Tag: Г

ГАБЕР

ГАБЕР . (Царпинус Л. и Острѕа Сцоп., фам. Бетулацеае) – под ова име се опфатени двата цитирани рода. Во првиот припаѓаат околу 50 листопадни вида, распространети во Северната хемисфера, кои имаат мазна кора, усучено стебло, тешко дрво, еднодомни со еднополни цветови собрани во реси и кои се појавуваат …

ГАБЕР Прочитај »

ГАБЕР, Виктор

ГАБЕР, Виктор (Скопје, 8. Ⅻ 1948) – дипломат од кариера и публицист. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломира (1973) и магистрира (1979) на Правниот факултет во Скопје. Работи како втор (1980– 1981), и прв секретар во Амбасадата на СФРЈ во Атина (1981–1984); прв советник за политички …

ГАБЕР, Виктор Прочитај »

ГАБЕР, Стеван

ГАБЕР, Стеван (Велес, 22. IX 1919 – Скопје, 5. Ⅷ 1999) – универзитетски професор, правник. Основно образование и гимназија завршил во родното место, а Правен факултет во Белград и во Софија (1943). Докторирал на Правниот факултет во Белград, на тема „Непосредна демократија“ (1956). Бил декан на Правниот факултет …

ГАБЕР, Стеван Прочитај »

ГАБИ, МАКЕДОНСКИ

ГАБИ, МАКЕДОНСКИ. Македонија е миколошки релативно слабо истражена. Први позначајни податоци за македонските габи дале Пилат, Линденер, Личауер и Тортиќ. Од 1986 г. па наваму, Македонски габи: сончарка, вргањ, буковка, смрчка, шампињонка и лисичарка вршени се систематски истражувања на разновидноста на габите во повеќе подрачја во Македонија од …

ГАБИ, МАКЕДОНСКИ Прочитај »

ГАБИЧАРИ

ГАБИЧАРИ (Мѕцетопхилидае) – мали двокрилни инсекти со долги антени. Се сметаат за мирољубиви комарци, кои немаат боцка. Живеат во компост, во гнили растителни остатоци, а ларвите, најчесто, ги има на шумските печурки, во стари дрвја и сл. Најпознат претставник од оваа фамилија е Сциара милитарис, чии ларви се …

ГАБИЧАРИ Прочитај »

ГАБОВО, Градиште

ГАБОВО, Градиште – Гевгелиско – железновременска и раноантичка утврдена населба, североисточно од Габрово, на доминантниот купест рид Градиште. Фортификацијата има елипсовидна форма, со димензии 60 х 45 м и долга обиколна југозападна станбена тераса. Главната влезна порта била оформена на југоисточната страна, широка околу 5 м, долга околу …

ГАБОВО, Градиште Прочитај »

ГАБРЕШ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО ДРУШТВО

ГАБРЕШ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО ДРУШТВО (Торонто, Канада, 1. Ⅲ 1911) – друштвото е активно, регистрирано кај надлежните државни власти. Ги собира доселениците по потекло од селото Габреш (Костурско), Егејскиот дел на Македонија. Има свое земјиште каде што организира пикници и други активности, верски, национални и селски слави. Сл. Н.-К.

ГАБРО

ГАБРО – длабинска магматска карпа од групата на габровите и базалтите. Има зрнеста структура, а текстурата е најчесто масивна. Изграден е од следните минерали: базични плагиокласи, моноклинични пироксени и оливин, а како акцесорни минерали се појавуваат илменит, апатит и магнетит. Многу е честа појавата на секундарни минерали во …

ГАБРО Прочитај »

ГАВАЗОВ, Јордан Ицков

ГАВАЗОВ, Јордан Ицков (Прилеп, 1869 – Прилеп, 1899) – војвода на ТМОРО. Бил член на првиот МК на ТМОРО во Прилеп (1894), формиран од Даме Груев. За соработката со четата на прилепскиот војвода Диме Дедото, бил уапсен во затворот во Битола (1895), но успеал да избега и емигрирал …

ГАВАЗОВ, Јордан Ицков Прочитај »

ГАВАЗОВ, Тодор

ГАВАЗОВ, Тодор (Ⅱ пол. на ⅩⅠⅩ в.- И пол. на ⅩⅩ в.) – македонски мелограф и музички деец. Од седумтемината први македонски мелографи на народни песни од крајот на ⅩⅠⅩ в., Г. мелографирал најголем број напеви. Трудовите на македонските мелографи се печатени во софискиот „Сборник за народни умотворбния“ …

