ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО Република МакедонијаДЕНЕС – еден од најзначајните сектори во економијата, што се занимава со производство на градежни објекти. Под градежен објект се подразбира секоја одвоена, самостојна функционална целина (подземна, надземна или водоградба), чија намена е однапред одредена и е трајно лоцирана на определена територија. Градежните објекти се делат на две основни групи: високоградба и… Continue reading ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО Република МакедонијаДЕНЕС
Tag: Г
ГРАДЕЦ два, Градиште
ГРАДЕЦ два, Градиште – мала доцноантичка и средновековна тврдина на врвот од доминантниот рид на северозападната периферија на селото. Била голема приближно 125 х 95 м. На тесната долга акропола се наоѓаат остатоци од најмалку три правоаголни простории. На јужниот крај од средната тераса се гледаат темели од една просторија, додека на најдолната обиколна тераса… Continue reading ГРАДЕЦ два, Градиште
ГРАДЕЦ еден
ГРАДЕЦ еден– средновековен град во Полог, во подножјето на шар Планина, на околу 11 км северно од Гостивар, на локалитетот Градиште, на западниот раб на денешното истоимено село. Се наоѓал на главниот пат, кој водел по западниот раб на Полог. Откриени се материјални остатоци од античкиот и од средновековниот период. Во историографијата понекогаш се идентификува… Continue reading ГРАДЕЦ еден
ГРАДЕШКА ПЛАНИНА
ГРАДЕШКА ПЛАНИНА – средновисока планина со динарски правец на протегање сз–ји. Се наоѓа помеѓу долината на реката Вардар на запад и Криволакавичката Котлина на исток. Нејзиното било е заоблено и од него во нејзиниот северен дел се издигнуваат неколку врвови повисоки од 1.000 м: највисокиот Вршник (1.031 м), Јамички Врв (1.030 м), Пожар (1.003 м).… Continue reading ГРАДЕШКА ПЛАНИНА
ГРАДИНАРСТВО
ГРАДИНАРСТВО – една од најинтензивните земјоделски гранки во растителното производство во светот и кај нас. Градинарството е стара земјоделска гранка, позната на старите Грци, Римјани, Египќани и Кинези пред 3.000–4.000 години. Во светот се познати над 1.000 градинарски (зеленчукови) видови растенија, а од нив околу 120 се одгледуваат, додека 40–50 вида се со позначајна земјоделска… Continue reading ГРАДИНАРСТВО
ГРАДИНКА
ГРАДИНКА – в. Детски градинки
ГРАДИТЕЛСТВОТО ВО Македонија
ГРАДИТЕЛСТВОТО ВО Македонија – значајна стопанска гранка со долга традиција, со богато градителско наследство од античко и византиско време. Римски патишта со цврст коловоз поминувале и низ Македонија. Силен замав градителството зело во ⅩⅤⅠⅠⅠ и ⅩⅠⅩ в., кога се појавиле врвни мајстори – зографи и ѕидари, меѓу нив и нашиот прв школуван градител А. Дамјанов.… Continue reading ГРАДИТЕЛСТВОТО ВО Македонија
ГРАДИШТЕ, Глишиќ, Кавадаречко
ГРАДИШТЕ, Глишиќ, Кавадаречко – антички населбински центар. Долгиот рид што доминира за 80-тина метри над источниот раб на Кавадаречко Поле се протега во должина од 650 м (меѓу селата Глишиќ и Марена). Населбата на ридот имала минимални градски, повеќе рурални карактеристики, и очигледно не успеала да прерасне во градски центар. Била полуутврдена, со ниски и… Continue reading ГРАДИШТЕ, Глишиќ, Кавадаречко
ГРАДИШТЕ, Дебреште
ГРАДИШТЕ, Дебреште . комплексен локалитет (населба и некрополи) што се ископувал триесеттина години (Б. Бабиќ). Локалитетот се наоѓа на 1 км ис-точно од селото Дебреште, а 25 км северозападно од Прилеп, близу до патот Прилеп – Кичево. Констатирани се повеќе стратуми на живот Обетки од локалитетот Градиште, с. Дебреште од праисторијата преку хеленизмот, римското време… Continue reading ГРАДИШТЕ, Дебреште
ГРАДИШТЕ, Јегуновце, Тетово
ГРАДИШТЕ, Јегуновце, Тетово – античка и средновековна населба. На 3 км североисточно од селото, на самиот влез во Дервенската Клисура, меѓу Полог и Скопско Поле, на низок рид 80 м над десниот брег на р. Вардар се наоѓаат остатоци од крајпатна тврдина. Наодите (сребрен рим-ски републикански денар, монети од Ⅳ и Ⅵ в. и византиските… Continue reading ГРАДИШТЕ, Јегуновце, Тетово
ГРАДИШТЕ, с Пелинце
ГРАДИШТЕ, с Пелинце . населба од ранобронзено, железно и од класично време, поставена на зарамнето плато (170 х 115 м) над реката Пчиња. Откриени се остатоци од одбранбен ѕид граден од земја и од камен, остатоци од култен објект без цврста градба и керамички наоди од овие периоди. ЛИТ.: З. Георгиев, Три предримски населби кај… Continue reading ГРАДИШТЕ, с Пелинце
ГРАДНИК
ГРАДОВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
ГРАДОВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – развојот на градот како урбана агломерација на територијата на Македонија. Градовите се развиваат низ повеќе историски периоди, со различна динамика, секогаш во зависност од видот и степенот на условеноста (историска, географска, природна, религиозна, воена и сл.). Типовите на градска/урбана агломерација варираат во зависност од наведените фактори, но најмногу од специфичноста на… Continue reading ГРАДОВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
