ЈАНКОВИЌ, Никола

ЈАНКОВИЌ, Никола (Охрид, крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ – Србија, втората пол. на ⅩⅠⅩ) – иконописец. Соработувал со Михајло Константиновиќ од Битола на живописот во манастирот Троноша (1834) и на иконостасот во манастирот Чокешина. Работел во манастирот „Сретение” во Каблар со сликарот Живко Павловиќ (1844). Самостојно сликал во манастирот Чибутковица (1848), во манастирот Арилје (1849), Враниќ (1850), Богатиќ (1854-1856) и на други места. ЛИТ.: Б. ВујовиÊ, Уметност обновљене Србије 1791-1848, Београд, 1986, 258-259. Ј. Ч.-Ф.