Tag: Н

,”НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА”

НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА – СКОПЈЕ – централна ликовна музејска институција во РМ. Основана е во 1948 г. од збирката на ликовната уметност на Народниот музеј во Скопје (Музеј на Македонија), а како самостојна музејска установа е отворена во 1951 г. Поседува значајна збирка од македонски автори од крајот на …

,”НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА” Прочитај »

НАВАРА, Андре

НАВАРА, Андре (Андре Наварра) (Бијариц, 13. Ⅹ 1911 – 1988) – француски виолончелист. Професор на Конзерваториумот во Париз. Еден од најзначајните свет- Н ски виолончелисти на ⅩⅩ век. Бил професор и на Факултетот за музичка уметност во Скопје (1971 –1975), како и на семинарите што се одржуваа во …

НАВАРА, Андре Прочитај »

НАДВОРЕШНА ЗАДОЛЖЕНОСТ НА РМ

НАДВОРЕШНА ЗАДОЛЖЕНОСТ НА РМ – обврските на централната власт, фондовите, јавните претпријатија, централната банка и приватниот сектор спрема странските кредитори. Долгот го сочинуваат: обврските кон мултилатералните кредитори (ИБРД, ИДА, ЕИБ, ИФАД, ЕБРД итн.), билатералниот долг (претежно обврски кон Парискиот клуб) и долгот кон приватните кредитори. По осамостојувањето РМ …

НАДВОРЕШНА ЗАДОЛЖЕНОСТ НА РМ Прочитај »

НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА

НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА – размена на добра и услуги меѓу Увоз 1.530851 1.718.904 2.093.872 3.097.000 различните национални еконо- Салдо -418.065 -514.856 -771.255 -1. 056.000 мии. Трговијата во Македонија Покриеност на увозот со извоз – во % 72,7 70,0 63,2 65,9 отсекогаш имала интернационален карактер, благодарение на нејзината централна позиција …

НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА Прочитај »

НАДРЕАЛИЗАМ

НАДРЕАЛИЗАМ (фр. сурреалисме) – правец во книжевноста и во ликовната уметност што настанал во Париз околу 1920 г. и го претставува ирационалното и несвесното. Во Македонија се јавува кон крајот на педесеттите години во делата на С. Куновски. Значајна улога за неговото ширење има групата „Мугри“ (И. Велков, …

НАДРЕАЛИЗАМ Прочитај »

НАЗИМ, Сајбе

НАЗИМ, Сајбе (Сахиба) Хусеин (Штип, 1895 – Скопје, 7. ⅩⅠⅠ 1971) – заднински активист на НОАВМ. Во својот дом во Штип прибирала илегалци и го отстапувала за партиски состаноци. Кај неа илегално живееле народните херои Ванчо Прке и Боро Петрушевски и првоборците Ружа Бак и Благој Давков (1941), …

НАЗИМ, Сајбе Прочитај »

НАИР, Јашар Наби

НАИР, Јашар Наби (Ѕаþар Наби Наѕýр) (Скопје, 1908 – Истанбул, 1981) – раскажувач, романсиер, поет. Бил службеник на „Зираат“ и „Меркез“ банка, а работел и во Институтот за турски јазик. Во 1933 г. почнува да го издава сп. „Варлик“, а во 1946 г. ја основа својата истоимена издавачка …

НАИР, Јашар Наби Прочитај »

НАЈДЕНИ, Ислам Саид

НАЈДЕНИ, Ислам Саид (Ислам Саид Најдени) (Дебар, 1864 – 1903) – основоположник на првото албанско училиште во Дебар. Висока школа завршил во Истанбул, каде што првпат контактирал со познатите интелектуалци Н. и С. Фрашери и со И. ќемали. Објавил еден буквар на албански јазик на гегиски дијалект. ЛИТ.: …

НАЈДЕНИ, Ислам Саид Прочитај »

НАЈДЕНОВ, Љубен

НАЈДЕНОВ, Љубен (Горна Џумаја, 2. Ⅷ 1930 – Скопје, 10. Ⅶ 1979) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1954). Магистрирал на Универзитетот во Беркли, САД (1965). Бил редовен професор на Архитектонскиот отсек. Освен со педагошка и публицистичка дејност се занимавал и со архитектонско …

