БОРИС Ⅲ

БОРИС Ⅲ (30. Ⅰ 1894 – 28. Ⅷ 1943) – монарх на Царството Бугарија. На власт дошол на 3. Ⅹ 1918 година. Објавил манифест (21. Ⅳ 1935) и ја презел целокупната надворешна и воена политика, ориентиран за ревизија на версајските граници и за создавање голема Бугарија. На средбата со Хитлер (18. XI 1940) дал согласност… Continue reading БОРИС Ⅲ

БОРНМИЛЕР, Јозеф

БОРНМИЛЕР, Јозеф (Борнмüллер, Јосеф Фридерицх Николаус) (1862– 1948) – германски ботаничар, одличен познавач на флората од јужните делови на Балканскиот Полуостров и во Мала Азија. Ав-тор на голем број трудови за флората на Македонија, од кои посебно е значаен „Беитраге зур Флора Мазедониенс, И-Ⅲ” (1925–1928). Опишал околу 30 видови од територијата на Македонија, нови за… Continue reading БОРНМИЛЕР, Јозеф

БОРО ПЕТРУШЕВСКИ Државно автосообраќајно училиште, Скопје

„БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ Државно автосообраќајно училиште, Скопје – започнува како нижо училиште за автомеханичари (1947), а по серија измени и дополнувања се верифицира за давање општостручен степен на образование од областа на патниот сообраќај. Со помош од „Фаре“ е овозможена генерална промена на училишниот идентитет и денес се образуваат: техничари за патен сообраќај и транспорт, автомеханичари,… Continue reading БОРО ПЕТРУШЕВСКИ Државно автосообраќајно училиште, Скопје

БОРОЕВИЌ, Владимир

БОРОЕВИЌ, Владимир (Скопје, 4. Ⅻ 1947) – дизајнер, карикатурист, сликар. Дипломирал на Вишата педагошка академија во Скопје (1972). Бил графички уредник во „Остен”, сценограф во Вардар филм во Скопје, раководител на Студиото за дизајн и пропаганда во Јака 80, Радовиш. Самостојно излагал (слики) во Скопје, Валево, Нови Сад, Битола. Учествувал на меѓународни фестивали за карикатура… Continue reading БОРОЕВИЌ, Владимир

БОРОЗАНОВ, Владимир Василев

БОРОЗАНОВ, Владимир Василев (Битола, 20. Ⅰ 1945) – интернист-кардиолог, редовен професор на Мед. ф. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1968), а специјализација и субспецијализација на Мед. ф. во Скопје. Има објавено (со соработници) над 300 стручно-научни трудови и апстракти. БИБ.: Кардиологија (коавтор), Белград, 2000; Терапевтско-дијагностички прирачник за лекарите по општа медицина, Скопје, 2002; Интерна… Continue reading БОРОЗАНОВ, Владимир Василев

БОСАНАЦ, Томо

БОСАНАЦ, Томо (Стари Плавници, РХ, 15. Ⅴ 1918 – 12. Ⅷ 2003) – ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф. на ЕТФ во Загреб, Хрватска. Тој е член на ЈАЗУ (ХАЗУ) и член на МАНУ надвор од работниот состав (1994). Работејќи во фабриката „Раде Кончар” (каде што еден период бил и директор) реализирал голем… Continue reading БОСАНАЦ, Томо

БОСАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

БОСАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Ги воспоставуваат богомилите во средниот век, продолжуваат со вклучување на територијата на Босна во Самуиловото Царство и се одржуваат како интензивни трговски и културни (преку работата на македонскиот градител Андреја Дамјанов од Велес во изградба и фрескоживописување на цркви и други објекти). Македонски доброволци учествуваат во Босанско-херцеговското востание против османлиската власт… Continue reading БОСАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

БОСБОКИЛАС, Георги

БОСБОКИЛАС, Георги (Истанбул, 1923 – Скопје, 1986) – основач и директор на првата дистрибутер-ска куќа во земјата „Македонијафилм”, формирана во 1950 г. Во репертоарот грижливо го одржуваше квалитативниот баланс меѓу високо вреднуваните антологиски дела, популарните жанрови и остварувањата од помалку афирмираните кинематографии. Г. В.