ГРАДОК Маркови Кули
ГРАДОК – Маркови Кули (с. Манастир, Мариово) – доцноантичка утврдена населба и средновековна тврдина. Двете возвишенија од брдото Градок се обѕидани со масивни бедемски ѕидови. Во југоисточниот и југозападниот дел од тврдината има остатоци од трикорабна базилика и помала црквичка, а во нивна непосредна близина и на поширокиот простор остатоци од стопански и од станбени… Continue reading ГРАДОК Маркови Кули
ГРАДСКИ ПАРКОВИ ВО РМ
ГРАДСКИ ПАРКОВИ ВО Република Македонија– формирани меѓу двете светски војни или во педесеттите и шеесеттите години од ⅩⅩ в., кога развојот на градовите е плански насочуван. Првиот градски парк „Довлеџик” во Битола е подигнат 1860 г., но не е зачуван. Следуваат градските паркови во: Скопје (првиот дел, 1905–1908), Битола (1924– 1928), Прилеп (1925–1930), Велес (1923–1930).… Continue reading ГРАДСКИ ПАРКОВИ ВО РМ
ГРАДСКИ ТРИГОНОМЕТРИСКИ МРЕЖИ во Македонија
ГРАДСКИ ТРИГОНОМЕТРИСКИ МРЕЖИ во Македонија – растечките потреби за реализација на сложените урбанистички и комунални зафати во градовите ја наметнаа потребата од развивање на многу поквалитетни основни геодетски мрежи, наречени град-ски тригонометриски мрежи (ГТМ). Концепциите за развивање, мере-ње и израмнување на ГТМ се содржани во Правилникот за државен премер Ⅱ-А, дел – градски тригонометриски мрежи;… Continue reading ГРАДСКИ ТРИГОНОМЕТРИСКИ МРЕЖИ во Македонија
ГРАДСКО ПЕЈАЧКО ДРУШТВО, Прилеп
ГРАДСКО ПЕЈАЧКО ДРУШТВО, Прилеп (1879-1926) – едно од првите хорски друштва во Македонија. Основач и прв диригент на хорот бил Атанас Бадев. Раководењето со колективот по него го презел Георги Смичков. Друштвото учествувало во црковните обреди и на разни градски свечености, исполнувајќи значајна културно-просветна улога во својата средина. Според зачуваните материјали, членовите на хорот се… Continue reading ГРАДСКО ПЕЈАЧКО ДРУШТВО, Прилеп
ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА
ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА (1946–1949) – внатрешна војна помеѓу КПГ и монархистичката грчка влада по Втората светска војна. По Договорот во Варкиза и обезоружувањето на единиците на ЕЛАС (12. Ⅱ 1945), Владата почнала да спроведува терор против опонентските КПГ, ЕАМ, ЕЛАС и особено против Македонците. Во почетокот на 1946 г. КПГ решила воено да се… Continue reading ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА
ГРАЃАНСКИ УЧИЛИШТА
ГРАЃАНСКИ УЧИЛИШТА -. вид неполни средни училишта во кои се добивале практични знаења за трговски, индустриски, занаетчиски и земјоделски занимања. Меѓу двете светски војни во Вардарскиот дел на Македонија ги имало, речиси, во сите градови. Првите граѓански училишта биле отворени во Кочани (1927/28), Берово, Кратово, Свети Николе и во Крива Паланка (сите во 1928/29). Обуката… Continue reading ГРАЃАНСКИ УЧИЛИШТА
ГРАМАТИКИ ВО МАКЕДОНИЈА
ГРАМАТИКИ ВО МАКЕДОНИЈА. Обиди и реализации за пишување и објавување прирачници, учебници и граматики на македонски јазик имало уште во ⅩⅠⅩ в. Во 50-тите години на ⅩⅠⅩ в. македонска граматика најавил П. Зографски. Во тој период и Д. Миладинов се заложил да го направи тоа и така му рекол на Виктор Григорович. Филологот Е. Каранов… Continue reading ГРАМАТИКИ ВО МАКЕДОНИЈА
ГРАМАТИКОВ, Хаџи Павел
ГРАМАТИКОВ, Хаџи Павел – в. Божигропски Хаџи Павел.
ГРАМАТИКОВСКИ, Ѓорги Јованов
ГРАМАТИКОВСКИ, Ѓорги Јованов (Битола, 24. Ⅲ 1914 – Битола, 10. Ⅻ 2002) – ветеринар, научен советник и директор во Ветеринарниот институт во Скопје (1966-1974). Бил на специјализација во Алфорт и во Пастеровиот институт во Франција (1957-1958). Раководител на повеќе акции за сузбивање на епизотии и ензотии, како што се лигавката, шапот и малеусот во РМ.… Continue reading ГРАМАТИКОВСКИ, Ѓорги Јованов
ГРАМОСЛИ, Валентина
ГРАМОСЛИ, Валентина (Охрид, 2. Ⅳ 1970) – актерка. Дипломирала на ФДУ во Скопје, на Отсекот за актерска игра (1991). Член на Народниот театар во Битола. УЛО.: Дара („Г-ѓа министерка”); Судија („Мера за мера”); Милка („Маме му ебам кој прв почна”); Јулија („Ромео и Јулија”); Јерма во истоименото дело; Земфира („Цигани”); Петкана („Балканот не е мртов”);… Continue reading ГРАМОСЛИ, Валентина
ГРАМОТИ
ГРАМОТИ -. официјални документи со правна содржина, најчесто издадени од царската канцеларија, но, исто така, и од други световни владетели (деспоти, болјари). Со нив се даваат привилегии на некои личности (обично на трговци за да патуваат и да тргуваат слободно) или, пак, се наменети за институции (најчесто манастири) со кои им се даваат во владение… Continue reading ГРАМОТИ