ГАВАЗОВ, Тодор Прочитај »

ГАВРИЛ

ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ (световно име: Мијалче Парнаџиев) (Штип, 10. Ⅲ 1926 г. – Лесновски манастир, 12. Ⅰ 1990) – завршил гимназија во Штип, Факултет за ликовни уметности во Белград (1955) и Богословски факултет во Скопје. Бил професор по уметност во Штип. Од 1963 г. престојувал на Света Гора Атонска, …

ГАВРИЛ Прочитај »

ГАВРИЛ ¶

ГАВРИЛ ¶ – (Јанина, ⅩⅤⅠ в.) – охридски архиепископ (1572–1588; 1592–1593). Учествувал на црковните собори во Цариград на кои биле осудени новиот Грегоријански календар (20. Ⅹ 1582) и патријархот Пахомиј Патест (Ⅱ 1585). Бил еден од првите охридски поглавари што патувале во Европа со политички цели: барал материјална …

ГАВРИЛ ¶ Прочитај »

ГАВРИЛ Ⅰ

ГАВРИЛ Ⅰ – (Јанина, ⅩⅤⅠ в.) – охридски архиепископ (1572–1588; 1592–1593). Учествувал на црковните собори во Цариград на кои биле осудени новиот Грегоријански календар (20. Ⅹ 1582) и патријархот Пахомиј Патест (Ⅱ 1585). Бил еден од првите охридски поглавари што патувале во Европа со политички цели: барал материјална …

ГАВРИЛ Ⅰ Прочитај »

ГАВРИЛ Радомир

ГАВРИЛ Радомир (? – 1015) – син на Самуил и на Агата, македонски цар (1014–1015), совладетел и наследник на Самуил. Во Битола имал свои дворци и главна резиденција. Со силата и со храброста, му бил десна рака на Самуил, особено во војната против Византија. Учествувал во сите поважни …

ГАВРИЛ Радомир Прочитај »

ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ

ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ (световно име: Мијалче Парнаџиев) (Штип, 10. Ⅲ 1926 г. – Лесновски манастир, 12. Ⅰ 1990) – завршил гимназија во Штип, Факултет за ликовни уметности во Белград (1955) и Богословски факултет во Скопје. Бил професор по уметност во Штип. Од 1963 г. престојувал на Света Гора Атонска, …

ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ Прочитај »

ГАВРИЛОВ, Никола

ГАВРИЛОВ, Никола (Штип, 11. Ⅹ 1927) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1978–1987 г.) по предмети од областа на патиштата. Студирал со првата генерација студенти на Техничкиот факултет во Скопје. Тој е еден од основоположниците на современиот пристап во наставата за проектирање патишта и …

ГАВРИЛОВ, Никола Прочитај »

ГАВРИЛОВИЌ, Атанасие

ГАВРИЛОВИЌ, Атанасие . Ⅱ (Скопје, ХВ¶¶¶ в. – ?) – скопски митрополит и пеќски патријарх (1747–1752). По потекло е од Скопје. За поглавар на Пеќската патријаршија бил избран по прогонот на патријархот Јоаникиј Ⅲ Караџа (1737–1746), од грчко потекло. Тој ги обновил односите на Пеќската патријаршија со Карловачката …

ГАВРИЛОВИЌ, Атанасие Прочитај »

ГАВРИЛОВИЌ, Предраг

ГАВРИЛОВИЌ, Предраг (1939) – доктор по технички науки, редовен професор во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Скопје. Објавил 157 научни труда, меѓу кои и публикации и статии во домашни и меѓународни стручни и научни списанија, на конференции и симпозиуми. Ги објавил книгите, како прв ав-тор: …

ГАВРИЛОВИЌ, Предраг Прочитај »

ГАВРИЛОВСКИ, Милан Темелков

ГАВРИЛОВСКИ, Милан Темелков (с. Гостиражни, Прилеп, 16. Ⅰ 1922 – Прилеп, 3. Ⅰ 1991) – интернист, пневмофтизиолог. По дипломирањето медицина во Бел-град (1949), специјализирал фтизиологија и интерна медицина и работел на двете специјалности до пензионирањето (1986). Во 1967 г. станал примариус. Бил управник на ДНЗ (1961-1966) и директор …

ГАВРИЛОВСКИ, Милан Темелков Прочитај »

