ТАНЧЕВ, Костадин (Динка) (Валандово, 7. Ⅷ 1940) & графичар, сликар, дизајнер, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, основоположник на современиот графички дизајн во РМ. Дипломирал на Академијата за применети уметности во Белград (1967). Како графичар остварува геометризирана визуелна структура, а како сликар создава во духот на поетскиот реализам. Излагал самостојно во Скопје и… Continue reading ТАНЧЕВ, Костадин
Tag: Т
ТАНЧЕВ, Љубомир
ТАНЧЕВ, Љубомир (Прилеп, 9. Ⅶ 1945) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1992) по предметите Брани и Хидротехнички објекти. Завршил постдипломски студии во Делфт, Холандија (1978/1979), докторирал во Скопје (1988). Учествувал во повеќе проекти од хидротехниката. Објавил преку триесет научни труда и четири книги од кои најзначајна е „Брани и… Continue reading ТАНЧЕВ, Љубомир
ТАНЧЕВ, поп Стамен
ТАНЧЕВ, поп Стамен (с. Бугариево, Солунско, 1857 – Солун,5.Ⅹ 1904) – свештеник, припадник на ТМОРО. Бил на служба во Егзархиската црква „Св. Димитрија“ во Солун и претседател на Солунската црковно-училишна општина, член на МРО (1894). Во врска со Солунската афера (1901) бил затворен во Подрум Кале. По амнестијата (1902) ги продолжил револуционерната и црковната дејност.… Continue reading ТАНЧЕВ, поп Стамен
ТАОРСКА КЛИСУРА
ТАОРСКА КЛИСУРА – се протега помеѓу селата Таор и Башино Село во должина од 31 км, во долината на реката Вардар. Всечена е помеѓу источните клонови на планината Јакупица од западната и Градишката Планина од источната страна. Клисурата е тектонски предиспонирана и е со високи и стрмни долински страни, кои на некои места, како кај… Continue reading ТАОРСКА КЛИСУРА
ТАПАН
ТАПАН – мембранофон музички народен инструмент. Во Македонија се практикува во две големини – голем и мал, кои имаат ист облик и се изработуваат од ист материјал. Најпрвин се прави празен дрвен валјак (луб) од ореово или од костеново дрво. На секоја од неговите отворени страни е распната кожа од коза или од овца, која… Continue reading ТАПАН
ТАПЕТАРСКО ПРОИЗВОДСТВО
ТАПЕТАРСКО ПРОИЗВОДСТВО – посебен сегмент од дрвно-индустриското производство на тапациран мебел. Во тапацираниот мебел влегуваат: мебелот за седење и мебелот за седење и лежење. Тапацираниот мебел го сочинуваат: фотелја (едносед), аголен едносед, двосед, тросед, табуретка и тросед со вграден механизам за трансформација во кревет. При конструирањето на тапацираниот мебел се води сметка за формата, што… Continue reading ТАПЕТАРСКО ПРОИЗВОДСТВО
ТАПИСЕРИЈА
ТАПИСЕРИЈА (фр. таписсерие – ткаеница) – текстилна уметност за создавање декоративни покривки за ѕидови и подови, за делови на мебел или како независно уметничко дело. Таписеријата се ткае рачно, на разбој, најчесто со природни предива, волна, лен, памук, свила. Најпознат центар за таписерии бил градот Арас во Франција. Во Република Македонијапрвите таписерии ги создаваат Л.… Continue reading ТАПИСЕРИЈА
ТАРАБУКА
