ШИЛО

„ШИЛО“ (Прилеп, почетокот на 1905) – хектографски весник, орган на Прилепската организација на ТМОРО, со мото „Македонија на Македонците“. Го издавале учителите Ѓорѓи Ганев, Петар Мрмев, Палисламов и Тодор Поп-Адамов, на чело со Јордан Ангелов. Имал за цел да ги пропагира определбите на ТМОРО да се бори против пројавената корупција и неморал, како и против… Continue reading ШИЛО

ШИНДИЛОВ, Стефан Костадинов

ШИНДИЛОВ, Стефан Костадинов (с. Зрзе, Прилепско, ? – месност Пештерите, кај с. Тројаци, Прилепско, 8. Ⅳ 1907) – прилепски полски војвода. За него се знае дека со целата негова чета херојски загинале во битката со аскерот и башибозукот во близина на с. Тројаци, Прилепско. ИЗВ. и ЛИТ.: НБКМ- БИА, Ф. 583, а.е. 67, лл. 230–248;… Continue reading ШИНДИЛОВ, Стефан Костадинов

ШИНДИЛОВСКИ, Богдан

ШИНДИЛОВСКИ, Богдан (Прилеп, 27. И 1918 – Скопје, 13. Ⅷ 2003) – композитор и музички педагог. УШТЕ како гимназијалец диригира со училишниот хор. По школувањето ги формира Градскиот мешан хор, Гимназискиот и Пионерскиот хор во Прилеп. Го основал и Музичкото училиште во Прилеп (1949). Подоцна компонирал, главно хорска музика (триесетина композиции) и музика за мандолински… Continue reading ШИНДИЛОВСКИ, Богдан

ШИРИЛОВ, Петар

ШИРИЛОВ, Петар (Горничево, Егејска Македонија, 18. Ⅴ 1934 Скопје, 5. Ⅸ 1988) – раскажувач, романсиер, литературен критичар, публицист. Завршил средно земјоделско училиште. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел во Радио Скопје, потоа бил уредник во весникот „Трудбеник“. Член на ДПМ од 1964 год. „И покрај тоа што критиката не му беше особено наклонета, П.… Continue reading ШИРИЛОВ, Петар

ШИРИЛОВ, Ташко

ШИРИЛОВ, Ташко (Горничево, Леринско, 20. Ⅷ 1938) – раскажувач, романсиер, литературен критичар, поет, преведувач од француски (В. Иго, Стендал, А. Дима, Мопасан, Жил Верн, Сен-Џон Перс и др.). Завршил Филолошки факултет (француски јазик и книжевност) во Скопје. Работел како новинар во весникот „Вечер“, а сега е вработен во Друштвото на лит. преведувачи на Македонија и… Continue reading ШИРИЛОВ, Ташко

ШИШЕВСКА КЛИСУРА

ШИШЕВСКА КЛИСУРА (ГОЛЕМА КЛИСУРА) – се протега од с. Девич до с. шишево во долината на река Треска, во должина од 66,2 км. По должината е втора клисура во РМ. Клисурата е предиспонирана со раседни линии и всечена е помеѓу планините: Добра Вода, Сува Гора и Осој од левата и Даутица, Караџица, Сува Планина и… Continue reading ШИШЕВСКА КЛИСУРА

ШИШКОВ, Ристо

ШИШКОВ, Ристо (с. Мрсна, Демирхисарско, Егејскиот дел на Македонија, 23. Ⅲ 1940 – Скопје, 17. Ⅵ 1986) – актер. Дипломирал актерска игра на Академијата за театарски уметности во Белград (1963). Настапува на сцената на Југословенско драмско позориште во Белград (1961-1964). Потоа бил член на Драмата на МНТ (1964–1968). Еден од најголемите и најекспонирани актери. Носител… Continue reading ШИШКОВ, Ристо

