ТАТАРЧЕВ, Асен Михајлов

ТАТАРЧЕВ, Асен Михајлов (Ре-сен, 1892 – Куманово, 9. Ⅷ 1970) – гинеколог-акушер. Медицина завршил во Женева, каде што и специјализирал гинекологија и акушерство. Работел во Ресен, Софија и Битола. По Втората светска војна бил осуден за соработка со окупаторот. По Ослободувањето од затворот работел во Прилеп, Гостивар и Куманово, каде што ја организирал гинеколошката служба. П. Б. ТАТАРЧЕВ, Божидар Андреев