ДОНСКИ, Александар Љубомиров

ДОНСКИ, Александар Љубомиров (Штип, 18. XI 1960) – историчар, фолклорист, писател, публицист и интернет-полемичар. По дипломирањето на групата Историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1980), работи на проекти во Штип како самостоен истражувач на фолклорот од Штипско, на илинденските настани и на македонската културно-национална историја, посебно од античкиот пе-Александар Донски риод. Соработува на РТВ и во весници и списанија во земјата и во странство. Автор е на повеќе посебни публикации. БИБ.: Фолклорното богатство на Штип, Штип, 1989; Морбидни раскази, Скопје, 1996; што ќе ни се случи по смртта? Натприродни одгласи, 2. дел, Штип, 1995/1996; Етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите, Штип, 2000; Уделот на Македонците во светската цивилизација, Штип, 2000; Исус Христос и Македонците, Штип, 2000; Античко-македонското наследство во денешната македонска нација (Прв дел – фолклорни елементи), Штип, 2002/2003; Денешните потомци на Самуиловата царска династија, Штип, 2004; Јазикот на античките Македонци (Античко-македонското наследство во денешната македонска нација – втор дел), Штип, 2006; Македонското потекло на некои од американските претседатели, Штип, 2006; Сите светители од Македонија, Штип, 2006; Византиски цареви од македонско потекло, Сиднеј-Штип, 2007; Денешните потомци на атничко-македонската цар-ска династија, Сиднеј-Штип, 2007; Тајната на Бакарната книга. Мистериозните записи за богатството на Александар Велики Македонски, Штип, 2007/2008. Бл. Р.