ТАРАБУКА – мембранофон музички народен инструмент од ориентално потекло. Има облик на конусна вазна, а изработена е од глина во должина од 200 до 400 мм. Нејзиниот поголем кружен отвор е затворен со распната кожа од јагне или јаре, а во поново време со кожа од пластика. Помалиот кружен отвор не е Тарабука затворен. Се… Continue reading ТАРАБУКА
ТАРАНЕШ
ТАРАНЕШ (Дебарско) – археолошки локалитет од доцноантичко време, каде што во 1982 г. е откриен гроб – тип циста. Граден е од монолитни плочи, меѓусебно поврзани, залиени со олово и покриени со плочи од архитектонски објекти во секундарна употреба. Во него се откриени: сребрена позлатена чинија со ликот на Лициниј Ⅱ, сребрен ѓум – кана,… Continue reading ТАРАНЕШ
ТАРАПУЗА, Стојан
ТАРАПУЗА, Стојан (Злетово, 29. ⅩⅠⅠ 1933) – поет, писател за деца. Завршил Виша педагошка академија во Скопје. Бил новинар и уредник во „Детска радост“, во Книгоиздателството „Наша книга“ и во Радио Скопје. Дебитирал со поезија за возрасни, а потоа целосно $ се посветил на литературата за млади. ДЕЛ: стихозбирки: Црвено растење, Ск., 1961; Во каменот… Continue reading ТАРАПУЗА, Стојан
ТАРНИК-МИТРЕВА, Љерка Звонимирова
ТАРНИК-МИТРЕВА, Љерка Звонимирова (Карловац, Хрватска, 8. Ⅴ 1926 – Скопје, 30. Ⅶ 2007) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1972), вработена на Нервната клиника (1959–1987). Мед. ф. завршила во Загреб (1953), специјалистички испит (1958) и хабилитирала (1971) во областа на психијатријата. Има посебен придонес во областа на суицидологијата и психотерапијата. Раководител на… Continue reading ТАРНИК-МИТРЕВА, Љерка Звонимирова
ТАРОНИТ, АШОТ
ТАРОНИТ, АШОТ (Џ – Ⅺ в.) – византиски благородник, војсководец, син на солунскиот дукс Григориј Таронит, зет на царот Самуил. Бил заробен од Самуил (995), се оженил за неговата ќерка Мирослава (996/7) и бил поставен за намесник на Драч. Му се предал на Василиј Ⅱ, ја добил титулата магистер, а жена му зости. ЛИТ.: Иоаннис… Continue reading ТАРОНИТ, АШОТ
ТАРОНИТ, Григориј
ТАРОНИТ, Григориј (Х в.) – византиски благородник и војсководец, магистер, дукс на Солун. За да ги спречи нападите на Самуил, Василиј Ⅱ го поставил за намесник на Солун во ранг на дукс (991). Загинал во обидот да го ослободи заробениот син АШОТ (995). ЛИТ.: Иоаннис Сцѕлитзае Сѕнопсис Хисториарум, рец. И. Тхурн, Берлин, 1973. К. Аџ.… Continue reading ТАРОНИТ, Григориј
ТАРЧУЛОВСКИ, Јохан
ТАРЧУЛОВСКИ, Јохан (Скопје, 17.Ⅺ 1974) – инспектор за придружба во Службата за обезбедување на претседателот на Република МакедонијаБорис Трајковски во војната во Република Македонијаво 2001 г., обвинет од обвинителството на Хашкиот трибунал за повреди на законите и обичаите на војувањето на 12. Ⅷ 2001 г. во с. Љуботен (член 7/1 од Статутот на Трибуналот, за… Continue reading ТАРЧУЛОВСКИ, Јохан
ТАСЕВА, Слаѓана
ТАСЕВА, Слаѓана (Скопје, 31. Ⅴ 1969) – правник, унив. рофесор. Професор и директор на Полициската академија и професор и декан на Факултетот за криминалогија и безбедност на Европскиот универзитет во Скопје. Основач и претседател на НВО Транспарентност – нулта корупција. Р. Душка Тасевска
ТАСЕВСКА, Душка
