ДЕБАРСКО ЕЗЕРО

ДЕБАРСКО ЕЗЕРО (шпилје) – вештачко езеро изградено во долината на р. Црни Дрим. Браната, изградена во 1969 г., е насипна од камен и чакал, а јадрото е глинено. Вкупната височина на браната од темелот до круната изнесува 112 м, додека височината над теренот изнесува 101 м. Круната на браната се наоѓа на височина од 587 м, долга е 300 м, а широчината на круната изнесува 10 м. Езерото е долго 23 км, најголемата широчина е 2,2 км, а просечната 0,6 км. Зафаќа површина од 12,2 2км, а во него се акумулирани 3 520.000.000 мвода. Основната намена за користење на водата е производство на електрична енергија (70 МЊ), наводнување на 1.980 ха земјоделски површини во Дебарско Поле, риболов и одгледување риби, туризам и рекреација. ЛИТ.: Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002. Др. В.