НАЈДЕНОВ, Љубен Прочитај »

НАЈДОВ-ЏАНДАРОТ, Димко

НАЈДОВ-ЏАНДАРОТ, Димко (Велес, 1. Ⅷ 1919 – Петрово, Сува Гора, 14. Ⅹ 1944) – револуционер и синдикален водач пред Војната, херој од борбите што Ⅷ бригада ги водела со балистите во Западна Македонија во 1944 г. Бил член на СКОЈ (1940) и на КПМ (1943). Поради неговата револуционерна …

НАЈДОВ-ЏАНДАРОТ, Димко Прочитај »

НАЈДОВСКИ, Ицо Василев

НАЈДОВСКИ, Ицо Василев (с. Оптичари Битолско, 12. Ⅶ 1959) – македонски публицист. По доселувањето во Австралија (1985) ги завршува студиите по историја и мултикултура на Викторија универзитетот во Мелбурн, каде што и магистрира (1997) на темата „Оспорен идентитет: Македонците во современа Австралија“. По неколкугодишни истражувања на Универзитетот, ги …

НАЈДОВСКИ, Ицо Василев Прочитај »

НАЈДОВСКИ, Тихо

НАЈДОВСКИ, Тихо (Велес, 9. Ⅳ 1933 – Велес, 25. Ⅳ 2007) – поет, раскажувач и романсиер за деца и млади, поет, општественик. Воената и социјалната тематика, фантастичното и бајковидното, животот на детето во урбаната средина се теми во литературата за деца. ДЕЛА: стихозбирки: Цибрина, Ск., 1996; Увил, Ск., …

НАЈДОВСКИ, Тихо Прочитај »

НАЈЧЕСКА, Мирјана

НАЈЧЕСКА, Мирјана (Скопје, 24. Ⅺ 1956) – правник, унив. професор. Била претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, а потоа директор на Центарот за човекови права и разрешување конфликти. Р. Димче Најчески

НАЈЧЕСКИ, Димче Методиев

НАЈЧЕСКИ, Димче Методиев (Прилеп, 1925) – универ. проф. и виш научен соработник во Институтот за македонска литература во Скопје (во пензија). Бил учесник во НОАВМ и член на КПМ (1944). По Ослободувањето бил претседател на студентската младина на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и секретар на Универзитетскиот комитет …

НАЈЧЕСКИ, Димче Методиев Прочитај »

НАКА, Никола

НАКА, Никола (Скопје, 17. Ⅲ 1936) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1989) по групата предмети Организација, технологија и економика на изградбата. Пред да дојде на Факултетот (1975) работел во Франција на проектирање индустриски објекти (1963–66), потоа во скопските фирми „Бетон“ и „Маврово“. …

НАКА, Никола Прочитај »

НАКАЏИМА, Јуми

НАКАЏИМА, Јуми (Ѕуми Накадјима), (Токио, Јапонија, 1951) – јапонски лингвист-славист, русист, македонист, автор на два мали македонско-јапонски речника (и на македонско-јапонски разговорник), автор на статии за македонскиот јазик во јапонски енциклопедиски изданија и на статии посветени на семантиката и синтаксата на македонските заменки. З. Т.

НАКО

НАКО (ⅩⅤⅠⅠ в. ) – благородничко семејство во Сен Миклуш, доселено од Гевгелиско во втората половина на ⅩⅤⅠⅠ век. Христофор и ќирило во Сен Миклуш поседувале голем имот. Во 1790 г. со семе од Македонија се обиделе во Банат да произведуваат памук. Во Сен Миклуш отвориле земјоделско училиште. …

НАКО Прочитај »

НАКОВ-СКУБЕ, Перо

НАКОВ-СКУБЕ, Перо (Куманово, 1919 – Скопје, 13. Ⅺ 1942) – комунистички деец и организатор на НОАВМ. Бил шивач во Куманово (до 1935), а потоа во Бел-град, каде што се вклучил во синдикалното движење и станал член на СКОЈ (1935), подоцна и на КПЈ. По враќањето во Куманово (1939) …

НАКОВ-СКУБЕ, Перо Прочитај »

НАКОВ, штерјо Митев

НАКОВ, штерјо Митев (1948, Штип, Р. Македонија) & економист, познат македонски стопанственик. Работи во Македонски железници (1973&1983), најпрвин како раководител на Одделот за комерцијални работи и подоцна како директор на интерната банка во рамките на Македонските железници. Од 1983 г. е генерален директор и претседател на Управниот одбор …

НАКОВ, штерјо Митев Прочитај »

НАКОВА, Марија Благоева

НАКОВА, Марија Благоева (Радовиш, 30. Ⅸ 1946) – спец. по болести на устата и забите (1975), редовен проф. на Ст. ф. Магистрирала во 1976, а докторирала во 1980 г. Во повеќе мандати е продекан и декан на Ст. ф. Нејзиниот научен интерес е во унапредувањето на лекувањето на …

НАКОВА, Марија Благоева Прочитај »

НАКОВСКИ, Петре

НАКОВСКИ, Петре (с. Крчишта, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 17. Ⅶ 1937) – романсиер и преведувач од полски јазик, публицист и дипломат. Прв македонски амбасадор во Полска. Бил новинар во весниците „Вечер“ и „Нова Македонија“. Докторирал на Институтот за политички науки на Вроцлавскиот универзитет во Полска. Автор е …

НАКОВСКИ, Петре Прочитај »

НАКШБЕНДИ

НАКШБЕНДИ (ⅩⅠⅠ в.) – дервишки ред. Основан од Јусуф Хамадани (умрел во 1140 г.). Името го добил по Бахаудин Накшбенд (1389), кој одредил 11 правила. Ре-дот е близок до ортодоксниот ис-лам и сунетизмот, раширен е и во Македонија, а познат е и под името бекирија (тарикат-и бекирие). Најмногу …

НАКШБЕНДИ Прочитај »

НАЛЕ, Маргарит Атанасов

НАЛЕ, Маргарит Атанасов (Битола, 15. Ⅺ 1895 – Битола, 1970) – лекар. Дипломирал на Мед. ф. во Атина (1919). Работел како приватен и околиски лекар во Битола до пензионирањето (1961). Во октомври 1944 г. бил избран за прочелник на Одделението за здравство на Околискиот НОО за Битолско. Бил …

НАЛЕ, Маргарит Атанасов Прочитај »

НАЛЕТОСКИ, Александар Вангелов

НАЛЕТОСКИ, Александар Вангелов (Прилеп, 22. ⅩⅠⅠ 1939 – Скопје, 6. Ⅲ 1996) – ветеринар, вонреден професор на В. ф. во Скопје. Докторирал на В. ф. во Белград (1981). Бил научен советник во Ветеринарниот институт во Скопје и директор на Републичката управа за ветеринарство на РМ (1989–1993). Автор е …

НАЛЕТОСКИ, Александар Вангелов Прочитај »

НАНЕВСКИ, Душко

НАНЕВСКИ, Душко (Кратово, 1929 – Скопје, 1994) – поет, литературен критичар и есеист, уредник во издавачката куќа „Македонска книга“, научен работник во Институтот за македонска литература, член на ДПМ од 1954 г. Во своите книги критики и есеи преокупиран е со митовите и симболите, со тајните на поетскиот …

НАНЕВСКИ, Душко Прочитај »

НАПЕСКИ, Ѓоре

НАПЕСКИ, Ѓоре (Прилеп, 11. Ⅳ 1933 – Скопје, 4. Ⅴ 2007) – новинар, поет и раскажувач. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како новинар во Радио Прилеп, потоа во Радиотелевизија Скопје. Долгогодишен главен и одговорен уредник на прилепското сп. „Стремеж“. Поезијата на Ѓ. Напески, како што ќе забележи …

НАПЕСКИ, Ѓоре Прочитај »

НАРОДЕН ВЕЗ

НАРОДЕН ВЕЗ – орнаментиран дел на носијата. Македонската везбена народна орнаментика е мошне богата и разновидна. Секој регион во Македонија си има свои специфичности, изразени преку карактеристични мотиви и орнаменти за одредена микрозаедница. Македонскиот народен вез се одликува со исклучителна декоративност, хармоничност и отсуство на секаква пластичност при …

