ДАБ

ДАБ . (Љуерцус Л., фам. Фагацеае) – родот опфаќа околу 300 вида, распространети во северната хемисфера. Листопадни или трајно зелени дрвја или грмушки, со широко разгранети круни, со прости листови, варијабилни по форма. Еднодомни со еднополни цветови. Плодовите се желади, обвиени со чашковидна капа (купола), зреат во првата или во втората година. Кај нас се среќаваат: а) благун (крастун) (Љ. пубесценс Њиллд.) – листопаден даб од јужна Европа. Дрво високо

Прочитај »

ДАБЕСКИ, Петко

ДАБЕСКИ, Петко (с. Волковија, Тетовско, 15. Ⅹ 1939) – електроинженер, поет, антологичар и општественик. Завршил гимназија во Тетово и дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград. Работел на проектирање, изградба и експлоатација на високонапонски разводни постројки и хидроелектрични централи. Бил претседател на Општинското собрание на Тетово. Првите песни ги објавил во 1955 г. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата (1987). БИБ. Третиот потег, Скопје, 1982; Слободен

Прочитај »

ДАБЈЕ-ГРАМАЃЕ, Барово, Неготинско

ДАБЈЕ-ГРАМАЃЕ, Барово, Неготинскохероон од римско време, во долината на р. Бошава, 17 км јужно од Неготино. На темето од благо возвишение бил подигнат репрезентативен хероон во вид на храм, на висок подиум со вестибил, цела и хипогеум. Откриени се 15 камени архитектонски елементи од таванско-покривната конструкција, меѓу кои и Македонски даб 4 плочи со плитко вдлабени правоаголни полиња, на кои во релјеф се претставени ара, стилизиран делфин и

Прочитај »

ДАБНИЦА

ДАБНИЦА – село во Прилепско, во југозападното подножје на Бабуна, северно од Прилеп, на 605 м н. в. Во месноста Гарван бил формиран НОПО „Димитар Влахов“ (16. Ⅴ 1942). За соработката и вклученоста во Народноослободителното движење, бугарските окупаторски сили извршиле масовен терор и масакар во селото. Биле уапсени 62 селани (на возраст од 16–60 години) и заедно со 8 други затвореници од Прилеп биле одведени во месноста Дабнички Завој и

Прочитај »

ДАВИД

ДАВИД (? – 976) – комитопул, најстариот син на комитот Никола. Со помладите браќа (Мојсеј, Арон и Самуил) се побуниле против бугарската (969) и византиската власт (976), по што владееле независно. Тој ја имал врховната власт. Набргу бил несреќно убиен од Власи сточари во месноста Убави Дабови, меѓу Костур и Преспа. Самуил го спомнува во епитафот (992/993). ЛИТ.: Ј. Иванов, Български старини из Македония. Фототипно издание, София, 1970, 23–25; С.

Прочитај »

ДАВИДОВСКИ, Киро

ДАВИДОВСКИ, Киро (Куманово, 24. Ⅻ 1932 – Скопје, 2003) – обоист. Еден од првите музичари во Македонија со факултетска диплома за дувачки инструменти. Дополнително се усовршувал на Академијата „Санта Чечилија” во Рим. Бил прв обоист на Македонската филхармонија и развил богата концертна активност во земјава и во странство. Настапувал во многу земји во светот, меѓу кои и во: САД, Германија, Франција, шпанија, Мексико и др. Имал извонредно голем репертоар во

Прочитај »

ДАВИНА КУЛА, Чучер

ДАВИНА КУЛА, Чучер (Орман), Скопско – антички и рановизантиски град, 12 км северно од центарот на Скопје. Издолжен рид што доминира над самиот пат и влезот во Качаничката Клисура и се издига 200–230 м над р. Лепенец. Градот бил компониран од акропол со елипсовидна форма, со заштитен ѕид во цврста малтерна техника (185 х 110 м), и од приближно правоаголен северен град, со централен градски плоштад – форум (150 х

Прочитај »

ДАВИТКОВСКИ, Петар

ДАВИТКОВСКИ, Петар (с. Калниште, ПробиШтип, 25. Ⅹ 1911 – Скопје, 1996) – протојереј-ставрофор, свештенослужител, душегрижник, старешина, воспитувач, професор и пратеник во Богословијата. Во 1935 г. ја завршил шестгодишната Виша богословија во Битола, во која како ученик учествувал во бунтот на учениците (1934) за одбрана на македонскиот јазик. Од 1936 до 1941 г. работел како вероучител во Куманово. Во 1937 примил ѓаконски, а во 1941 г. и свештенички чин. Бил член

Прочитај »

ДАВКОВ, Благој

ДАВКОВ, Благој (Скопје, 21. Ⅰ 1921 – Скопски централен затвор, 21. Ⅰ 1943) – машинобравар, комунистички деец и првобо Дабничкиот масакр (1942) рец. Како вработен во работилницата на Папа Теодоси (1938), се вклучил во УРС-овите синдикати, станал член на КПЈ (од пролетта 1940) и член на МК на КПЈ во Скопје (од септември 1940). Во НОАВМ бил член на диверзантска група (јули 1941), борец на Првиот скопски НОПО (од 22.

