ДОКО, Сехадет Мекули

ДОКО, Сехадет Мекули (Охрид, 1928) – прва лекарка од албанска националност во Југославија. Дипломирала во првата генерација на Медицинскиот факултет во Скопје (1947 – јануари 1954). Како студент била демонстратор по наставните предмети Анатомија и Патофизиологија и соработник на Институтот за судска медицина во Скопје. Првин се вработила во Приштинската болница, а потоа специјализирала гинекологија… Continue reading ДОКО, Сехадет Мекули

ДОКО, Усни

ДОКО, Усни (Охрид, 17. Ⅵ 1933 – Белград, 2005) – кајакар (заедно со Рамиз Зекир). Биле членови на ВК „Стрмец” во Охрид, каде што (1948) учествувале на првенствата на Југославија во кајак двосед (К–2) на мирни води: освоиле прво место на 1000 м (1952), три пр-ви места на 500, 1.000 и 10.000 м, а во… Continue reading ДОКО, Усни

ДОЛАМА

ДОЛАМА -. машка горна облека со ракави. Најчесто била изработувана од бела клашна, а дополнително украсена со црни гајтани по шавовите. Ја носело машкото мијачко население од дебарскиот регион. Долга е до под колена и се карактеризира со повеќе клиње. На страните има нашиено џебови, а долу цепови. За разлика од предниците и ракавите, кои… Continue reading ДОЛАМА

ДОЛГОВА-КОРУБИН, Вера Рампова

ДОЛГОВА-КОРУБИН, Вера Рампова (Прилеп, 9. XI 1925) – патофизиолог, редовен проф. Дипломирала на Мед. ф. во Белград. Од 1953 до 1988 г. работела во Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина при Мед. ф. во Скопје, а од 1982 до 1986 г. е директор и шеф на Катедрата. Има објавено 127 труда и раководела повеќе научни… Continue reading ДОЛГОВА-КОРУБИН, Вера Рампова

ДОЛНЕНИ

ДОЛНЕНИ – село во Прилепско. Се наоѓа во источниот дел на Прилепско Поле, помеѓу железничката линија ВелесПрилеп и регионалниот пат Прилеп – Брод, на надморска висина од околу 660 м. Населено е со Македонци (375 ж.). Седиште е на општина што зафаќа површина од 41.243 ха, има 37 населени места со 13.568 ж.… Continue reading ДОЛНЕНИ

ДОЛНО ПАЛЧИШТЕ ТУМБА

ДОЛНО ПАЛЧИШТЕ – ТУМБА . – повеќеслојна неолитска населба кај с. Долно Палчиште. Населбата се одликувала со континуиран живот од раниот неолит до енеолитот. Културно и хронолошки припаѓа на Анзабегово –вршничката културна група, а во духовната култура е присутен култот на Големата Мајка. ЛИТ.: Д. Здравковски – С. Саржоски, Тумба/Палчиште, „АР“, 28, Лјублјана, 1989, 43;… Continue reading ДОЛНО ПАЛЧИШТЕ ТУМБА

ДОМАТ

ДОМАТ . (Лѕцоперсицон есцулентум Милл.) – едногодишно градинарско растение од фам. Соланацеае. Потекнува од Јужна Америка (областа Анди). Во Европа е пренесен прво во шпанија (ⅩⅤⅠ в.), а на Балканот масовно се одгледува од средината на ⅩⅠⅩ в. Изразито топлољубиво растение, оптималната температура за интензивен о раст и развиток е 22–26 С. Најраширен е во… Continue reading ДОМАТ

ДОМАЌИНСТВА ВО МАКЕДОНИЈА

ДОМАЌИНСТВА ВО МАКЕДОНИЈА – заедници на лица што меѓусебно се поврзани со заедничко домување и стопанисување и заеднички ги трошат своите приходи. Домаќинство може да сочинува и само едно лице (самечки домаќинства). Во текот на општествено-економскиот развој претрпеле крупна преобразба. Големите проширени патријархални семејни заедници (задруги), како домаќинства составени од припадниците на повеќе индивидуални семејства,… Continue reading ДОМАЌИНСТВА ВО МАКЕДОНИЈА

