НИКОЛА (Х в.) – македонски благородник, комес, управник на Преспанско-охридската област во времето на цар Петар (927–969), татко на комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самуил. За неговото управување нема податоци. Починал во Преспа, најверојатно во с. Герман или во неговата близина. Надгробната плоча со неговото име и со имињата на неговата жена Рипсимија и синот… Continue reading НИКОЛА
Tag: Н
НИКОЛА
НИКОЛА (Николица) (Џ–Ⅺ в.) – византиски благородник, роднина на Ерменецот Кекавмен, стратегот на Елада. По Самуиловото заземање на Лариса (986) поминал во негова служба, како управник на Сервија. Бил поразен од Василиј Ⅱ (1003), од кого ја добил титулата патрициј. По неколку дена пребегал кај Самуил, но одново бил заробен, а по неколку години повторно… Continue reading НИКОЛА
НИКОЛА
НИКОЛА (Николица) (Џ–Ⅺ в.) – византиски благородник, роднина на Ерменецот Кекавмен, стратегот на Елада. По Самуиловото заземање на Лариса (986) поминал во негова служба, како управник на Сервија. Бил поразен од Василиј Ⅱ (1003), од кого ја добил титулата патрициј. По неколку дена пребегал кај Самуил, но одново бил заробен, а по неколку години повторно… Continue reading НИКОЛА
НИКОЛАЈ Ⅲ
НИКОЛАЈ Ⅲ – охридски архиепископ (1486–1502). Спомнат е во житието на цариградскиот патријарх Нифон Ⅱ во годините 1486/9, 1497/8 и 1502 г. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архиепископиџ, т. 2. От падането £ под турците до нејното униќожение (1394–1767), Софиџ, 1931; Јован Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник“ на… Continue reading НИКОЛАЈ Ⅲ
НИКОЛЕСКИ, Ванчо
НИКОЛЕСКИ, Ванчо (с. Црвена Вода, Охридско, 10. Ⅵ 1912 – Охрид, 15. Ⅳ 1980) – татко на македонската современа литература за деца и младина. Работел како учител и уредник на детски списанија. Неговите песни и поеми, раскази и романи се исполнети со теми и мотиви од подалечната и поблиската историја на македонскиот народ, со раскошната… Continue reading НИКОЛЕСКИ, Ванчо
НИКОЛЕСКИ, Димче
НИКОЛЕСКИ, Димче (с. Косел, Охридско, 13. И 1943 – Скопје, 2. Ⅳ 1998) – композитор и музички критичар. Работниот век го минува во Радио Скопје, каде што како новинар, остава неколку стотини критики и повеќе авторски емисии, посветени на теми и личности од македонскиот музички живот. Напоредно компонира, главно на полето на камерната и солистичката… Continue reading НИКОЛЕСКИ, Димче
НИКОЛИЌ, Драган
НИКОЛИЌ, Драган (Никшиќ, Ц. Гора, 12. ⅩⅠⅠ 1933 – Скопје, 11. ⅩⅠⅠ 2006) – новинар и писател. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград. Од 1960 г. дописник на „Борба“ од Скопје, уредник за СРМ (1970). Од 1992 г. дописник на „Наша борба“ од РМ. Колумнист на „Утрински весник“ (1999), во периодот 1994/99 г. основач и… Continue reading НИКОЛИЌ, Драган
НИКОЛИЌИ
НИКОЛИЌИ (ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) – богато семејство во Војводина доселено од Велес во ⅩⅤⅠⅠⅠ век. Во 1772 г. добиле благородничка титула и грбовница со придавката „Велешки“ („вон Њеллесс“). Теодор имал висок чин во Петроварадинскиот полк. Семејството спаѓало во ре-дот на благородничките семејства Текелии и Стратимировиќи. ЛИТ.: Д-р Х. Г. Андоновски, Македонија и Војводина. О неким ме—усобним… Continue reading НИКОЛИЌИ
НИКОЛИЦА МЛАДИОТ
