ДАСКАЛОВ, Јосиф (Кратовско, 1868 – 1909) – учител и деец на ТМОРО. Бил учител во Скопје и во Кратово. Гоце Делчев го вклучил во ТМОРО како раководител на Кратовскиот револуционерен реон. Во Виничката афера (1897) бил уапсен и по ѕверското мачење, ги излагал мачителите дека во Кратово има скриена архива на ТМОРО, па кога ноќе… Continue reading ДАСКАЛОВ, Јосиф
Tag: Д
ДАУТ-ПАшИН АМАМ
ДАУТ-ПАшИН АМАМ (Скопје, ⅩⅤ в.) – споменик на културата. Подигнат од Даут-паша, румелиски и анадолиски беглербег и голем везир на султанот Бајазит Ⅱ (1481–1512). Двоен амам (имал машки и женски дел), со површина од 900 м². Реставриран е повеќепати, при што изгубил доста од својата оригиналност. Денес во него се наоѓа уметничка галерија. ЛИТ.: Лидија… Continue reading ДАУТ-ПАшИН АМАМ
ДАУТОВСКИ, Драган
ДАУТОВСКИ, Драган (с. Русиново, Беровско, 21. XI 1957) – свирач на народни инструменти и ав-тор. Го оформи (1992) Оркестарот од народни инструменти „Миле Коларовски”, со кој разви голема концертна активност. Подоцна е еден од втемелувачите на групата „Синтезис”. На крајот од деведесеттите години на ⅩⅩ в. го оформи квартетот Драган Даутовски, со кој одржа голем… Continue reading ДАУТОВСКИ, Драган
ДАЧОВ, Стерио
ДАЧОВ, Стерио (с. Старичани, Костурско, 1917) – национален деец. Пред Втората светска војна се вклучил во комунистичкото движење. Бил политички комесар на резервен баталјон на ЕЛАС (1943-1944), член на Окружниот комитет на КПГ за Костурско (1945-1946), политички комесар на баталјон на ДАГ (1947-1949) и секретар на Окружниот комитет на Комунистичката организација на Егејска Македонија (КОЕМ,… Continue reading ДАЧОВ, Стерио
ДВАЕСЕТ И ПРВА ВАФЕН
ДВАЕСЕТ И ПРВА ВАФЕН – СС БРДСКА ДИВИЗИЈА „СКЕНДЕРБЕГ” (првата половина – ноември 1944) – квислиншка воена единица, формирана од Албанци од Западна Македонија (Тетово и Гостивар) и од Косово (Пеќ, Приштина и Ѓаковица) и со една третина од вкупниот состав – Германци. Нејзиното формациско пополнување и формирање потрајало до крајот на јуни 1944 г.,… Continue reading ДВАЕСЕТ И ПРВА ВАФЕН
ДВАЕСЕТ И ПРВА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА
ДВАЕСЕТ И ПРВА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (месност широк Дол, Беровско, 19. Ⅹ – декември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од околу 700 борци – еден баталјон на Четвртата македонска НО бригада, дел борци од Македонската НО бригада „Гоце Делчев” и новопристигнати борци. Била во составот на Педесет и првата (македонска)… Continue reading ДВАЕСЕТ И ПРВА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА
ДВАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА
ДВАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (месност широк Дол, Беровско, 18. Ⅹ – декември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од околу 700 борци и се наоѓала во составот на Педесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ. Дејствувала во реонот на Радовишко и Струмичко и во борбите за ослободување на Штип (23. Ⅹ).… Continue reading ДВАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА
ДВИЖЕЊЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ДООМ
ДВИЖЕЊЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА – ДООМ (1962-1984) – емигрантска македонска организација. Во шведска (1962) бил основан Ослободителен комитет на Македонија со цел да се создаде семакедонско национално движење за обединување на Македонија во самостојна македонска држава. На Вонредниот конгрес во Копенхаген (1971) била донесена одлука за издавање официјален орган – весникот „Македонска… Continue reading ДВИЖЕЊЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ДООМ
ДВИЖЕЊЕ ЗА САМООСОЗНАВАЊЕ И ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
ДВИЖЕЊЕ ЗА САМООСОЗНАВАЊЕ И ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ .1970” –. конспиративна македонска национална политичка организација во Пиринскиот дел на Македонија и на македонската емиграција во Софија (1968), составена од група македонски интелектуалци со цел да дејствува за признавање на македонската нација и да се бори за слободна обединета независна суверена македонска држава.… Continue reading ДВИЖЕЊЕ ЗА САМООСОЗНАВАЊЕ И ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
ДВОЈАНКА
ДВОЈАНКА (слагарка, двојно кавалче) – дрвен дувачки народен музички инструмент. Изработена е од дрво во надолжна призмовидна форма, со два паралелни цевчести отвора, со посебни засвирачи на горните отвори од мелодиските цевки („двојно кавалче“). На предната страна на десната мелодиска цевка има шест мелодиски отвори, а на другата мелодиска цевка има само еден мелодиски отвор… Continue reading ДВОЈАНКА
ДВОКРИЛЦИ
ДВОКРИЛЦИ (Диптера) – инсекти со два пара крилја. Добро е развиен само предниот пар, кој служи за летање; вториот пар крилја е редуциран во халтери. Усниот апарат е во вид на сурла, погоден за бодење или за лижење. Градниот дел кај овој ред инсекти е јасно одвоен од главата и стомакот. Познати се околу 180.000… Continue reading ДВОКРИЛЦИ
ДЕ БРЕЈ, Реџиналд Џорџ Артур
ДЕ БРЕЈ, Реџиналд Џорџ Артур (Региналд Георге Артхур де Браѕ) (Санкт Петербург 1912 – Канбера/Цанберра, Австралија, 28. Ⅴ 1993) – англиски филолог, славист, член на МАНУ надвор од работниот состав (1986), член-соработник (феллоњ) на Австралиската академија на хуманистичките науки. Во 1951 г. во Лондон го објавува првото издание на Гуиде то тхе Славоницс Лангуагес, во… Continue reading ДЕ БРЕЈ, Реџиналд Џорџ Артур
ДЕБАР
ДЕБАР – град во западниот дел на Република Македонија(14.561 ж.). Се наоѓа во Дебарската Котлина, југозападно од планината Дешат, на надморска висина од 700 м. Зафаќа површина од 360 ха. Климата е променето континентална со просечна годишна температура на воздухот од 11,8°С и просечна годишна количина на врнежи од 890 мм. Преку Д. поминува регионален… Continue reading ДЕБАР
ДЕБАРСКА КОТЛИНА
ДЕБАРСКА КОТЛИНА – се наоѓа на крајниот западен дел на Република Македонијаво поречјето на Црни Дрим и Радика, помеѓу планините Крчин од исток, Стогово од југоисток и Јабланица од запад. Котлината целосно не се наоѓа на територијата на нашата земја, а сообраќајно е доста изолирана. Сообраќајно со другите делови комуницира преку тесните и длабоки клисури… Continue reading ДЕБАРСКА КОТЛИНА
ДЕБАРСКИ БАЊИ
ДЕБАРСКИ БАЊИ – в. Бањиште – Дебарска бања и Косоврашка Бања. В. „Дебарски глас“, орган на Дебарската просветна организација во Софија (1909&1911)
ДЕБАРСКИ ЗЕМЈОТРЕС
ДЕБАРСКИ ЗЕМЈОТРЕС (Дебар, 30. XI 1967, во 7 часот и 23 минути) – земјотрес со локална магнитуда од 6,5 и максимален интензитет од IX степени според Европската макросеизмичка ска-ла, со епицентар на територијата на Албанија и серија натамошни потреси (до април 1968). Биле причинети штети во 41 населено место во Македонија и 177 населени места… Continue reading ДЕБАРСКИ ЗЕМЈОТРЕС
