ДЕМНИЕВА КУЗМАНОВСКА, Благојка (Велес, 1920 – Скопје, 1999) – наставник, комунистички деец и борец. Како студент на Белградскиот универзитет, била член на КПЈ (1940), на МК на КПЈ и на МК на СКОЈ во Велес (есента 1941). Била уапсена од бугарската полиција (декември 1941), а по шестмесечното иследување е интернирана во Златоград (Бугарија), до почетокот… Continue reading ДЕМНИЕВА КУЗМАНОВСКА, Благојка
Tag: Д
ДЕМНИЕВСКИ, Алекса
ДЕМНИЕВСКИ, Алекса (псевд. Бауман) (Велес, 1905 – Белград, 5. IX 1961) – припадник на работничкото и комунистичкото движење, учесник во шпанската граѓанска војна, генерал-потполковник на ЈНА. Бил член на КПЈ (од 1926). Во 1928 г. отишол во СССР, каде што го завршил Комунистичкиот универзитет (1932). Бил на разни должности во Московската об-ласт, а во 1934… Continue reading ДЕМНИЕВСКИ, Алекса
ДЕМОГРАФИЈА
ДЕМОГРАФИЈА – наука за населението. Таа се дефинира како општествена наука за развојот на населението (популацијата). Ги опфаќа како компонентите на природното и механичкото движење, така и промените во структурата на населението. На некои факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (Економски, Филозофски, Медицински и др.) таа е застапена во наставните планови како предмет формална… Continue reading ДЕМОГРАФИЈА
ДЕМОГРАФСКА ТРАНЗИЦИЈА
ДЕМОГРАФСКА ТРАНЗИЦИЈА – преод од еден кон друг модел на репродукција на популацијата. Во РМ, врз основа на пројавените демографски трендови (стапката на наталитет од 40,7‰ за 1948 г. е намалена на 13,8‰, 2002 г.), може да се заклучи дека е при крај процесот на демографската транзиција. Во исто време, тоа би значело дека државата… Continue reading ДЕМОГРАФСКА ТРАНЗИЦИЈА
ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА
ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА (2. Ⅷ 1944 – 15. Ⅳ 1945) – првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) одржано на ослободената национална територија во манастирот „Св. Отец Прохор Пчињски”, на Илинден (2. Ⅷ 1944), го прогласи создавањето на македонската национална држава во Вардарскиот дел на Македонија – Демократска Македонија, како рамноправна единица… Continue reading ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА
ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО
ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО (јануари 1990) – партија основана од демократски ориентирани Македонци од емиграцијата во Европа, со привремено раководно тело – Координативен совет на ДПМНЕ, под претседателство на Драган Богдановски. Координативниот совет (23. И) упатил писмено барање до Собранието на СФРЈ, СИС, до Собранието и Извршниот совет на СРМ за право Демократската… Continue reading ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО
ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА АЛБАНЦИТЕ
ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА АЛБАНЦИТЕ -. политичка партија на етничките Албанци во РМ, формирана во 1997 г., како конкурент на ПДП. ДПА е создадена со обединување на Партијата за демократски просперитет на Албанците од 1994 г. и на Народната демократска партија, формирана во 1990 г. На парламентарните избори (1998) г. освојува 16 пратенички места и формира… Continue reading ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА АЛБАНЦИТЕ
ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ВОЈВОДИНА
ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ВОЈВОДИНА (Нови Сад, 25. Ⅴ 2004) – политичка партија формирана за да ги застапува интересите на Македонците во Војводина за остварување на малцинските права предвидени со Уставот на државата. На основачкото собрание биле донесени актите и програмата на Партијата. За претседател на Партијата бил избран д-р Драган Вековски. ЛИТ.: Гојко… Continue reading ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ВОЈВОДИНА
ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА
ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА (ДУИ) – политичка партија на етничките Албанци во Македонија, формирана во јуни 2002 г. Составена е од јадрото на парамилитарната формација Ослободителна народна армија, која во текот на 2001 г. учествуваше во војната против оружените сили на РМ. На парламентарните избори во септември 2002 г. ДУИ освои 16 пратенички места и… Continue reading ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА
ДЕМОКРАТСКИ ФРОНТ НА МАКЕДОНИЈА ИЛИНДЕН
ДЕМОКРАТСКИ ФРОНТ НА МАКЕДОНИЈА „ИЛИНДЕН . 1903” (1945-1946) – конспиративна политичка организација во НРМ, основана да дејствува за остварување на илинденскиот идеал за самостојна независна македонска држава. Пред одржувањето на Париската мировна конфернција, Организацијата подготвила Меморандум (1946) со кој од владите на големите Сојузнички сили: САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз барала на македонскиот народ,… Continue reading ДЕМОКРАТСКИ ФРОНТ НА МАКЕДОНИЈА ИЛИНДЕН
ДЕМОСТЕН
ДЕМОСТЕН . (с. Пајанија, 384 – о. Калаурија, 322 г. пр.н.е.) – најславниот ретор и атински политичар; се прославува со политичките говори против македонскиот крал Филип Ⅱ (359–336) наречени „Филипики”. Неуморно и прецизно ги следи дејствата и успесите на Филип како непријател на Атина и на сите Хелени, ја истраАтинскиот говорник и политичар Демостен жува… Continue reading ДЕМОСТЕН
ДЕН НА ВОСТАНИЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА
ДЕН НА ВОСТАНИЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (11. Ⅹ 1941) – државен празник на РМ. По одлука на ПК на КПЈ за Македонија, Прилепскиот партизански одред извршил напад на бугарскиот полициски участок, затворот и ТТ линиите во Прилеп и го означил организираниот почеток на оруженото востание во Македонија против фашистичките окупатори,… Continue reading ДЕН НА ВОСТАНИЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА
ДЕН НА ЖЕНАТА
ДЕН НА ЖЕНАТА (8 Март) – ден на меѓународната солидарност на жените во нивната борба за еманципација и за промена на општествениот статус за економска и политичка рамноправност, востановен на Конгресот на Втората интернационала во Копенхаген (1910). Во Македонија прв собир на жените на кој се расправало за положбата на жената бил одржан во Скопје,… Continue reading ДЕН НА ЖЕНАТА
ДЕН НА РУДАРИТЕ ОД РМ
ДЕН НА РУДАРИТЕ ОД Република Македонија(28 август) – празник на рударите во РМ, во спомен на штрајкот на рударите од Рудникот Лојане, Кумановско (1929) за подобрување на работните услови и зголемување на личните доходи. С. Мл.