ГАВРИЛОВСКИ, Мирослав Јованов

ГАВРИЛОВСКИ, Мирослав Јованов (Скопје, 12. Ⅱ 1949) – интернист-пулмолог и алерголог. Мед. ф. и специјализација завршил во Скопје. Докторирал (1983) во Скопје. Редовен проф. (1994), продекан на Мед. ф. (1994/95) и проректор на Унив. ,,Св. Кирил и Методиј” (1995/96). Објавил над 150 стручни трудови. БИБ.: Имунотерапија, Скопје, 1992. …

ГАВРИЛОВСКИ, Мирослав Јованов Прочитај »

ГАВРИЛОСКИ-ЈАНЕ, Кирил

ГАВРИЛОСКИ-ЈАНЕ, Кирил (Киро) (Прилеп, 22. Ⅱ 1918 – Прилеп, 9. Ⅴ 1944) – комунистички деец и народен херој на НОАВМ. Како младинец учествувал во повеќе демонстрации и штрајкови Кирил Гаврилоски во Прилеп. Како член на КПЈ (1941) активно работел во подготовките на НОАВМ, станал член на МК на …

ГАВРИЛОСКИ-ЈАНЕ, Кирил Прочитај »

ГАВРИЛСКИ, Ѓорѓи Нацев

ГАВРИЛСКИ, Ѓорѓи Нацев (Св. Николе, 11. Ⅳ 1911 – Скопје, 17. Ⅻ 1987) – лекар-епидемиолог, примариус, општественик. По завршувањето на Мед. ф. во Бел-град (1937) работел како општ леЃорѓи Гаврилски кар во Македонија до 1943 г.; прогонуван и често затворан. Бил член на АСНОМ. По Ослободувањето извршувал повеќе …

ГАВРИЛСКИ, Ѓорѓи Нацев Прочитај »

ГАВРОВСКИ-КАРА, Димо

ГАВРОВСКИ-КАРА, Димо (Тетово, 1921 – Гостиварско, 1944) – првоборец. Бил член на КПЈ и на МК на КПЈ во Тетово (1941), член на Окружниот (1942) и на Обласниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација (1943), одговорен за Кичевскиот регион. Загинал во борба со балистите. …

ГАВРОВСКИ-КАРА, Димо Прочитај »

ГАГАУЗИ

ГАГАУЗИ – турско население по потекло од старите турски племиња Огузи, единствена турска племенска групација што ја примила христијанската вера. Во средината на XI в. се населиле по брегот на Дунав. Пред примањето на христијанството нивната религија била многубоштвото. Во ⅩⅠⅠⅠ в., потиснати од Монголите, се населиле во …

ГАГАУЗИ Прочитај »

ГАГОВ, Никола

ГАГОВ, Никола (Струга, 22. Ⅱ 1936) – оперски певец – тенор, првенец на Операта на МНТ. Му-зичкото образование го оформил на Средното музичко училиште во Скопје. Пеење учел кај П. Бог-данов-Кочко. Дебитирал како со-лист со улогата на Су-Чонг во оперетата Земја на насмевките. Настапувал во Операта на МНТ …

ГАГОВ, Никола Прочитај »

ГАЈ МАКЕДОНЕЦ, апостол, св

ГАЈ МАКЕДОНЕЦ, апостол, св. (Солун, втора пол. на Ⅰ в.) – втор Епископ Солунски, по Аристарх, посведочени во Библијата придружници на апостолот Павле (Дела 19, 29), како и други Македонци, како Сосипатор Пиров од Бер (Дела 20, 4), Секунд од Солун (Дела 20, 14). ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Послание …

ГАЈ МАКЕДОНЕЦ, апостол, св Прочитај »

ГАЈДА

ГАЈДА (мешница) – народен дувачки музички инструмент. Содржи резервоар за воздух од овча или козја кожа, на кој се прицврстени дувалото, гајдарката, брчалото и слагарчето. Таа е најзастапен инструмент со повеќекратна функција и намена, како придружник на песните и ората, но и за исполнување на соло гајдарски мелодии. …

ГАЈДА Прочитај »

ГАЈДАРКА

ГАЈДАРКА (гајдурка, гајденица, сурла, клепарка, вражаљка, вигурка) – еден од најважните делови на гајдата: дрвена мелодиска цевка со мал додаток на долниот крај од рожена коска, свиткана о околу 120 С. На предниот дрвен дел од слагарката се издупчени седум мелодиски отвори и еден од задната страна за …

ГАЈДАРКА Прочитај »

