„ ПАРТИЗАН“

„ ПАРТИЗАН“ – сојуз за телесно воспитание на Македонија, основан под претседателство на Ристо Бајалски (1952). Подоцна наречен Сојуз за спортска рекреација и физичко воспитание на Македонија (од 1972). Тој е носител на активностите на спортската и естетската гимнастика, на партизанскиот повеќебој и на спортската рекреација во месните заедници и претпријатијата, со натпревари за првенства на друштвата, за републички и сојузни првенства. Организатор и носител на масовните активности – Титова

Прочитај »

„ ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ“

„ ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ“ – фестивал на народни инструменти и песни. Оформен е во 1974 г., по иницијатива на П. Атанасовски и Ж. Фирфов, со целдасезачуваат и негуваат древните вештини на свирачите на народни инструменти и пејачите на изворни народни песни. Се одржува во с. Долнени, Прилепско, местото на прочуените народни изработувачи и свирачи на гајда. По смртта на П. Атанасовски (1996) го носи неговото име. Фестивалот има меѓународен карактер и

Прочитај »

„ПАЈДУШКА“

„ПАЈДУШКА“ – народно оро за мешан состав. Особено е популарно кај играорките, распространето на поширокиот балкански простор. Најповеќе се среќава во Македонија, Бугарија и Грција. Се игра во 5/16 (2,3) ритам. Рацете се држат за китките слободно спуштени надолу. Исклучителната посебност на кореографската содржина произлегува од уникатното прекрстување на чекорите на десната преку левата нога и истовременото потскокнување во вид на куцање. ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977,

Прочитај »

„ПАЉУРЦИ“

„ПАЉУРЦИ“ – земјена брана со придружни објекти, на реката Луда Мара, спротиводно од Богдан ци. Висока е 21,1 м, во круната долга 310 м, со вкупен волумен на телото 185.000 м 3 (земја), формира акумулација од 2,9 милиони м3. Завршена е во 1982 г., а служи за Земјената брана „Паљурци“ наводнување. Придружни објекти: челен преливник со површински одвод (саниран 2006 г.), темелен испуст. Љ. Т. Берба на памук

Прочитај »

„ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА“

„ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА“драма од Ристо Крле што својата праизведба ја имала во Народното позориште „Крал Александар“ во Скопје на 27. И 1938 г., во режија на Јосиф Срдановиќ. По Втората светска војна во Скопје имала премиера на сцената на Младинско-детскиот театар на 9. Ⅲ 1961 г., во режија на Тодор Николовски. Играна е и на неколку сцени во професионалните театри низ Македонија. Р. Ст. Парк-шумата „Водно

Прочитај »

„ПЕЛАГОНИЈА“

„ПЕЛАГОНИЈА“ – систем за одводнување, изграден од 1959 до 1964 г., а реконструиран во 1987 г. Одводнува површини од 30.000 ха во Битолско Поле и 24.150 ха во Прилепско Поле. Главен реципиент е Црна Река, којашто е регулирана во должина од 58 км. Во Битолско Поле, регулирани се и ре-ките Елашка, Драгор и шемница, со вкупна должина од 24 км, а во Прилепско Поле регулирани се реките Блато, Градска, Рибник,

Прочитај »

„ПЕЛИСТЕР“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

„ПЕЛИСТЕР“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Акрон, Охајо, Њујорк, 1923) – организација на македонските доселеници по потекло од Леринско, Битолско, Прилепско и во помал број од Охридско и Гевгелиско. Изградиле свој Дом (1939). Активни биле Женската и Младинската секција. Сл. Н.-К.

Прочитај »

„ПЕЛИСТЕР“, ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО ДРУШТВО

„ПЕЛИСТЕР“, ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО ДРУШТВО (Елвуд, Пенсилванија, САД, 1917) – друштво на македонски доселеници по потекло од Битолско, најмногу од с. Цапари. Друштвото организирало игранки, селски слави и други активности. Сл. Н.-К.

Прочитај »

„ПЕЛИСТЕР“, ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО-КУЛТУРНО ДРУШТВО

„ПЕЛИСТЕР“, ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО-КУЛТУРНО ДРУШТВО (Торонто, Канада, 1960) – основано првобитно под името „Битола“. Друштвото го формирало фудбалскиот клуб „Битола“ (1969), преименуван (1985) настапувал под името „Македонија“. Се поделило (1979) на четири самостојни селски друштва што продолжуваат да настапуваат заеднички. Сл. Н.-К.

Прочитај »

„ПЕЛИСТЕРСКО ЕХО“

„ПЕЛИСТЕРСКО ЕХО“ (Битола, 1. И 1942 – 28. Ⅲ 1944) – неделен весник за општествени прашања, култура и информации, орган на бугарската окупаторска власт во Битолската област, на бугарски јазик. Уредник бил Георги Василев, а редакцијата ја сочинувале: Хр. Гуцов (обласен „Пелистерско ехо“, орган на бугарската окупаторска власт во Битолската област директор), Благој Давков, Тодор Крајничанец, Никола Митев, Илија Ненчев, Петар Пајтонџиев, Љубен Панчев, д-р Борис Светиев и Коста Црнушанов.