ТАСЕВСКА, Душка (Прилеп, 25. Ⅶ 1938) – виолончелист. Студиите по виолончело ги завршува на Музичката академија во Загреб (проф. Рудолф Мац, 1965). Престојува на специјализација кај Е. Папаставро во Париз (1967–1970). Асистент е на проф. А. Навара во Скопје (1972–1975), како и на неговите музички семинари во Охрид. Од 1974 г. работи како професор на… Continue reading ТАСЕВСКА, Душка
ТАСЕВСКИ, Александар
ТАСЕВСКИ, Александар (Македонски Брод, 14. Ⅹ 1953) – одбојкар. Го завршил Автосообраќајниот училиштен центар во Скопје Александар Тасевски (1973). Бил член на ОК „Работнички“ и ОК „Вардар“ во Скопје. Настапил 210 пати за Одбојкарската репрезентација на Југославија (1972–1984). На седум балкански првенства освоил трипати второ и четирипати трето место. На Медитеранските игри во Сплит (1979)… Continue reading ТАСЕВСКИ, Александар
ТАСЕВСКИ, Владо
ТАСЕВСКИ, Владо (Прилеп, 1916 – 11. ⅩⅠⅠ 1943) – браварски работник, комунистички деец и борец. По завршувањето на четири класа гимназија, се вработил во Ложилницата на Железницата во Прилеп, каде што го изучувал браварскиот занает. Се префрлил на работа во Ложилницата во Скопје (1936) и се вклучил во синдикалното движење. Бил раководител на штрајкот во… Continue reading ТАСЕВСКИ, Владо
ТАСЕВСКИ, Сашо
ТАСЕВСКИ, Сашо (Скопје, 10. Ⅳ 1972) – актер. Дипломирал на Отсекот за актерска игра на ФДУ во Скопје, (1995). Од 1998 г. е член на Драмскиот театар во Скопје. УЛОГ: Филоктет (во истоименото дело); „Роберто Зуко“ (неколку улоги во претставата), Силвио („Арлекин, слуга на двајца господари“), Лука („Стари миризби“), „Кандид во земјата на чудата“ (неколку… Continue reading ТАСЕВСКИ, Сашо
ТАСИЌ, Миомир
ТАСИЌ, Миомир (Скопје, 17. Ⅸ 1947) – оперски певец, баритон, првенец на Операта на МНТ. Дипломиран лекар. Пеење учел приватно кај Ст. Липша. Во Операта на МНТ е од 1978 г., каде што (во 1971) дебитирал со улогата на Валентин во операта Фауст. На сцената на МНТ реализирал повеќе од 20 помали и поголеми улоги.… Continue reading ТАСИЌ, Миомир
ТАСКАТА СЕРСКИ
ТАСКАТА СЕРСКИ –в. Спасов, Атанас – (Таската) Серски.
ТАТАРИ
ТАТАРИ – азиски племиња, главно муслимани-сунити. Формирале држава во јужноруските степи (1240). Преземале напади во Унгарија, Бугарија, Византија, во чија служба ограбувале по Македонија. ЛИТ.: Р. Грусе, Царство степа. Атила, Џингис-кан, Тамерлан, Сремски Карловци -Нови Сад, 1996. Б. Петр.
ТАТАРЧЕВ, Асен Михајлов
ТАТАРЧЕВ, Асен Михајлов (Ре-сен, 1892 – Куманово, 9. Ⅷ 1970) – гинеколог-акушер. Медицина завршил во Женева, каде што и специјализирал гинекологија и акушерство. Работел во Ресен, Софија и Битола. По Втората светска војна бил осуден за соработка со окупаторот. По Ослободувањето од затворот работел во Прилеп, Гостивар и Куманово, каде што ја организирал гинеколошката служба.… Continue reading ТАТАРЧЕВ, Асен Михајлов
ТАУЛАНТИ
ТАУЛАНТИ – илирски племиња, соседи на Македонците. Ја населувале територијата на ден. Албанија. Создале моќно кралство (ок. 335 г. пр. н.е.) на чело со кралот Глаукија, кој ги проширил границите на државата. По неговата смрт (крај на Ⅳ в.) кралството почнало да опаѓа. ЛИТ.: П. Кабан, За Илирите од Бардилис до Гентиј (Ⅳ–Ⅱ в. пр.… Continue reading ТАУЛАНТИ