НИКОЛИЦА МЛАДИОТ (Џ–Ⅺ в.) – војсководец, син на познатиот Самуилов благородник Николица. Го командувал првиот и најхрабар одред македонски војници. По смртта на Јован Владислав (1018), кога започнала агонијата на Самуиловото Царство, во Скопје му се предал на византискиот император Василиј Ⅱ и бил почестен со титулата протоспатер и стратег. ЛИТ.: Иоаннис Сцѕлитзае Сѕнопсис Хисториарум,… Continue reading НИКОЛИЦА МЛАДИОТ
НИКОЛОВ-КАМБУРСКИ, Гроздан
НИКОЛОВ-КАМБУРСКИ, Гроздан (с. Клисура, Горноџумајско, 16. Ⅳ 1908 – Горна Џумаја, 20. Ⅷ 1942) – истакнат македонски револуционер, комунист. Прогонуван од полицијата и од ВМРО на Иван Михајлов, емигрирал во Кралството на СХС (1925), а оттаму во СССР (1926). Во Одеса завршил Партиска школа, авоМосква Виша партиска школа. Се вратил во родниот крај (1936), станал… Continue reading НИКОЛОВ-КАМБУРСКИ, Гроздан
НИКОЛОВ-МАКЕДОНСКИ, Христо
НИКОЛОВ-МАКЕДОНСКИ, Христо (с. Горно Тодори, Кукушко, 1885 – 5. Ⅶ 1916) – ајдутски и четнички војвода, револуционер. Прогонуван од османлиските власти, се одметнал во ајдутство. Со своја чета активно учествувал во ослободителните движења и борби, најпрвин во Српско-турската (1876), потоа во Руско-турската војна (1877–1878), а најпосле и во македонското револуционерно и ослободително движење. ЛИТ.: Македонски… Continue reading НИКОЛОВ-МАКЕДОНСКИ, Христо
НИКОЛОВ, Велимир
НИКОЛОВ, Велимир (Скопје, 3. Ⅵ 1927 – Скопје 10. Ⅷ 1981) – етнолог, кустос советник во Етнолошкиот музеј на Македонија. Дипломирал на Филозофскиот факултет – Група етнологија во Скопје (1954). Речиси сиот работен век го минал во Етнолошкиот музеј на Македонија, каде што бил раководител на Одделот за народно стопанство. Бил на повеќе студиски престои… Continue reading НИКОЛОВ, Велимир
НИКОЛОВ, Димче
НИКОЛОВ, Димче (Битола, 21. Ⅱ 1953 – Скопје, 30. Ⅳ 1998) – графичар, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, значаен за афирмацијата на македонската графика на меѓународно поле. Дипломирал (1978) и магистрирал (1980) на Академијата за ликовни уметности во Љубљана. Бил учесник на меѓународни графички манифестации. Создавал апстрактни, лирски третирани знаковни композиции со… Continue reading НИКОЛОВ, Димче
НИКОЛОВ, Ѓеорѓи
НИКОЛОВ, Ѓеорѓи (Охрид, 1868 – Цариград, 1. Ⅲ 1938) – лекар, револуционер. Медицина завршил во Цариград, а работел како лекар во Охрид и потоа во Скопје. Активно учествувал во работата на МРО. Во 1905 г. бил лекар во Воден, каде што стекнал бројни непријатели, кои неколку пати се обиделе да го убијат. Во 1907 г.… Continue reading НИКОЛОВ, Ѓеорѓи
НИКОЛОВ, Јордан
НИКОЛОВ, Јордан (Орце) Антонов (Скопје, 7. И 1916 – Владичин Хан, Србија, 3/4. И 1942) – комунистички деец и народен херој. Го изучил кројачкиот занает (1934), станал активист на УРСОВИТЕ синдикати и член на КПЈ (од 1935). Бил секретар на Подружницата на шивачките работници (во пролетта 1938), секретар на МК на КПЈ во Скопје и… Continue reading НИКОЛОВ, Јордан
НИКОЛОВ, Михаил
НИКОЛОВ, Михаил (с. Бобишта, Костурско, 25. Ⅷ 1874 – Варна, – 1. Ⅷ 1934) – учесник во Илинденското востание, костурски војвода. Завршил гимназија во Солун (1896), кога станал член на ТМОРО. Бил учител во Дојран, Воден и во Костур и еден од основачите и раководителите на Револуционерната организација во Костурско. Во Илинденското востание бил член… Continue reading НИКОЛОВ, Михаил
НИКОЛОВА, Оливера