ДОМЕТА

ДОМЕТА (Добета) (IX в.) – управник на административната област Кутмичевица (Јузозападна Македонија, Албанија и Северна Грција), со центар Девол. Бугарскиот владетел Борис ја одделил Кутмичевица од Котокиј и го поставил Домета за управник на областа (886), којшто му помагал на св. Климент во мисионерската работа (Пространо Климентово житие). ЛИТ.: Ј. Белчовски, Охридската архиепископија од основањето… Continue reading ДОМЕТА

ДОНЕВ, Дончо Методиев

ДОНЕВ, Дончо Методиев (Штип, 25. XI 1949) – спец. по социјална медицина, редовен проф. на Мед. ф. Медицинските студии ги завршил во Скопје (1973), специјалистички испит по социјална медицина (1981) и докторирал на Мед. ф. во Скопје (1993). Бил на усовршување во Атланта, САД (1993-1994, Хјуберт Хамфри програма), а потоа ја основал Македонско-американската алумни асоцијација… Continue reading ДОНЕВ, Дончо Методиев

ДОНЕВА, Васка Асенова

ДОНЕВА, Васка Асенова (Штип, 24. Ⅻ 1924 – Скопје, 22 мај 1993) – педијатар, ревматолог, ендокринолог, унив. проф. Завршила Мед. ф. во Белград (1951), а специјализација по педијатрија (1956) на Мед. ф. во Скопје. Хабилитирала (1971) и докторирала од областа на ревматологијата (1979), а потоа е избрана за наставник по педијатрија. Се занимавала со ревмокардиолошките… Continue reading ДОНЕВА, Васка Асенова

ДОНЕВСКИ, Ѓорѓи

ДОНЕВСКИ, Ѓорѓи (с. Бапчор, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 4. Ⅱ 1934) – општественополитички и културен деец. По Граѓанската војна во Грција неговите родители, браќа и сестри заминале за СССР, Полска и Романија, а тој како дете-бегалец бил згрижен во Цриквеница (1848) и потоа во Самобор кај Загреб, каде што го минал детството. Завршил училиште… Continue reading ДОНЕВСКИ, Ѓорѓи

ДОНОВА, Илинка Димева

ДОНОВА, Илинка Димева (с. Со-пот, Кавадаречко, 29. Ⅹ 1946) – редовен професор (2004) на ПМФ (Институт за хемија). Дипломирала (1970) и магистрирала (1981) на ПМФ во Скопје, а докторирала (1992) во Љубљана (Словенија). Изведувала настава по Општа и неорганска хемија, по Аналитичка хемија и по Историја на хемијата. Објавила десетина трудови (половината во странство), а… Continue reading ДОНОВА, Илинка Димева

ДОНСКА, Љубица Накова

ДОНСКА, Љубица Накова (Штип, 1. IX 1931) – уметник-акварелист и пејзажист, прва повоена жена сликарка од Источна Македонија. Ја завршила Вишата педагошка школа (ликовна насока) во класата на В. Коџоман, а потоа целиот работен век го поминала како средношколски наставник по ликовно воспитание и директор на основно училиште. Основна преокупација во сликарството $ е акварелот,… Continue reading ДОНСКА, Љубица Накова

ДОНСКИ, Александар Љубомиров

ДОНСКИ, Александар Љубомиров (Штип, 18. XI 1960) – историчар, фолклорист, писател, публицист и интернет-полемичар. По дипломирањето на групата Историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1980), работи на проекти во Штип како самостоен истражувач на фолклорот од Штипско, на илинденските настани и на македонската културно-национална историја, посебно од античкиот пе-Александар Донски риод.… Continue reading ДОНСКИ, Александар Љубомиров

ДОНСКИ, Кирил Миланов

ДОНСКИ, Кирил Миланов (Штип, 21. IX 1923) – пронаоѓач и иноватор, унив. професор. По основното образование работи како земјоделец на имотот на семејството. За преживувачка се вработува во белградската леарница „Меркур” (1936) и станува член на УРС-овите синдикати. Со завршеното тригодишно стручно-продолжително образование, како механичар (со веќе пројавени иноваторски и рационализаторски идеи) работи во фирми… Continue reading ДОНСКИ, Кирил Миланов

