ТАХИР, Алаетин (Алаеттин Тахир) (Скопје, 23. Ⅳ 1949 – Скопје, 29. И 2004) – раскажувач, книжевен критичар, новинар, преведувач, припадник на турската националност од РМ. Бил уредник на културната рубрика на весникот „Бирлик“, новинар на турските емисии во МТВ – Скопје, дописник на весникот „Тан“ од Приштина. Член на ДПМ од 1992 г. ДЕЛ: Апартман… Continue reading ТАХИР, Алаетин
Tag: Т
ТАХИР, ќамуран
ТАХИР, ќамуран (Скопје, 17. И 1925) – борец, новинар и политички деец. Ја завршил гимназијата во Велес и подоцна Вишата политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ и Високата школа за политички науки во Белград. Како гимназијалец бил член на СКОЈ (од 1941), член на МК на СКОЈ во Велес, учесник во НОБ (1941), како борец и заменик… Continue reading ТАХИР, ќамуран
ТАХОВ, Наум
ТАХОВ, Наум (Крушево, 1867 – Софија, 1930) – слеп народен пејач, собирач на народни умотворби и автор на песни. Во Софија го отпечатил својот зборник со македонски народни песни (1895). Десетина песни му отстапил Марко Цепенков. Објавени се и 40 влашки песни. Голем број од песните се однесуваат за личности од ослободителното движење од овој… Continue reading ТАХОВ, Наум
ТАЧИ, Хамид
ТАЧИ, Хамид (с. Ваксинце, Кумановско, 1924) – борец и политичар. Се школувал во Великата медреса во Скопје (1936–1941), а потоа завршил гимназија во Приштина. Поради политички прогон бил принуден да го прекине школувањето и се приклучил на НОБ (од првата половина на 1943) како борец, политички комесар на чета, на баталјон и на бригада; демобилизиран… Continue reading ТАЧИ, Хамид
ТАЏЕР, Исак
ТАЏЕР, Исак (Софија, Бугарија 24. ⅩⅠⅠ 1916 – Скопје, 17. Ⅺ 2005) – спец. интернист, патофизиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1967), академик. По студиите на Мед. ф. во Виена Исак Таџер (1935–1939) завршува во 1941 г. на Мед. ф. во Софија. Во 1942 г. стажира, а потоа е интерниран во логор,… Continue reading ТАЏЕР, Исак
ТАША
ТАША – албанска организација (1943–1944), формирана од Германците за етничко чистење на окупираниот западен дел на Македонија (со масовен терор и протерување на Македонците). Учествувала во грабежите по селата и во борбените акции против македонските партизански единици. Се расформирала во ноември 1944 г. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска… Continue reading ТАША
ТАШЕВА, Марија
ТАШЕВА, Марија (Радовиш, 24. ⅩⅠⅠ 1940) – универзитетски професор, социолог. Основно образование завршила во родното место, а средно во Штип. Завршила Стоматолошки (1964) и Филозофски факултет (1971) во Скопје. Докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема „Концептот на општествената промена и развој во современиот функционализам“ (1991). Асистент на Институтутот за социолошки и политичко-правни истражувања… Continue reading ТАШЕВА, Марија
ТАШКОВ, Љубомир
ТАШКОВ, Љубомир (Струмица, 2. Ⅳ 1949) – дипл. град. инж., редовен професор од областа на сеизмологијата. Основно училиште завршил во Скопје, а средно во ГУЦ „Здравко Цветковски“, како архитектонски техничар. Градежен факултет (Конструктивна насока) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ завршил во 1974 г. како најдобар студент на генерацијата. Магистрирал во ИЗИИС (1980), каде што… Continue reading ТАШКОВ, Љубомир
ТАШКОВСКИ, Братислав