НИКОЛОВА, Оливера (Скопје, 11. Ⅲ 1936) – раскажувачка, романсиерка, драмска авторка, пи-Оливера Николова сателка за деца и младина. Завршила Филозофски факултет во Скопје. Работниот век го минала како уредник и драматург во Македонската радио-телевизија. Познат автор за деца како негов летописец на урбаното и безгрижно секојдневје. Во литературата за возрасни е една од најзначајните претставнички… Continue reading НИКОЛОВА, Оливера
НИКОЛОВСКИ
НИКОЛОВСКИ Филип Атанасов(Николов, Николиќ, Николаевич), (Цариград, ок. 1882 – ?) – син на печалбари од битолското село Буково, еден од најактивните членови на МНЛД во С.-Петербург (1902–1904). По завршувањето на Српската гимназија во Цариград, од Киев поднесува молба до руското Министерство за просвета (26. Ⅷ 1901) и во септември е веќе запишан на Факултетот за… Continue reading НИКОЛОВСКИ
НИКОЛОВСКИ–
НИКОЛОВСКИ–ЛУЈ, Илија (Прилеп, 7. Х 1913 – Скопје, 1973) – педагог и композитор. Еден од првите организатори на музичкиот живот во РМ. Како учесник во НОВ, во 1944 г. формирал хор и дувачки оркестар. Бил директор на Средното музичко училиште во Скопје (1947–1973), каде што истовремено предавал и труба. Како долгогодишен раководител на оваа значајна… Continue reading НИКОЛОВСКИ–
НИКОЛОВСКИ, Антоние
НИКОЛОВСКИ, Антоние (с. Смолари, Струмичко, 27. Ⅹ 1920 – Скопје, 15. Ⅸ 1991) – историчар на уметноста, унив. професор и еден од првите македонски ликовни критичари. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Загреб (1952). Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1982), каде што бил професор. Ги истражувал промените од поствизантиското до реалистичкото сликарство (Македонските зографи од… Continue reading НИКОЛОВСКИ, Антоние
НИКОЛОВСКИ, Благоја
НИКОЛОВСКИ, Благоја (с. Владиловци, 2. Ⅷ 1935 – Скопје, 14. Ⅸ 1996) – оперски и концертен певец, тенор, првенец на Операта на МНТ. Пеење учел кај проф. К. Трпков, а дипломирал соло-пеење на Музичката академија во Белград (проф. Цвеиќ). Во Операта на МНТ добива ан-гажман во 1963 г., во која со неколку прекини останува до… Continue reading НИКОЛОВСКИ, Благоја
НИКОЛОВСКИ, Боро
НИКОЛОВСКИ, Боро (Куманово, 16. Ⅷ 1909 – Скопје, 24. Ⅳ 1991) – фармацевт. Дипломирал Фармација во Загреб (1930) и отворил аптека во Струга. Бил член на Здравствениот одбор при Фармацевтскиот актив. Како близок соработник на академикот Ј. Туцаков ја проучувал лековитата флора во Македонија и квалитетот на прехранбените производи. Заслужен е за изучувањето на историјата… Continue reading НИКОЛОВСКИ, Боро
НИКОЛОВСКИ, Ванчо Николов
НИКОЛОВСКИ, Ванчо Николов (Неготино, 15. Ⅺ 1922 – 17. Ⅲ 2005) – првоборец и политичар, економист. Основно училиште завршил во родниот град, гимназија во Горни Милановац и Велес, а потоа студирал на Правниот факултет во Белград. Како учесник во НОАВМ ( од 1. Ⅴ 1941) и член на КПЈ (од феврури 1943), бил уапсен и… Continue reading НИКОЛОВСКИ, Ванчо Николов
НИКОЛОВСКИ, Димитар
НИКОЛОВСКИ, Димитар (Таки Даскалот) (Битола, 1921 – Ореовска Корија кај с. Ореово, Битол-Димитар Николовски (Таки Даскалот) ско, 3. Ⅴ 1942) – политички деец и првоборец. Завршил учителска школа. По капитулацијата на Југославија се вклучил во Националноослободителното движење предводено од македонските комунисти. Бил еден од организаторите на Илинденските демонстраци во Битола (2. Ⅷ 1941). Станал член… Continue reading НИКОЛОВСКИ, Димитар