НАКШБЕНДИ

НАКШБЕНДИ (ⅩⅠⅠ в.) – дервишки ред. Основан од Јусуф Хамадани (умрел во 1140 г.). Името го добил по Бахаудин Накшбенд (1389), кој одредил 11 правила. Ре-дот е близок до ортодоксниот ис-лам и сунетизмот, раширен е и во Македонија, а познат е и под името бекирија (тарикат-и бекирие). Најмногу приврзаници имал во Ениџе Вардар и во Тетово. ЛИТ.: Александар Матковски, Отпорот во Македонија, Ⅱ, Скопје, 1983; Ѓемал Чехајиќ, Институционални тасањуф – исламски мистицизам, Гласник Врховног исламског старјешинства, бр. 5, Сарајево, 1980; Надир БилменоЃлу, Калканделен дњн ве бугњн, Истанбул, 1975. Др. Ѓ.