ГАЈДАРЏИСКА ЈОСИФОВСКА, Марија

ГАЈДАРЏИСКА ЈОСИФОВСКА, Марија (Штип, 19. Ⅻ 1958) – физичар, ред. проф. (1996) на Универзитетот Висконсин во Милвоки, САД. Дипломирала (1981) на ПМФ. Магистрирала (1986) во Сиднеј и докторирала (1991) во Темпи, Аризона, со ис-тражување на структурата на кермети, односно електронска микроскопија на површини на тврди тела. Од 1987 …

ГАЈДАРЏИСКА ЈОСИФОВСКА, Марија Прочитај »

ГАЈДИК-СЛАВКО, Роберт

ГАЈДИК-СЛАВКО, Роберт (Злин, Чехословакија, 1923 – Липљан, Косово – 14. Ⅰ 1942) – комунистички деец и борец (од чешко потекло). По окупацијата на Чехословакија (1938) се доселил кај своите родители во Скопје, го завршил Среднотехничкото училиште (Градежен отсек) и станал член на СКОЈ (1939). По налог на МК …

ГАЈДИК-СЛАВКО, Роберт Прочитај »

ГАЈДОВ, Стефан

ГАЈДОВ, Стефан (Велес, 8. Ⅵ 1905 – Охрид, 18. Ⅵ 1992) – композитор, диригент и музички педагог. Средно музичко образование завршува (1929) во Белград. Еден период (1929-1932) предава музика во Гимназијата во Велес и го води хорот „Јека са Вардара”. Потоа работи како професор на Гимназијата во Вуковар …

ГАЈДОВ, Стефан Прочитај »

ГАЈТАН

ГАЈТАН – правоаголно парче платно, украсено со богат вез во техниката сокаечко, со стари метални пари, монистра, каури школки, како и со богат поткит од црни, црвени или бели волнени реси. Се носел на денот на свадбата како составен дел на сокајот, поради својата тежина, закачен со јадица …

ГАЈТАН Прочитај »

ГАЈТАНИ, Адем

ГАЈТАНИ, Адем (Адем Гајтани) (Абдурамани, Адем) (Подуево, Косово, Југославија, 21. Ⅷ 1935 – Скопје, 19. Ⅲ 1982) – поет и преведувач. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1961). Со книжевна дејност се занимавал од 1955 г. Соработувал во весниците и списанијата на албански јазик („Зани и ринис” и …

ГАЈТАНИ, Адем Прочитај »

ГАЛЕБИ

ГАЛЕБИ (Ларус) – род средно големи птици со должина на телото од 30 до 60 цм, кои во Македонија главно се јавуваат во периоди на миграција и преку зима. Досега кај нас се регистрирани шест вида галеби. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус. Цамбридге, …

ГАЛЕБИ Прочитај »

ГАЛЕВ, Гале

ГАЛЕВ, Гале (с. Сачево, Струмичко, 11. Ⅱ 1943) – правник, универзитетски професор. Основно образование завршил во родното место, а учителска школа во Штип (1963). Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1968), каде што магистрирал (1979) и докторирал на тема „Слободата на договарањето како еден од основните принципи на …

ГАЛЕВ, Гале Прочитај »

ГАЛИ

ГАЛИ (Келти) – палеоевропска популација (етнички супстрат на европските народи) од индоевропско потекло. Првобитно живееле по Горна Рајна (ги нар. Келти), од каде воⅤв. пр. н.е. се преселиле во Иберија, Британија и во Галија (Грците ги нар. Галати, а Римјаните Гали). Во Ⅳ в. пр. н.е. го нападнале …

ГАЛИ Прочитај »

ГАЛИ, Бутрос Бутрос

ГАЛИ, Бутрос Бутрос (Боутрос се оформени во неколку музејски икони од византискиот период со Боутрос Гхали) (Каиро, 14. XI 1922) институции, во градски цркви и во исклучително значење – дваесе– египетски унив. професор и дипманастири. Од богатата колекци-тина скапоцени икони со релатиломат. Професор по Меѓународја на Музејот на …

ГАЛИ, Бутрос Бутрос Прочитај »

ГАЛИЌ, Ристо

ГАЛИЌ, Ристо (Скопје, 25. Ⅴ 1925 – Скопје, 1. Ⅳ 1985) – дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград (1951), магистрирал на Економскиот факултет во Скопје (1973) и докторирал на Архитектонскиот факултет во Белград хитектонскиот факултет во Бел-град по предметот урбано зонирање. Се занимавал со …