Прочитај »

ДАВКОВ, Павле

ДАВКОВ, Павле (Скопје, 21. Ⅵ 1925 – Вашингтон, 12. Ⅴ 1978) – национален деец и политичар, учесник во НОБ (од 1942) и скоевски раководител. По Ослободувањето работел како висококвалификуван механичар и директор на Претпријатието за ремонт и сервис „Механика“ во Скопје. Во своето политичко и стручно усовршување, дипломирал на Вишата партиска школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Белград и на Вишата економско-комерцијална школа, а апсолвирал на Економскиот факултет во Скопје. Вршел разни

Прочитај »

ДАВЧЕВ КАСО, Славко Томов

ДАВЧЕВ КАСО, Славко Томов (Долно Чичево, Велешко, 23. Ⅰ 1921 – Клиново, Кавадаречко, 20. Ⅰ 1943) – работник, револуционер и борец на ВПО „Димитар Влахов” (од јуни 1942). Член на СКОЈ од 1939, а на КПЈ од 1940 г. Во текот на 1941 и 1942 г. собирал оружје, разнесувал летоци, организирал воени курсеви и вршел подготовки за излегување во партизани. Учествувал во сите борбени акции на Одредот. Загинал во судир

Прочитај »

ДАВЧЕВ, Данчо

ДАВЧЕВ, Данчо (Скопје, 9. Ⅳ 1949) – ред. проф. по информатика на ЕТФ во Скопје и раководител на Центарот за далечинско образование. Дипломирал на ЕТФ во Белград (1972), со звање „Доцтор Ингениеур” се здобил на Универзитетот во Орсеј, Париз (1975), а докторирал на ЕТФ во Белград (1981). Престојувал на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего (САД) во 1984/85 г. Неговата студија „А Дѕнамиц Вотинг Сцхеме ин Дистрибутед Сѕстемс” е презентирана во

Прочитај »

ДАВЧЕВ, Пенчо Јорданов

ДАВЧЕВ, Пенчо Јорданов (Велес, 15. Ⅵ 1922 – Скопје, 25. XI 1995) – интернист–гастроентеролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, академик. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1948). Специјализација по внатрешни болести завршил во 1952 г. Го одбранил хабилитациониот труд „Прилог кон биолошката дијагностика на функционалните и органските заболувања на стомакот” (1957). За редовен проф. бил избран во 1969 г. Бил продекан во два мандатни периода, декан на Мед.

Прочитај »

ДАВЧЕВСКИ, Ристо

ДАВЧЕВСКИ, Ристо (с. Долни Дисан, Неготинско, 6. Ⅲ 1935) – новинар, писател за деца и илустратор. Завршил средно училиште и студирал на Филозофскиот факултет. Бил уредник на Радиотеатарот за деца на Радио-Скопје. Автор е на повеќе книги со песни, басни, раскази, пиеси, радиодрами, повести и романи. Член е на ДПМ (од 1971). Особен успех постигнал со комедијата за деца „Мустаќите на генералот Рококајко“. БИБ.: Дождовни капки, Скопје, 1964 (поезија); Далечна

Прочитај »

ДАГЛАРЏА, Фазил Хисни

ДАГЛАРЏА, Фазил Хисни (Хüснü Фазил Дагларçа) (Истанбул, 26. Ⅷ 1914) – турски поет. Во 1959 г. отворил книжарница и почнал да издава книжевно списание. Првата поетска збирка ја објавил во 1935 под наслов Свет насликан во воздух со која веднаш го свртел вниманието на љубителите на поезијата и книжевната критика. Во секоја поетска книга внесувал новини. Не припаѓал на ниедна школа. Во 1974 г. го добил Златниот венец на СВП.

Прочитај »

ДАЈБОГ

ДАЈБОГ – бог на сонцето кај Словените. Син на Сварог – бог на небото или бог небо и брат на Сварожич – бог на огнот. ЛИТ.: Трајан Митревски прота, Православна христијанска апологетика, Скопје, 1983; Лазар Милин, протоереј, Научно оправдање религије, Апологетика, 2, Београд, 1977. Рат. Гр.

Прочитај »

ДАЈРЕ

ДАЈРЕ – . народен музички мембранофон инструмент од кружен дрвен обрач на кој од едната страна е затегната кожа, а на неколку места на обрачот се прикачени по две тркалезни метални плочки што ѕвечат при удирањето и тресењето. Кај муслиманите, претежно, го употребуваат жените како придружник на песните, а кај Македонците христијани најприсутно било во чалгиските состави. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 34. Ѓ.

Прочитај »

ДАЈРЕ –

ДАЈРЕ – . народен музички мембранофон инструмент од кружен дрвен обрач на кој од едната страна е затегната кожа, а на неколку места на обрачот се прикачени по две тркалезни метални плочки што ѕвечат при удирањето и тресењето. Кај муслиманите, претежно, го употребуваат жените како придружник на песните, а кај Македонците христијани најприсутно било во чалгиските состави. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 34. Ѓ.

Прочитај »

ДАЛАСИН, Дамјан

ДАЛАСИН, Дамјан (XI в.) – византиски благородник и војсководец. Бил назначен за дукс на Скопје (1072), по избувнувањето на востанието на Ѓорѓи Војтех и по прогласувањето на Бодин за цар. Ја предводел византиската војска во решавачката битка со востаниците кај Призрен, но бил поразен и паднал во заробеништво. ЛИТ.: С. Лишев, Към въпроса за неуспеха на въстанието в Македония през 1072, Исторически преглед, 1, 1956. К. Аџ.

Прочитај »

ДАЛКАЛЧЕВ, Христо

ДАЛКАЛЧЕВ, Христо (с. Владово, Воденско, 1878 – Софија, по 1944) – просветен и национален деец, унив. професор. Ја завршил Духовната семинарија во Цари-град, а потоа како главен учител во Гевгелија бил раководител на МК на ТМОРО. Одржувал писмени контакти со четите на војводите Сава Михајлов и Апостол Петков Терзиев. Со намера да студира медицина, во време на Бајалската афера (1902) преку Бугарија емигрирал во С.-Петербург, а потоа, од здравствени причини,

Прочитај »