ДЕН НА СОЛИДАРНОСТА
ДЕН НА СОЛИДАРНОСТА (Скопје, 26 јули) – денот на жртвите од скопскиот земјотрес и Ден на солидарноста. На 26. Ⅶ 1963 во 5.17 ч. Скопје, главниот град на РМ, го погодил катастрофален земјотрес. Загинале 1070, а биле повредени над пет илјади граѓани. Најмногу настрадал центарот каде се сметало дека бил епицентарот. Земјотресот ги нарушил основните… Continue reading ДЕН НА СОЛИДАРНОСТА
ДЕН НА ТРУДОТ
ДЕН НА ТРУДОТ (1 Мај) – меѓународен празник на трудот, симбол на пролетерската солидарност во знак на сеќавањето на чикашките работнички демонстрации (1886) за 8-часовно работно време и социјално законодавство. Одлуката за негова прослава ја донела Ⅱ интернационала. Во Македонија првпат бил одбележан во ции имало по Младотурската револуција, на кои, освен искажаната солидарност со… Continue reading ДЕН НА ТРУДОТ
ДЕНАР
ДЕНАР – парична единица во Стариот Рим (искован првпат во 268 г. пр.н.е.), денес во РМ, слична и во други делови на светот (Србија, Иран, Ирак, Јордан, Кувајт и др.). Во средниот век бил парична база во повеќе германски, италијански и словенски држави. Во ⅩⅠⅩ в. бил платежно средство во Србија (динар), а во ⅩⅩ… Continue reading ДЕНАР
ДЕНАР
ДЕНАР – сребрена монета (денариус) што била пуштена во оптек во римскиот монетарен систем во 1896 г., а помасовни манифеста-211 г. пр.н.е. Денарите станале Зградата на бугарскиот полициски участок во Прилеп главни и најпопуларни ковани монети, кои биле дел од римскиот монетарен систем сè до почетокот на Ⅲ в. Првобитната вредност на денарот била 10… Continue reading ДЕНАР
ДЕНАР сребрена монета
ДЕНАР – сребрена монета (денариус) што била пуштена во оптек во римскиот монетарен систем во 1896 г., а помасовни манифеста-211 г. пр.н.е. Денарите станале Зградата на бугарскиот полициски участок во Прилеп главни и најпопуларни ковани монети, кои биле дел од римскиот монетарен систем сè до почетокот на Ⅲ в. Првобитната вредност на денарот била 10… Continue reading ДЕНАР сребрена монета
ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ВО РМ
ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ВО Република Македонија– процес на враќање на имотите национализирани по 2. Ⅷ 1944 г. (в. национализација), врз основа на разни прописи: за општо одземање имоти и за ограничување на сопственоста, за одземање на сопственоста заради остварување општокорисни цели, за одземање имоти врз основа на конфискација, кога оваа мера имала типично идеолошка конотација (главно до… Continue reading ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ВО РМ
ДЕНДРАМИС, Василис
ДЕНДРАМИС, Василис (1883-1956) – грчки дипломат и заменик-министер во Владата на Грција (1947-1950), претставник на Грција во Друштвото на народите (1920-1928). Во врска со македонското малцинско прашање во Грција во ДН (1925) го поддржал издавањето на букварот на македонски јазик, насловен Абецедар, за настава во училиштата за македонските деца во Егејскиот дел од Македонија. Го… Continue reading ДЕНДРАМИС, Василис
ДЕНДРОЛОГИЈА
ДЕНДРОЛОГИЈА – наука што ги проучува дрвенестите видови растенија (дрвја и грмушки). Името го добила од грчките зборови дендрон – дрво и логос – наука. Во зависност од тоа кои дрвенести растенија ги проучува, се дели на: а) шумарска, б) парковска или хортикултурна и в) овоштарска. Како научна дисциплина ги проучува следните карактеристики на дрвенестите… Continue reading ДЕНДРОЛОГИЈА
ДЕНДРОФЛОРА
ДЕНДРОФЛОРА. Дендрофлората на Република Македонијаја сочинуваат 319 вида дрвја и грмушки, со повеќе од 80 подвидови и вариетети, во рамките на 119 рода и 54 фамилии, а 16% од вкупниот број видови се балкански ендемити, субендемити или реликти. Првите белешки за македонската флора ги направил А. Буе (А. Боуе) во првата половина на ⅩⅠⅩ в,… Continue reading ДЕНДРОФЛОРА
ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА
ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА . – фестивал на кој се претставува творештвото на македонските композитори на класична музика. Го организира Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ). Првпат се одржа во 1988 г. Со својата стимулативна политика одигра значајна улога во поттикнувањето и афирмацијата на македонското музичко творештво. Преку 300 дела својата премиерна изведба ја доживеале… Continue reading ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА