ПРИЛЕПСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ

ПРИЛЕПСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ – партизански единици на НОВ и ПОМ (1941–1944). Првин била формирана Прилепската партизанска чета (Вишне Маало, во Прилеп, 12. Ⅸ 1941 – месноста Црвени Стени, Прилепско, 11. Ⅹ 1941), која потоа требало да влезе во состав на новоформираниот Први прилепски НОПО „Гоце Делчев“, но задоцнила за зборното место, поради што и не зела учество во нападот на Прилеп (11. Џ). Подоцна му се приклучила (15. Џ) на првиот Прилепски НОПО „Гоце Делчев“ (месноста Црвени Стени, Прилепско, 11. Ⅹ 1941 – пештерите на Кадин Камен на падините на пл. Козјак, 25. ⅩⅠⅠ 1941) и уште ис-Првоборците Мице Козар и Трајко Бошковски-Тарцан од Прилепскиот народноослободителен партизански одред „Гоце Делчев“ (1941) леп. Денот на нападот е прогласен за државен празник како Ден на востанието на македонскиот народ. Подоцна бил формиран и втор Прилепски НОПО „Димитар Влахов“ (реонот на с. Дабница, на пл. Мукос, 15. Ⅴ 1942 – реонот на с. Габровник, Велешко, 21. Ⅸ 1942), кој потоа бил реорганизиран и преименуван во Прилепски НОПО „Ѓорче Петров“ (реонот на с. Габровник, Велешко, 21 или 20. Ⅸ 1942 – манастирот Прилепец, Прилепско, 19. ⅩⅠⅠ 1942). Четвртиот Прилепски НОПО (јуни-ноември 1944) дејствувал во Прилепско и Велешко до конечното ослободување на Македонија. ЛИТ.: Прилеп и Прилепско низ историјата, книга втора, Прилеп, 1971; Прилеп и Прилепско во НОВ 1941 година, Скопје, 1976; Прилеп и Прилепско во НОВ 1942 година, Скопје, 1978; Прилеп и Прилепско во НОВ 1943 година, кн. прва и втора, Скопје, 1981; Прилеп и Прилепско во НОВ 1944 – 15 мај 1945, кн. прва до трета, Скопје, 1985; Д-р Симо Младеновски, Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“, „Гоцеви денови – Песна за Гоце ’83“, Ⅸ, 9, Скопје, 1983, 15-16. С. Мл.