалампие Поленаковиќ, Белешки за првиот Македонец-печатар Јаков од Камена Река, „Нова Македонија”, Скопје, 1, 2 и 3 мај 1957 (Избрани дела, трето дополнето издание, 6, Скопје, 2007, 14-16); Михаило Георгиевски, Македонската печатарска дејност (1915-1913), Скопје, 1972, 30–31. С. Мл.