ДОНСКИ, Љубомир

ДОНСКИ, Љубомир (Љупчо) Миланов (Штип, 23. XI 1926 – Штип, 29. XI 2006) – ликовен уметник, музичар-инструменталист и писател. Гимназија и музичка школа учел во родниот град и во Скопје, апсолвирал на Медицинскиот факултет (1963), а паралелно ја посетувал Ликовната секција на Работничкиот универзитет во Скопје. Рано пројавил и литературни амбиции и објавил одделни литературни… Continue reading ДОНСКИ, Љубомир

ДОНТ ЈУ ФИРОМ МЕ СЕЈ МАСЕДОНИА

„ДОНТ ЈУ ФИРОМ МЕ – СЕЈ МАСЕДОНИА“ – кампања на протест, иницирана на 19. Ⅲ 2004 г., во организација на Македонскиот центар за културна соработка, Евро Балкан, Економскиот институт, Институтот за македонски јазик, Институтот за национална историја, Институтот за социолошкоправни истражувања, ОХО, Транспарентност – Македонија, Здружението на историчарите, Отвореното општество Сорос – Македонија, други институцииContinue reading ДОНТ ЈУ ФИРОМ МЕ СЕЈ МАСЕДОНИА

ДОНЧЕВА, Радојка

ДОНЧЕВА, Радојка (Блатец, 17. Ⅶ 1950) – инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 2002 г.) по предмети од областа на патиштата, на кои и докторирала. Во научноистражувачката работа акцент ставала врз влијанието на геометриските елементи на патот врз безбедноста во сообраќајот. Активно учествувала во апликативната работа и давала придонес во оформувањето на… Continue reading ДОНЧЕВА, Радојка

ДОРЕВ, Аце

ДОРЕВ, Аце (с. Пателе, Леринско, 1871 – Битола, 19. XI 1941) – член на Задграничното претставништво на ЦК на МРО, книжар, касиер на Битолскиот ОРК. Прогимазиско образование завршил во Битола. Член е на ТМОРО од 1897 г. Во Илинденското востание го раководел Информативното биро на Главниот востанички штаб со седиште во Битола. Ја подготвил информацијата… Continue reading ДОРЕВ, Аце

ДОРЕВ, Панчо Тодоров

ДОРЕВ, Панчо Тодоров (Пателе, Леринско, 25. Ⅱ 1878 – Софија, 28. Ⅻ 1938) – правник, политичар и историчар – прв македонски османист. Завршил гимназија во Битола и правен факултет во Цариград, а потоа бил адвокат (1903) и гимназиски професор (1903/1904) во Битола, каде што посредувал меѓу ТМОРО и дипломатскиот кор во градот. Потоа специјализирал правоContinue reading ДОРЕВ, Панчо Тодоров

ДОРЕВСКИ, Кирил Страхилов

ДОРЕВСКИ, Кирил Страхилов (Ресен, 12. Ⅴ 1934) – фармацевт, редовен проф. на Фарм. ф. во Скопје и декан (1994-1998). Бил помошник-генерален директор во фармацевтската индустрија „Алкалоид” – Скопје, помошник-генерален директор во ХЕК „Југохром” – Јегуновце, претседател на Фармацевтското друштво на СФРЈ и на Фармацевтското друштво на Македонија (1984-1986). Л. П.–Т.

ДОРОВСКИ, Иван

ДОРОВСКИ, Иван (Доровскö, Иван) (с. Чука, Гребенско, Егејскиот дел на Македонија, 18. В1935)–книжевен историчар, поет, преведувач, славист, антологичар и балканолог, доктор по филолошки науки и универзитетски професор. Работел на Катедрата за руски јазик (1961&1963), на Катедрата за странски јазици (1963&1968), во Ка-Иван Доровски бинетот за балканистика и унгаристика (1968&1995, каде бил и шеф) и во… Continue reading ДОРОВСКИ, Иван