ДЕН НА ТРУДОТ

ДЕН НА ТРУДОТ (1 Мај) – меѓународен празник на трудот, симбол на пролетерската солидарност во знак на сеќавањето на чикашките работнички демонстрации (1886) за 8-часовно работно време и социјално законодавство. Одлуката за негова прослава ја донела Ⅱ интернационала. Во Македонија првпат бил одбележан во ции имало по Младотурската револуција, на кои, освен искажаната солидарност со меѓународниот пролетаријат, биле истакнувани и националноослободителни барања под мотото: Македонија на Македонците и федерализирање на османлиската држава. Манифестациите во времето на војните биле за осуда на војната и за неделива Македонија, како посебна држава. Во периодот меѓу двете светски војни биле за осуда на окупаторските режими и за ослободување и обединување на Македонија во самостојна држава. Во времето на НОБ биле прославувани под знакот на победата. По Ослободувањето бил прогласен за дводневен државен празник. ЛИТ.: Работничкото и комунистичкото движење во Македонија, Скопје, 1970; Хронологија радничког покрета и СКЈ, 1919– 1970, Београд, 1980. О. Ив. Денар, монета од современата национална валута