НИКОЛОВ-КАМБУРСКИ, Гроздан

НИКОЛОВ-КАМБУРСКИ, Гроздан (с. Клисура, Горноџумајско, 16. Ⅳ 1908 – Горна Џумаја, 20. Ⅷ 1942) – истакнат македонски револуционер, комунист. Прогонуван од полицијата и од ВМРО на Иван Михајлов, емигрирал во Кралството на СХС (1925), а оттаму во СССР (1926). Во Одеса завршил Партиска школа, авоМосква Виша партиска школа. Се вратил во родниот крај (1936), станал секретар на Окружниот комитет на БКП за Пиринскиот крај (1937–1941), бил еден од првите партизани. Уапсен (Ⅱ 1942), осуден на смрт и обесен во Горноџумајскиот затвор заедно со Станке Лисичков и Владо Чимев. ЛИТ.: Славчо Воденичаров, Гроздан Николов, Пирински соколи, София, 1970; БезсмÍртните 1922/1944, зб.: Загинали в борба против капитализма и фашизма от Благоевградски окрÍг, София. В. Јот. Христо Николов-Македонски