ГАЛИЌ, Ристо Прочитај »

ГАЛИЧИЦА

ГАЛИЧИЦА – висока планина сместена во крајниот југозападен дел на РМ која во форма на типичен хорст се издига помеѓу Охридската Котлина на запад и Преспанската на исток. На север продолжува во планините Петри-но и Исток, а со превалот Буково (1.207 м) морфолошки е одвоена од Плакенска Планина. …

ГАЛИЧИЦА Прочитај »

ГАЛИЧКА СВАДБА

ГАЛИЧКА СВАДБА -. традиционална годишна народна манифестација во с. Галичник. Во ова село во минатото свадбите се правеле главно на Петровден (12 јули) и поретко на Голема Богородица (28 август). За Петровден обично се враќале печалбарите, дури и од најоддалечените земји. Свадбите траеле и по цела недела. Собирачите …

ГАЛИЧКА СВАДБА Прочитај »

ГАЛИЧНИК

ГАЛИЧНИК – село во Мијачкиот крај. Се наоѓа на западните падини на планината Бистра на надморска висина од околу 1.400 м. Со Маврово е поврзано преку локален асфалтен пат. Во минатото Г. било голема населба и административен центар. Се смета дека е формирано од сточарите доселени од реката …

ГАЛИЧНИК Прочитај »

ГАЛОГАЖА, Стефан

ГАЛОГАЖА, Стефан (Пониква кај Топуско, 20. Ⅱ 1893 – логор Јасеновац, по 1. Ⅹ 1944) – хрватски писател и публицист. Завршил правен факултет во Париз (1919), а подоцна му пристапил на комунистичкото движење (1928), поради што повеќе пати бил апсен. Како уредник на литературното сп. „Критика“ (Загреб, 1928), …

ГАЛОГАЖА, Стефан Прочитај »

ГАЛТОН, Херберт

ГАЛТОН, Херберт (Херберт Гал-тон) (Виена, 1. Ⅹ 1917 – Виена, 9. Ⅻ 2004) – лингвист, славист од еврејско потекло. Автор на неколку стотици трудови посветени на фонолошките и граматичките системи на словенските јазици. МАНУ во 1976 му ја објави книгата Тхе маин фунцтионс оф тхе Славиц вербал аспецт. …

ГАЛТОН, Херберт Прочитај »

ГАМБУЗИИ

ГАМБУЗИИ (Поецилидае) – фамилија живородни рипки, природно распространети во водите на Америка. Кај нас е интродуциран С. Галичник видот гамбузија (Гамбусиа аффинис), како биолошко средство за борба против маларијата. ЛИТ.: М. Беазлеѕ, Гуиде то Фресхњатер Фисх оф Бритаин анд Еуропе, Лондон; Ј. Цривелли, Тхе Фресхњатер фисх ендемиц то …

ГАМБУЗИИ Прочитај »

ГАМЕТОГЕНЕЗА, РИБИ

ГАМЕТОГЕНЕЗА, РИБИ – созревање на машки и женски поло-ви клетки, гамети. Половите клетки кај рибите се развиваат во тек на еден репродуктивен циклус, период во кој една генерација на герминативни клетки се оформува во функционални гамети. Морфолошките одлики на гаметогенезата и развојот на гонадите во текот на репродуктивниот …

ГАМЕТОГЕНЕЗА, РИБИ Прочитај »

ГАНЗОВСКИ, Ѓорѓи

ГАНЗОВСКИ, Ѓорѓи (с. Стенско, Костурско, 1924 – Скопје, 1986) – универзитетски професор, економист. Основно и средно образование завршил во Костур, Егејскиот дел на Македонија. Член на Комунистичката младинска организација на Грција од 1941 г. Активно учествувал во борбите против окупаторите на земјата. Се борел во редовите на ЕЛАС, …

ГАНЗОВСКИ, Ѓорѓи Прочитај »

ГАНЧЕВ-СТОЈАНОВ, Стојан

ГАНЧЕВ-СТОЈАНОВ, Стојан (Ајтос, Бугарија, 28. Ⅻ 1929) – оперски певец – тенор, првенец на Операта на МНТ. Во 1960 г. дипломирал соло-пеење на Софиската музичка академија (проф. Брмбаров), а студирал и оперска режија (проф. Коџиев). Солист на Софиската опера (1960-1963) и солист во Операта на МНТ (1964-1969). Имал …

ГАНЧЕВ-СТОЈАНОВ, Стојан Прочитај »