ДЕБАРСКИ МЛАДИНСКИ БАТАЛЈОН
ДЕБАРСКИ МЛАДИНСКИ БАТАЛЈОН (Дебар, 6. Ⅹ 1943 – декември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Првин бил формиран Привремен штаб (15. IX 1943), кој направил список на околу 90 младинци и три младинки (околу 60 од албанска и 30 од македонска националност). За командант бил испратен Никола Макеларски, а за политички комесар Љутви… Continue reading ДЕБАРСКИ МЛАДИНСКИ БАТАЛЈОН
ДЕБАРСКО ЕЗЕРО
ДЕБАРСКО ЕЗЕРО (шпилје) – вештачко езеро изградено во долината на р. Црни Дрим. Браната, изградена во 1969 г., е насипна од камен и чакал, а јадрото е глинено. Вкупната височина на браната од темелот до круната изнесува 112 м, додека височината над теренот изнесува 101 м. Круната на браната се наоѓа на височина од 587… Continue reading ДЕБАРСКО ЕЗЕРО
ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ
ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ (17. Ⅶ 1967) – основана на Црковно-народниот собор во Ох-рид, кога е возобновена автокефалноста на Охридската архиепископија и прогласена МПЦ, именувана како Величка епархија. На 7. Ⅹ 1968 г. на Собор во Ох-рид била преименувана во Дебар-ско-кичевска епархија. Епархијата ја опфаќа територијата на архиерејските намесништва: Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Дебар… Continue reading ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ
ДЕБАРЦА
ДЕБАРЦА – котлина во западниот дел на РМ. Се наоѓа помеѓу Илинска и Плакенска Планина од исток и Стогово и Караораман од запад. Зафаќа површина од 368 км². Низ средината на Дебарца води магистралниот пат М–4 кој ја поврзува на југ со Охрид и Струга, а на север со Кичево и Скопје. Се дели на… Continue reading ДЕБАРЦА
ДЕБАРЦА
ДЕБАРЦА ВО НОБ – учеството во НОБ на 22 села северно од Ох-рид, меѓу градовите Дебар, Кичево и Струга. По Априлската војна (1941) потпаднала под италијанското окупационо подрачје. Во текот на НОБ населението зело активно учество во борбата против германските, италијанските, бугарските и балистичките сили и качачките банди. Првата партиска ќелија на КПЈ била формирана… Continue reading ДЕБАРЦА
ДЕБАРЦА ВО НОБ
ДЕБАРЦА ВО НОБ – учеството во НОБ на 22 села северно од Ох-рид, меѓу градовите Дебар, Кичево и Струга. По Априлската војна (1941) потпаднала под италијанското окупационо подрачје. Во текот на НОБ населението зело активно учество во борбата против германските, италијанските, бугарските и балистичките сили и качачките банди. Првата партиска ќелија на КПЈ била формирана… Continue reading ДЕБАРЦА ВО НОБ
ДЕБРЕЦ
ДЕБРЕЦ (Девра) – средновековен град/тврдина и епископија, на ок. 18 км западно од Калјари, на ридот Куклу, кај денешното с. Дебрец (Анарахи). Никифор Грегора забележал епископ на Девра, потчинет на Охридската црква (ⅩⅣ в.), а Јован Кантакузин гратче Девра (ⅩⅣ в.). Хаџи Калфа го посочил Дебрец како седиште на кадија и пазарно место (ⅩⅤⅠⅠ в.).… Continue reading ДЕБРЕЦ
ДЕВЕТТА ИТАЛИЈАНСКА АРМИЈА во Македонија
ДЕВЕТТА ИТАЛИЈАНСКА АРМИЈА во Македонија (1941 – 1943) – воена единица на Италија стационирана во Албанија, која во април 1941 г. учествувала во нападот на Кралството Југославија. Била составена од Ⅳ, ⅩⅣ и ⅩⅤⅠⅠ корпус со 8 дивизии и 1 планински одред. Го окупирала Косово и Метохија, Западниот дел на Македонија и Црна Гора. Прв… Continue reading ДЕВЕТТА ИТАЛИЈАНСКА АРМИЈА во Македонија