ТАШКОВСКИ, Братислав (Скопје, 1960) – поет, раскажувач, публицист, новинар, редактор на „Македонско дело“ и на литературниот месечник „АКТ“ и „Форум плус“. Студирал новинарство на Скопскиот универзитет „Кирил и Методиј“. Бил претседател на Советот на меѓународната поетска манифестација Струшки ве-Братислав Ташковски чери на поезијата. Објавил повеќе поетски книги. БИБ.: Прсти во облаците (1987), Бикови во мојот… Continue reading ТАШКОВСКИ, Братислав
ТАШКОВСКИ, Васко
ТАШКОВСКИ, Васко (с. Нижеполе, Битолско, 31. Ⅷ 1937) & академски сликар, академик. Го завршил Средното уметничко училиште во Скопје (1958), а потоа дипломирал на Академијата за применета уметност во Бел-град (1964). Подолго време работел како сценограф во Македонската телевизија (1965&1991), со над 300 реализирани сценографии. Избран е за дописен (21. Ⅳ 1994), а потоа и… Continue reading ТАШКОВСКИ, Васко
ТАШКОВСКИ, Драган
ТАШКОВСКИ, Драган (Скопје, 10. Ⅸ 1917 – Хвар, септември 1980) – историчар и публицист. Основно и средно образование завршил во Скопје, а дипломирал и магистрирал на Високата школа за политички науки во Белград. Одбранил хабилитационен труд под наслов „Кон етногенезата на македонскиот народ“ (Скопје, 12. Ⅳ 1975) и бил избран во звањето виш научен соработник.… Continue reading ТАШКОВСКИ, Драган
ТАШЌОПРУЛУ Заде
ТАШЌОПРУЛУ Заде (Ахмед Исамудин-ефенди), (?, 1585 – Скопје, 1649) – познат османлиски биограф – енциклопедист. Во 1529 г. бил назначен за професор во Исхакбеговата медреса во Скопје, каде што повеќе години бил кадија и ги напишал делата Тарихи кебир и шакаик. ЛИТ.: Евлија Целеби, Путопис. Одломци о југословенским землјама. Превео, увод и коментар Хазим шабановиќ,… Continue reading ТАШЌОПРУЛУ Заде
ТВРДОКРИЛЦИ
ТВРДОКРИЛЦИ (Цолеоптера)– инсекти со два пара крилја. Предниот пар крилја е хитинизиран и претворен во тврди покрилја (елѕтрае), по што и го добиле името. Редот е претставен со најголем број видови меѓу инсектите, опфаќа преку 300.000 видови со различна големина од 0,4 до 160 мм. Тврдокрилец тркач Повеќето од нив се штетници во стопанството, но… Continue reading ТВРДОКРИЛЦИ
ТЕАРЦЕ
ТЕАРЦЕ – село во Тетовско. Се наоѓа во Долни Полог на преодот помеѓу подножјето на шар Пла-Новата црква „Св. Димитриј“ во Теарце нина и Полошката Рамнина, од двете страни на р. Теаречка Бистрица, на надморска височина од околу 540 м. Преку регионален пат е поврзано со Тетово на запад и граничниот премин Јажинце на североисток.… Continue reading ТЕАРЦЕ
ТЕАТРИ ВО МАКЕДОНИЈА
ТЕАТРИ ВО МАКЕДОНИЈА. Во седум града во Република Македонијапостојат 12 театри: Македонски народен теа-тар – Драма, Национална институција Македонска опера и Ба-лет; Драмски театар; Турски теа-тар; Албански театар; Театар за деца и младинци (сите во Скопје); Народен театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп; Народен теа-тар „Антон Панов“ во Струмица; Народен театар во Штип; Народен театар во… Continue reading ТЕАТРИ ВО МАКЕДОНИЈА
ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА
ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА – една од најзастапените индустрии за производство и преработка на текстилни материјали во РМ. Има значајна улога во развојот на македонското стопанство во последните педесетина години. Во СФРЈ Македонија била регион за развој на текстилниот сектор, со капацитети наменети за југословенскиот пазар и пошироко. Транзицискиот период донесе проблеми поради затворањето на големите компании… Continue reading ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА
ТЕЛЕГРАФСКА АГЕНЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ТЕЛЕГРАФСКА АГЕНЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА (ТАМ) (5. Ⅸ 1944 – 1945) – агенција за информирање на ДФ Македонија. Била формирана со одлука на Третата седница на Президиумот на АСНОМ во ман. „Св. Прохор Пчињски“ (2–5. Ⅸ 1944). Тоа е прва македонска национална информативна агенција во историјата. Одиграла значајна улога во афирмирањето на придобивките од НОАВМ. Подоцна… Continue reading ТЕЛЕГРАФСКА АГЕНЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ТЕМЕЛКОВСКИ, Петар
ТЕМЕЛКОВСКИ, Петар (Богомила, 25. Ⅺ 1946) – актер. Дипломирал актерска игра на Театарската академија во Софија. Бил член на Драмата на МНТ (1972–1975), а од 1975 г. е во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал и на филм и ТВ, како и на други тетарски сцени во земјава и странство. УЛОГ: Трајан („Македонски состојби“), Едип („Цар… Continue reading ТЕМЕЛКОВСКИ, Петар
ТЕМЕЛКОСКИ-ВОЈВОДАТА, Дончо
ТЕМЕЛКОСКИ-ВОЈВОДАТА, Дончо (с. Никодин, Прилепско, 10. Ⅱ 1916 – Прилеп, 24. И 1990) – првоборец. Неговата куќа била сврталиште на илегалците од НОАВМ – курирски врски, засолнување на болни и ранети. Носител е на Партизанска споменица 1941. ЛИТ.: Јордан Тодороски-шемко, Некои од формите на илегалната активност на Прилепската партиска организација во периодот 1941-1942 година, Прилеп… Continue reading ТЕМЕЛКОСКИ-ВОЈВОДАТА, Дончо
ТЕМЕЛКОСКИ, Борко Јорданов
ТЕМЕЛКОСКИ, Борко Јорданов (псевд. Лилјакот) (Прилеп, 20. ⅩⅠⅠ 1919 – Скопје, 21. Ⅺ 2001) – партиски и воен раководител и државник. Во 1939 г. бил член на КПЈ и секретар на Месниот комитет на КПЈ. По окупацијата бил еден од организаторите и раковоБорко Темелкоски дителите на НОБ во Македонија. Во 1943 г. бил секретар на… Continue reading ТЕМЕЛКОСКИ, Борко Јорданов
ТЕМЕН
ТЕМЕН (Теменос) – митски предок на македонските кралеви од династијата на Аргеадите, син на Аристомах или Клеодај, потомок на Херакле. Според претскажувањето на делфиското пророчиште, нему и на брат му Кресфонт им би-ло судено да ги вратат Хераклеидите на Пелопонез и да ја освојат оваа област. Подоцна, при поделбата на власта, на Темен му припаднал… Continue reading ТЕМЕН
ТЕМЈАНУШКА, БОРНМИЛЕРОВА
ТЕМЈАНУШКА, БОРНМИЛЕРОВА (Виола борнмуеллери Ербен) – локален ендемит во флората на Република Македонијаод фамилијата темјанушки (Виолацеае), ограничено распространет на планините Јакупица, Караџица, Китка и Скопска Црна Гора. Опишана од М. Ербен (1985), а името на видот е посветено на Ј. Борнмилер (Ј. Борнмüллер), одличен познавач на флората на Македонија. Вл. М.
ТЕМЈАНУШКА, ГОСТИВАРСКА шВиола гостиваренсис
ТЕМЈАНУШКА, ГОСТИВАРСКА шВиола гостиваренсис (Њ. Бецкер & Борнм.) Борнм.ќ – локален ендемит во флората на Република Македонијаод фамилијата темјанушки (Виолацеае), познат само за околината на Маврово и во планините Кожа и Бистра. Вл. М.
ТЕМЈАНУШКА, КОШАНИНОВА
ТЕМЈАНУШКА, КОШАНИНОВА (Виола косанинии (Деген) Хаѕек) – јужнобалкански ендемит од фамилијата темјанушки (Виолацеае), откриен и опишан од територијата на Македонија, а е присутен и во Албанија и во Грција. Вл. М. ТЕМЈАНУШКА, КРУШЕВСКА