ПРИЛЕПСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ – партизански единици на НОВ и ПОМ (1941–1944). Првин била формирана Прилепската партизанска чета (Вишне Маало, во Прилеп, 12. Ⅸ 1941 – месноста Црвени Стени, Прилепско, 11. Ⅹ 1941), која потоа требало да влезе во состав на новоформираниот Први прилепски НОПО „Гоце Делчев“, но задоцнила за зборното место, поради што и… Continue reading ПРИЛЕПСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ
Tag: П
ПРИЛЕПСКИ ПОДВИЖЕН КОНГРЕС НА ТМОРО
ПРИЛЕПСКИ ПОДВИЖЕН КОНГРЕС НА ТМОРО (крајот на мај и првата половина на јуни 1904) – конгрес на Битолскиот револуционерен округ, под претседателство на Дамјан Груев. Одржувањето на Конгресот се наметнало од потребата за консолидирање на Револуционерната организација по Илинденското востание, во околности кога запрела работата на Централниот комитет. Главни прашања за кои расправал Конгресот биле:… Continue reading ПРИЛЕПСКИ ПОДВИЖЕН КОНГРЕС НА ТМОРО
ПРИЛЕПСКО ЕЗЕРО
ПРИЛЕПСКО ЕЗЕРО – вештачка акумулација, во долината на Ореовечка Река, на 5 км североисточно од Прилеп. Изградена е во 1964 г. Браната е од комбиниран тип, односно од бетон и од нафрлен камен. Долга е 403,6 м, а висока 28 м. Котата на максималното ниво на водата се наоѓа на височина од 745 м. Максималната… Continue reading ПРИЛЕПСКО ЕЗЕРО
ПРИЛЕПЧАНСКИ, Иван Андонов
ПРИЛЕПЧАНСКИ, Иван Андонов (Штип, 31. ⅩⅠⅠ 1905 – Скопје, 8. Ⅳ 1985) – микробиолог. Медицина завршил во Грац (1935), а работел во Прилеп (до 1940) и Штип, од каде што им се приклучил на партизаните. Од 1945 г. бил во Штип; бил назначен за пом. министер за здравство на НРМ. Од 1948 до 1951 г.… Continue reading ПРИЛЕПЧАНСКИ, Иван Андонов
ПРИЛОЗИ
„ПРИЛОЗИ (Цонтрибутионс)“ – списание на Одд. за биолошки и медицински науки на МАНУ, кое се печати како одделна публикација од 1980 г. Од 1969 до 1980 г. списанието се печатело под наслов: „Прилози. Одделение за природно-математички науки“, МАНУ. Во него се објавуваат оригинални научни трудови, прегледни трудови и кратки соопштенија од сите подрачја на биолошките… Continue reading ПРИЛОЗИ
ПРИЛОЗИ
„ПРИЛОЗИ. ЦОНТРИБУТИОНС“ (МАНУ, Скопје, И, 1, 1970 –) – научен периодичен орган на МАНУ што се објавува двапати годишно како списание на Одделението за општествени науки. С¢ до 1975 год. (Ⅵ, 2) излегува како заеднички орган под редакција Димитар Митрев (уредник), Михаил Д. Петрушевски и Харалампие Поленаковиќ, а од 1976 год. (Ⅶ, 1), бидејќи Одделението… Continue reading ПРИЛОЗИ
ПРИЛОЗИ
„ПРИЛОЗИ. ЦОНТРИБУТИОНС“ (МАНУ, Скопје, И, 1, 1970 –) – научен периодичен орган на МАНУ што се објавува двапати годишно како списание на Одделението за општествени науки. С¢ до 1975 год. (Ⅵ, 2) излегува како заеднички орган под редакција Димитар Митрев (уредник), Михаил Д. Петрушевски и Харалампие Поленаковиќ, а од 1976 год. (Ⅶ, 1), бидејќи Одделението… Continue reading ПРИЛОЗИ
ПРИЛОЗИ
„ПРИЛОЗИ. ЦОНТРИБУТИОНС“ (МАНУ, Скопје, И, 1-2, 1976 –) – печатен орган на Одделението за лингвистика и литературна наука на МАНУ. Излегува двапати го-дишно под редакција на Харалампие Поленаковиќ (уредник), Ми-хаил Д. Петрушевски и Александар Спасов, којашто се менува според изборниот циклус во Академијата. Списанието објавува македонистички научни прилози од областа на лингвистиката, славистиката, балканистиката и… Continue reading ПРИЛОЗИ
ПРИЛОЗИ
„ПРИЛОЗИ. ЦОНТРИБУТИОНС“ (МАНУ, Скопје, И, 1-2, 1976 –) – печатен орган на Одделението за лингвистика и литературна наука на МАНУ. Излегува двапати го-дишно под редакција на Харалампие Поленаковиќ (уредник), Ми-хаил Д. Петрушевски и Александар Спасов, којашто се менува според изборниот циклус во Академијата. Списанието објавува македонистички научни прилози од областа на лингвистиката, славистиката, балканистиката и… Continue reading ПРИЛОЗИ
