ДАВИТКОВСКИ, Петар

ДАВИТКОВСКИ, Петар (с. Калниште, ПробиШтип, 25. Ⅹ 1911 – Скопје, 1996) – протојереј-ставрофор, свештенослужител, душегрижник, старешина, воспитувач, професор и пратеник во Богословијата. Во 1935 г. ја завршил шестгодишната Виша богословија во Битола, во која како ученик учествувал во бунтот на учениците (1934) за одбрана на македонскиот јазик. Од 1936 до 1941 г. работел како вероучител во Куманово. Во 1937 примил ѓаконски, а во 1941 г. и свештенички чин. Бил член на Иницијативниот одбор на Македонската православна црква и учесник на Првиот, Вториот и Третиот црковно-народен собор, при прогласувањето на МПЦ. ЛИТ.: Доне Илиевски, Македонското православно свештенство во борба за национална и црковна слобода, Скопје, 1987. Рат. Гр.