ШКАРИЌ, Светомир

ШКАРИЌ, Светомир (Дојран, 1. И 1941) – правник, унив. професор. Основно образование завршил во Дојран и Гевгелија, а гимназија во Струмица (1960). Бил победник на првите два натпревара во ораторство на Скопскиот универзитет (1961 и 1962), учесник на четири младински работни акции на автопатот „Братство и единство“ (1958, 1959, 1962 и 1963) и на студентската… Continue reading ШКАРИЌ, Светомир

ШКАРТОВ, Георги Димитров

ШКАРТОВ, Георги Димитров – Ѓакон Евстатиј (с. Нестрам-Кол, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1873 – Софија, 20. Ⅲ 1934) – ѓакон и национален деец. Бил служител во Хилендарскиот манастир (од 1888), а потоа ја завршил Духовната семинарија во Цариград и како ѓакон Евстатиј бил во Пловдив, Солун, Софија и Букурешт, по што пристигнал во Битолско… Continue reading ШКАРТОВ, Георги Димитров

ШКАРТОВ, Мишо

ШКАРТОВ, Мишо (Кавадарци, 1. Ⅱ 1884 – Софија, 25. Ⅵ 1936) – учесник во македонското револуционерно движење, член на ВМРО на Тодор Александров. Завршил гимназија во Солун. Во 1904 г. бил секретар на Тиквешката чета на Д. Даскалов, потоа во четите на Х. Чернопеев и на Ј. Сандански, еден од основачите на НФП. Учествувал во… Continue reading ШКАРТОВ, Мишо

ШКОКЛЕВ, Антоние

ШКОКЛЕВ, Антоние (с. Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 24. Ⅸ 1923) – максилофацијален хирург, редовен професор на ВМА, генерал на ЈНА (во пензија). Учесник во НОБ (до 1945), кога и се демобилизирал како санитетски референт на бригада. Студиите по општа медицина ги продолжил во Белград, каде што и дипломирал (1950), положил специјалистички испит по… Continue reading ШКОКЛЕВ, Антоние

ШКОКЛЕВСКИ, Живко

ШКОКЛЕВСКИ, Живко (Д’мбени, Костурско, 2. Ⅶ 1937 – Скопје, 5. И 2004) –град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1989 до пензионирањето во 1998 г.) по предметите ХидЖивко шкоклевски раулика, Хидрологија и Речна хидротехника. Дипломирал во Прага (1960), докторирал во Скопје (1983). Учествувал во регулацијата на повеќе наши реки. Напишал учебник „Регулација… Continue reading ШКОКЛЕВСКИ, Живко

ШКОЛИ НА ЕКОНОМСКАТА МИСЛА

ШКОЛИ НА ЕКОНОМСКАТА МИСЛА. Економските мислители настојуваат преку разгледување, размислување, логичко воопштување и толкување да го спознаат економскиот живот. Тие даваат дијагноза на состојбите, ги откриваат развојните законитости и тенденции, предлагаат промени на состојбите во економскиот живот во позитивна насока и сл. Од нивните настојувања за изучување на економскиот живот се формирани бројни школи на… Continue reading ШКОЛИ НА ЕКОНОМСКАТА МИСЛА

ШКОЛКИ

ШКОЛКИ (Бивалвиа) – мекотели со черупка составена од два дела (капачиња), кои го покриваат и заштитуваат телото. Капаците се соединети со мускулест затворач. Името го добиле од лат. валвае = двокрилна врата. Тие се исклучиво акватични животни, живеат претежно во морските води, но ги има и во копнените. Познати се преку 20.000 видови, од кои… Continue reading ШКОЛКИ

ШКОЛСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ШКОЛСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА – заедничко име за сите документи од значење за животот и за работата на училиштата. Ги опфаќа: актите за основање (одлуки, одобренија, елаборати и сл.); нормативно-правните документи (статут, правилници); одлуки, решенија и други документи и материјали од работата на управно-раководните и стручните органи и тела на училиштето, од материјално-финансиското работење на училиштето и… Continue reading ШКОЛСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ШКОЛСКА ПЕДАГОГИЈА