ПРИРАСТ И ПРОИЗВОДСТВЕНОСТ НА СТЕБЛАТА И НА ШУМСКИТЕ НАСАДИ
ПРИРАСТ И ПРОИЗВОДСТВЕНОСТ НА СТЕБЛАТА И НА ШУМСКИТЕ НАСАДИ – научна дисциплина што ги проучува закономерностите на процесот на растењето на едно стебло или на цели насади и ги утврдува приносните способности/можности на шумите во поглед на дрвната маса во различни природни услови. Задачата на оваа наука е да ги истражува квантитативните односи помеѓу процесот… Continue reading ПРИРАСТ И ПРОИЗВОДСТВЕНОСТ НА СТЕБЛАТА И НА ШУМСКИТЕ НАСАДИ
ПРИРОДЕН РЕЗЕРВАТ
ПРИРОДЕН РЕЗЕРВАТ – подрачје што се утврдува со Законот за природа (2004) и кое поради значајните или карактеристичните екосистеми, геолошките или физичко-географските карактеристики и/или видови, како и изворно зачуваната дивина, стекнува статус на природно наследство во категоријата строг природен резерват за спроведување научни истражувања или мониторинг на заштитата. Со строгиот природен резерват се управува со… Continue reading ПРИРОДЕН РЕЗЕРВАТ
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ – се состои од 7 институти (за математика, физика, хемија, биологија, географија, информатика и етнологија) и Сеизмолошка опсерваторија. Тој е формиран како дел на Филозофскиот факултет во 1946 г. со пет катедри за основните природни науки. Како одделен факултет постои од 1958 г., со исклучок на периодот 1977–85, кога егзистираат 5… Continue reading ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
ПРИРОДОНАУЧЕН МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА
ПРИРОДОНАУЧЕН МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА – Скопје – основан во октомври 1926 г., по иницијатива на познатиот научен работник на полето на зоологијата, д-р Станко Караман. Низ целиот период на своето осумдесетгодишно постоење, Музејот се фокусираше на активностите поврзани со научно-истражувачките дејности, на колекционерската дејност, на изложбената и на издавачката дејност, како и на заштита на… Continue reading ПРИРОДОНАУЧЕН МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА
ПРИСАЃАНЕЦ–
ПРИСАЃАНЕЦ– ТОДОРОВСКА, Загорка (Прилеп, 14. Ⅷ 1930) – поет, новинар, просветен работник, детски писател. Завршила Филозофски факултет (романска филологија и југословенска книжевност) во Скопје. Работела како професор во средни училишта и како новинар во РТВ Скопје. Нејзината поетска реч се одликува со непосредност на лирската интонација и чистота на грижовно стокмена стаменита експресија. Природонаучниот музеј… Continue reading ПРИСАЃАНЕЦ–
ПРКЕВ-СЕРМЕН, Ванчо Христов
ПРКЕВ-СЕРМЕН, Ванчо Христов (с. Серменин, Гевгелиско, 1921 – над с. Градец, Кочанско, 21. Ⅴ 1943) – национален и комунистички деец, народен херој. Во Штип завршил гимназија, а потоа студирал на Техничкиот факултет во Белград (од 1939), каде што станал член на КПЈ (1941). Напоредно со студиите, за ИП „Нолит“ преведувал руска литература. Пред фашистичката окупација… Continue reading ПРКЕВ-СЕРМЕН, Ванчо Христов
ПРЛИЧЕВ, Григор Ставрев
ПРЛИЧЕВ, Григор Ставрев (Охрид, 18. И 1830 – Охрид, 6. Ⅱ 1893) – најголемото име на македонската Григор Прличев литература во ⅩⅠⅩ в. Овој супериорен литерат според јазичната припадност е всушност тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе специфичните карактеристични доминанти на епохата во која живее и работи; класицизмот и романтизмот,… Continue reading ПРЛИЧЕВ, Григор Ставрев
ПРЛИЧКО, Петре