Прочитај »

„ПЕРЕ ТОШЕВ“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

„ПЕРЕ ТОШЕВ“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Џонстаун, Пенсилванија, САД, 1923) – една од помалите организации на македонски доселеници во која членувале петнаесетина семејства што живееле во Џонстаун и во поблиските градови до Питсбург. Сл. Н.-К.

Прочитај »

„ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ“

„ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ“ (Спасовден, месност Рудина во с. Долнени, Прилепско, 1974–) – традиционален меѓународен дводневен годишен фолклорен фестивал. Во 2007 г. се одржа ЏЏЏИИИ фестивал со учество на 34 фолклорни групи со околу 400 учесници. Неговото отворање започнува со дефиле на учесниците по улиците на Прилеп, а во наредните денови во месноста Рудина во с. Долнени. Се доделува гран-при статуетка (гајдаџија) за најдобри исполнители на македонски народни песни и гајдата на

Прочитај »

„ПЕЧАЛБАРИ“

„ПЕЧАЛБАРИ“драма од Антон Панов, премиерно изведена на 3. Ⅲ 1936 г. во Народното позориште во Скопје, во режија на Јосиф Срдановиќ. Оваа пиеса имала свои премиери и во: Белград, Сцена од претставата „Печалбари“ (МНТ) Ниш, Бања Лука, Сараево. По Втората светска војна со неа бил отворен Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја. Во Скопје имала премиера на 24. Ⅺ 1942 г. По Војната, во нашите театри имала

Прочитај »

„ПИРИНСКИ ГЛАС“

„ПИРИНСКИ ГЛАС“ (Горна Џумаја, 29. ⅩⅠⅠ 1937 – 1. И 1941) – весник, информациски просветно-културен и стопански орган. Директор бил Петар Димитров, а го уредувале Кирил Дамјанов Коларов (главен уредник) и презвитерот Јаворски. Објавени се вкупно 96 броја. Бил распространуван во Горна Џумаја, Неврокоп, Петрич, Разлог и Св. Врач. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 376; Д-р Боро

Прочитај »

„ПОБЕДА“

„ПОБЕДА“ (Скопје, 1945) – фудбалски клуб. Како победник на првото Републичко првенство од шест клуба (1946), станал член на Првата сојузна лига. Поради намалувањето на лигата од 14 на 10 клуба (1947), „Победа“ испаднала од неа, и покрај освоеното осмо место. Играчите што најчесто настапувале биле: Борис Ивановски (Гојко Поповиќ, Васил Дилев и Душко Христовски – голмани), Гале Герасимовски, Крсто Георгиевски, Микле Мартиновски, Кипро Кипровски, Јоска Тодоровски, Менсур Бајрам, Ѓорѓи

Прочитај »

„ПОБЕДА“ П

„ПОБЕДА“ П Пливање во покриениот базен во нас. „Карпош“ во Скопје Тетово (1945), а потоа и други, при што биле регистрирани вкупно 25 клубови (до 2002). Републички првенства се одржуваат секоја година (од 1946). Бил формиран Одбор за спортови на вода (1945), потоа Пливачки сојуз (1948), односно Пливачка федерација на Македонија (од 2002). Најдобри екипи и поединци учествувале на југословенски (1946– 1991) и на меѓународни првенства (1992–2006). Најуспешни екипи досега

Прочитај »

„ПОЛИТИЧЕСКА СВОБОДА“

„ПОЛИТИЧЕСКА СВОБОДА“ (Софија, 6 Ⅱ 1898 – 18. Ⅴ 1899) – орган на македонските револуционери–социјалисти. Редакцијата ја сочинувале: Димитар Влахов (одговорен уредник), Васил Главинов, Ст. Иванов (уредник до бр. 7), В. Сираков (уредник од бр. 7), Димо Хаџидимов и Андон шулев (одговорен уредник). Излегувал двапати месечно, со мотото: „Ослободувањето на Македонија е дело на самите Македонци. Преку народот за народот. Македонија на Македонците“. Бил печатен во софиската Централна печатница на

Прочитај »

„ПОЛОГ“, ИСЕЛЕНИЧКО МЛАДИНСКО ДРУШТВО

„ПОЛОГ“, ИСЕЛЕНИЧКО МЛАДИНСКО ДРУШТВО (Детроит, Мичиген, САД, 2001) – друштво на млади Американци од македонско потекло, претежно интелектуалци од Детроит, од семејства по потекло од Тетовско. Развива културна и други дејности. Сл. Н.-К. ПОЛОЖАНИ, Лиман (с. Ливада, Струшко, 26. Ⅱ 1935) – просветен и политички деец. Апсолвирал на Педагошката академија и бил учител. Член на СКМ (од 1957). Бил член на Одборот за просвета, наука и култура и пратеник во

Прочитај »