ШКОЛСКА ПЕДАГОГИЈА“ – прв учебник по педагогија, напишан од македонски автор, познатиот учител Јосиф Ковачев од Штип, со поднаслов: Методичко раководство за учителите и управителите на народните школи. Отпечатен е во Солун (1873), а како издавач се јавува книжарницата на Д. В. Манчев. Делото опфаќа широк спектар прашања од општопедагошка (цел на воспитанието, умствено, морално,… Continue reading ШКОЛСКА ПЕДАГОГИЈА

ШКОЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

ШКОЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА – општ назив за вкупноста на училишни установи за основно, за средно и за високо образование, кои се меѓусебно поврзани и претставуваат целина. Овој термин с“ поретко се употребува во стручнонаучната литература, но и во говорната култура (се заменува со терминот образование, образовен систем). школството (школскиот систем) во Македонија го сочинуваат следниве… Continue reading ШКОЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

ШЛЕМ

ШЛЕМ – ТИП БАЛДЕНХЕИМ (од Хераклеја) – откриен во 1966 г. меѓу урнатините на Јужниот анекс Ⅲ од Големата базилика. Декорацијата на бакарната (позлатена) челна лента го прави овој примерок единствен меѓу триесетината досега откриени шлемови од овој тип. шест печати, инспирирани од нумизматички предлошки, се втиснати така што пренесуваат одредена симболична порака. Изгледот на… Continue reading ШЛЕМ

ШОЈЛЕВСКА, Сања

ШОЈЛЕВСКА, Сања (Скопје, 26. Ⅵ 1964) – пијанист и музиколог. Дипломирала на ФМУ во Скопје (1987), каде што и магистрирала (1991). Докторирала во Нови Сад (2000), каде што работела како наставник на Уметничката академија (1989-1995). Од 1993 г. живее и работи во Лос Анџелес, САД. Автор е на монографија за истакнатиот американски композитор на филмска… Continue reading ШОЈЛЕВСКА, Сања

ШОЈЛЕВСКИ, Драган

ШОЈЛЕВСКИ, Драган (Нови Сад, 1924) – агроном, истакнат научник, истражувач, педагог и основоположник на современата пејзажна уметност и архитектура во РМ. Основно и средно образование завршил во Скопје, а дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Загреб (1952). Докторската теза ја одбранил во Загреб (1982). Работел на просторното, урбанистичкото и пејзажното планирање. Има подготвено над 500 елаборати… Continue reading ШОЈЛЕВСКИ, Драган

ШОПОВ, Ацо

ШОПОВ, Ацо (Штип, 20. ⅩⅠⅠ 1923 – Скопје, 20. Ⅳ 1982) – борец, поет и преведувач, есеист, прв уредник на „Млад борец“, уредник на повеќе литературни списанија во Македонија, амбасадор во Сенегал (1972–1976), претседател на поранешниот Сојуз на литературните преведувачи на Југославија. Член на Македонскиот ПЕН-центар, како и на ДПМ и тоа од неговото основање… Continue reading ШОПОВ, Ацо

ШОПОВ, Владимир

ШОПОВ, Владимир (Белград, 16. ⅩⅠⅠ 1948 – Скопје, 23. Ⅳ 2000) – поет, автор за деца, раскажувач. Завршил Правен факултет во Скопје. Работел во Владата на РМ. ДЕЛ: стихозбирки: Луцидна интервала, Ск., 1970; Од век на век се така со лева нога со десна рака, Ск., 1973; Фату, Ск., 1976; Заратруста во Делфи, Ск., 1978;… Continue reading ШОПОВ, Владимир

ШОПОВ, Томислав

ШОПОВ, Томислав (Струмица, 3. Ⅺ 1939) – диригент. Дипломирал диригирање на Музичката академија во Љубљана (проф. Д. швара), а специјализирал во Италија. Од 1970 до 2005 г. работи како диригент во Операта и Балетот на Македонскиот народен театар. Во меѓувреме (1985–1989) работи во неколку оперски театри во Турција (Истанбул, Анкара, Измир). Поставил и диригирал на… Continue reading ШОПОВ, Томислав