ПРЛИЧКО, Петре (Велес, 13. Ⅲ 1907 – Скопје, 16. Ⅺ 1995) – театарски и филмски актер, режисер, еден од основачите на МНТ и на Куклениот театар во Скопје. Кариерата ја започнал како ученик во патувачки театар. Променил повеќе патувачки театри, а во 1931 г. основал свој, „Боем“. Од 1939 г. е актер во Народното позориште… Continue reading ПРЛИЧКО, Петре
ПРОБИШТИП
ПРОБИШТИП – град во североисточниот дел на Република Македонијасо 10.806 ж. (2002 г.). Се наоѓа во западното подножје на Осоговските Планини, на надморска висина од околу 560 м. Зафаќа површина од 486 ха. Има умерено-континентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 11,6°Ц и просечна годишно количество на врнежите од 700 мм. П. е… Continue reading ПРОБИШТИП
ПРОВАЛИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА
ПРОВАЛИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (1896–1903). Првата провала на Тајната македонска револуционерна организација се случила во Битола (април 1896), кога било откриено пренесувањето бомби и експлозиви со апсењето на Доне Стојанов Тошев. Виничката провала (1897) се случила кога властите откриле оружје (пушки и бомби) и постоење разгранета мрежа на тајната организација. Масовни апсења биле извршени… Continue reading ПРОВАЛИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА
ПРОДУКТИВНОСТА НА КОПНЕНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ
ПРОДУКТИВНОСТА НА КОПНЕНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ – се изразува со количината на произведената сува органска материја во текот на една вегетација, а се изразу2 ва во т/ха површина или во г/м . Пр-ви истражувања во Македонија се спроведени во Националниот парк Галичица во екосистемот на плоскач и цер. Установено е дека годишната чиста продукција изнесува 12, 5… Continue reading ПРОДУКТИВНОСТА НА КОПНЕНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ
ПРОЕВА, Наде Анастасова
ПРОЕВА, Наде Анастасова (Ресен, 9. Ⅸ 1949) – историчар, унив. професор. По завршувањето на Групата археологија на Флозофскиот факултет во Белград (1973), каде што и магистрирала (1978) и ја одбранила докторската дисертација од историјата на античка Македонија (1992). Заради продлабочување на студиите по митологија, епиграфика и нумизматика била на студиски престој на Сорбона–Париз И (1979–1981).… Continue reading ПРОЕВА, Наде Анастасова
ПРОЕВСКИ, Борис
ПРОЕВСКИ, Борис (с. Јанковец, Ресенско, 1. Ⅱ 1879 – Благоевград, 30. И 1961) – учител, револуционер, лекар, секретар на Ресенскиот ОРК на МРО. Завршил егзархиска гимназија во Солун, а медицина на Новорусискиот универзитет во Одеса. Учествувал во Илинденското востание во четата на С. Арсов и на С. Олчев. Како лекар бил доброволец во Балканските и… Continue reading ПРОЕВСКИ, Борис
ПРОЕСКИ, Тодор
ПРОЕСКИ, Тодор (Тоше) (Прилеп, 25. И 1981 – кај Нова Градишка, Хрватска, 16. Ⅹ 2007) – вокален интерпретатор. Макфест ‘97 и песната „Пушти ме“ најавија дека на македонската сцена се појави вокал со извонреден потенцијал. Веќе во наредните години тоа го потврдија настапите на другите македонски фестивали (Скопски фестивал ‘98 – „Остани до крај“ и… Continue reading ПРОЕСКИ, Тодор
ПРОЗЕЛИТИЗАМ
ПРОЗЕЛИТИЗАМ (преобраќање) – вид духовна, душевна или телесна принуда врз еден или повеќе луѓе да преминат од една во друга вера, за добивање повеќе верници. Преобраќање на православни во Македонија во друговерници имало особено со исламизирањето на Македонците во времето на владеењето на Османлиската држава и со прозелитското дејствување на Римокатоличката црква и протестантските секти… Continue reading ПРОЗЕЛИТИЗАМ