НАРОДЕН ВЕЗ Прочитај »

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РМ

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РМ (ОМБУДСМАН) – орган за заштита на правата на граѓаните. Овој орган ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што вршат јавни овластувања. Народниот правобранител го избира Собранието на …

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РМ Прочитај »

НАРОДЕН ФРОНТ НА МАКЕДОНИЈА

НАРОДЕН ФРОНТ НА МАКЕДОНИЈА (2–3 Ⅷ 1945–1991) – масовна политичка организација формирана пред Втората светска војна, активна во времето на Антифашистичката националноослободителна војна во Македонија (1941-1944) и по ослободувањето на земјата. НФ функционирал како продолжена рака на КПМ, но и на органите на борбата и органите на новата …

НАРОДЕН ФРОНТ НА МАКЕДОНИЈА Прочитај »

НАРОДНА БАНКА НА РМ

НАРОДНА БАНКА НА РМ – централна, емисиона банка на РМ. Формирана е на 19. Ⅹ 1946 г., со спојување на Македонската стопанска банка со Народната банка – филијала Скопје, а прв главен директор е д-р Тодор Мировски (1904–1959). Од почетокот на 1947 г. го носи називот НБ на …

НАРОДНА БАНКА НА РМ Прочитај »

НАРОДНА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ВО СКОПЈЕ

НАРОДНА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ВО СКОПЈЕ (1935 –) – библиотека со 26 клона и библиобус: четири клона во Општина Центар, во населбите Бутел Ⅱ, Скопје-Север, Лисиче, „13 Ноември“, Пржино, Јане Сандански, Карпош Ⅲ, Тафталиџе, Карпош И, Ѓорче Петров И, Ѓорче Петров Ⅱ, Бит Пазар, Автокоманда, Ченто (3 библиотеки), Чаир, …

НАРОДНА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ВО СКОПЈЕ Прочитај »

НАРОДНА МУЗИКА

НАРОДНА МУЗИКА – македонска традиционална музика создавана и практикувана низ повеќевековни периоди во минатото. Тоа е главно музика што била поврзана со животот во селските средини. Во ⅩⅠⅩ в. започнал поинтензивниот развој на градската народна култура, а во нејзините рамки и традиционалната градска музика. Таа била создавана на …

НАРОДНА МУЗИКА Прочитај »

НАРОДНА НОСИЈА

НАРОДНА НОСИЈА – значајна компонента за проучувањето на етничкото и културното минато на народот или на некоја етничка група и е еден од најмоќните показатели за нивното естетско и уметничко ниво. Во себе ја содржи функцијата на обележје на социјалниот и културниот статус на личноста во етнички и …

НАРОДНА НОСИЈА Прочитај »

НАРОДНА ФЕДЕРАТИВНА ПАРТИЈА

НАРОДНА ФЕДЕРАТИВНА ПАРТИЈА (Солун, 1909–1910) – политичка партија. Се пројавила во средината на јануари 1909 г. како партија во формирање, со весникот „Народна волја“, кој почнал да излегува од 17. И 1909 г. До одржувањето на основачкиот конгрес биле формирани месни организации во голем дел од Македонија. Основачкиот …

НАРОДНА ФЕДЕРАТИВНА ПАРТИЈА Прочитај »

НАРОДНИ ОРА

НАРОДНИ ОРА – македонска орска традиција создавана и практикувана низ повеќевековни периоди во минатото. Во ⅩⅠⅩ в. започнал поинтензивниот развој на градската народна култура, а во нејзините рамки и на градската орска традиција, која на традиционален начин се создавала сè до педесеттите години на минатиот век, кога почнало …

НАРОДНИ ОРА Прочитај »

НАРОДНИ СУДОВИ

НАРОДНИ СУДОВИ – органи на судската власт во НР Македонија. Зародок на овие органи се судските инстанции предвидени во Правилникот за правосудните органи донесен на Рилскиот конгрес на ВМРО (1905). На 20. Ⅹ 1944 г. Президиумот на АСНОМ донесе Решение за формирање народни судови. На 31. Ⅲ 1945 …

НАРОДНИ СУДОВИ Прочитај »

НАРОДНИ УНИВЕРЗИТЕТИ

НАРОДНИ УНИВЕРЗИТЕТИ – андрагошки институции за образование и културно воздигнување на народот. Во Македонија се појавуваат меѓу двете светски војни. Првиот народен универзитет е основан во Скопје (1920), со помош на тогаш формираниот Фи- Одлуката за основање на Првиот народен универзитет во Скопје (1920) лозофски факултет и работи …

НАРОДНИ УНИВЕРЗИТЕТИ Прочитај »

НАРОДНИ ХЕРОИ

НАРОДНИ ХЕРОИ – највисоко воено одликување за загинатите и живите учесници во НОАВЈ/НОАВМ воведено со наредба на ВШ на НОВ и ДФЈ („Билтен“ на ВШ и ДВЈ, бр, 12–13, Положај, декември 1941 – јануари 1942). Првото прогласување било во февруари 1942 г., а до 15. Ⅶ 1943 г. …

НАРОДНИ ХЕРОИ Прочитај »

НАРОДНО ГРАДИТЕЛСТВО

НАРОДНО ГРАДИТЕЛСТВО – најобемен дел од традиционалната архитектура што вклучува разни типови објекти, ансамбли, разгледувани во потесни или пошироки територијални ограничувања, географски и климатски детерминанти. Овие објекти речиси по правило се дел од анонимниот градителски репертоар, опфаќајќи ги сите слоеви на животот според принципите на организацијата на традиционалните …

НАРОДНО ГРАДИТЕЛСТВО Прочитај »

НАРОДНО СОБРАНИЕ НА НРМ

НАРОДНО СОБРАНИЕ НА НРМ – врховен орган на државната власт и претставник на народниот суверенитет на Народна Република Македонија. Се воведува со Уставот на НРМ од 1946 г. како еднодомно претставничко тело непосредно избрано од граѓаните на мандатен период од четири години. На изборите одржани на 3. ⅩⅠⅠ …

НАРОДНО СОБРАНИЕ НА НРМ Прочитај »

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „СТИВ НАУМОВ“

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „СТИВ НАУМОВ“ (околината на Лерин, 11. Ⅺ 1943 – крајот на август 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ, позната и како „Овчаров баталјон“. Бил формиран од делови на Битолскиот НОПО „Гоце Делчев“ и Преспанско-охридскиот НОПО „Даме Груев“ и веднаш водел борби против бугарските гранични …

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „СТИВ НАУМОВ“ Прочитај »

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „СТРАШО ПИНЏУР“

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „СТРАШО ПИНЏУР“ (Прв баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ) (пл. Кајмакчалан, 24. Ⅸ 1943 – с. Фуштани, Егејскиот дел на Македонија, 20. ⅩⅠⅠ 1943) – воена единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од 126 борци на НОПО „Добри Даскалов“, НОПО „Сава Михајлов“ …

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „СТРАШО ПИНЏУР“ Прочитај »

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН МЛАДИНСКИ СОЈУЗ

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН МЛАДИНСКИ СОЈУЗ (НОМС) (Егејскиот дел на Македонија, 1945–1949) – македонска национална и политичка младинска организација формирана на 23. Ⅳ 1945 г. Организацијата дејствувала во 4 округа: Костурскиот, Леринскиот, Воденскиот и Гуменџиско-ениџевардарскиот округ, во 7 околии, 3 града и во 183 села. НОМС имал речиси 5.000 члена. Секретар …

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН МЛАДИНСКИ СОЈУЗ Прочитај »

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН МЛАДИНСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН МЛАДИНСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА (1944) – антифашистичка организација на македонската младина во времето на Втората светска војна. Во условите на бугарската и италијанско-албанската окупација, актив- Факсимили од Организационата резолуција на Првиот конгрес на НОМСМ (22. ⅩⅠⅠ 1943) рани Младински одбор за Македонија (Ⅸ 1942), ПК на СКОЈ …

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН МЛАДИНСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА Прочитај »

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ (атарот на с. Габровник, Велешко, во втората половина на септември 1942 – Дебарца, 18. Ⅷ 1943) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран во рамките на извршената реорганизација на партизанските единици во Велешко и Прилепско од борците на НОПО „ Пере …

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ Прочитај »