БОСИЛОВО

БОСИЛОВО – село во Струмичко. Се наоѓа во средишниот дел на Струмичката котлина, на надморска височина од околу 215 м. Низ селото поминува магистралниот пат М–6 кој го поврзува со Струмица. Има 1.698 ж. Населението главно се занимава со одгледување на раноградинарски култури. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина од 16.199 ха, има… Continue reading БОСИЛОВО

БОТАНИКА ВО МАКЕДОНИЈА

БОТАНИКА ВО МАКЕДОНИЈА. Во Македонија развитокот на ботаниката се одвива доцна, поединечно и изолирано во некои од достапните подрачја. Првиот пишуван податок со флористички белешки е од Ами Буе (Ами Боуé) во неговото истражување Ла Турљуие д’Еуропе (1840) и од А. Гризебах (А. Грисебацх) со трудот Специлегиум флорае Румелицае ет Бѕтхѕницае (1843). Следуваат повремени, а… Continue reading БОТАНИКА ВО МАКЕДОНИЈА

БОТАНИЧКА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ

БОТАНИЧКА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ – формирана во 1951 година, во состав на Ботаничкиот завод со ботаничка градина на Институтот за биологија при ПМФ во Скопје. Се простира на површина од 14 ха и претставува единствен објект од ваков вид во Скопје и во РМ. Во неа се застапени над 200 видови од дендрофлората со различно… Continue reading БОТАНИЧКА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ

БОТИАЈА

БОТИАЈА – античка област во средишниот дел на Македонија меѓу Пиерија и Елимеја на југ, Еордаја на запад, Алмопија на север и Амфакситида на исток. Долниот тек на Халијакмон (ден. Бистрица) и пл. венци на Бермион и Пајак претставуваат нејзини природни граници. Кај античките автори најчесто се спомнува како посебна област и тоа како област… Continue reading БОТИАЈА

БОТКО

БОТКО (Бојко) (? – Софија, 1041) – благородник на чело на екипажот во софиската тврдина Бојана. При задушувањето на последните отпори од востанието на Петар Делјан (есента 1041) бил предводник на „угледни и силни воини“, кои, бра-нејќи се од нападите на царот Ми-хаил Ⅳ и на норвешките наемници (Харолд Хардрад), излегле од ѕидините, но биле… Continue reading БОТКО

БОТУШАНОВ, Иван

БОТУШАНОВ, Иван (Јакоруда, Разлошко, 9. Ⅲ 1874 – с. Ладжене, Черпинско, Бугарија, 2. IX 1919) – револуционер, учесник во Илинденското востание. Од 1898 г. станал член на ТМОРО. Бил секретар на Стефо војвода во Леринско (1902), а по смртта на војводата ја предводел четата и дејствувал во Леринско и во Воденско. Учествувал во Илинденското востаниеContinue reading БОТУШАНОВ, Иван

БОФИНАТ

БОФИНАТ – средновековно утврдување во Пелагонија, јужно од Битола, на патот Виа Егнација. Го наведуваат западните извори веднаш по Битола, на патот на крстоносците од Драч кон Солун и кон Цариград. Се идентификува со селото Буф (Буфи, Акритас) во денешна Грција. Се лоцира ис-точно од селото, на локалитетот „Градиште“. Утврдувањето го контролирало патот Виа Егнација,… Continue reading БОФИНАТ

БОЦЕВСКИ, Боте

БОЦЕВСКИ, Боте (Боро) (Скопје, 21. Ⅰ 1921 – с. Каталинец, Врањско, Боте Боцевски 3. Ⅳ 1943) – браварски работник, комунистички деец и првоборец. Завршил три класа вечерно занаетчиско училиште. Бил член на СКОЈ (1939), на ПК на СКОЈ за Македонија и на МК на КПЈ во Скопје (1940), организатор на штрајкови на металските работници. По… Continue reading БОЦЕВСКИ, Боте

БОЦЕВСКИ, Владимир

БОЦЕВСКИ, Владимир (Куманово, 3. Ⅵ 1947) – кошаркар. Завршил Средно фискултурно училиште во Скопје (1968). Член е на Кошаркарскиот клуб „Партизан” во Куманово (1960– 1963), „Работнички” од Скопје (1963–1979) и КК „Куманово”. Бил еден од најдобрите играчи, со што придонел за успесите на своите екипи. Одиграл 49 натпревари за младинската и сениорската репрезентација на Југославија… Continue reading БОЦЕВСКИ, Владимир

БОЧВАР, Марко

БОЧВАР, Марко (Боцарис Маркос) (ок. 1788 – Мисолунги, 21. Ⅷ 1823) – учесник во Грчкото востание. Со наредба од претседателот на востаничката влада, Маврокордатос, бил назначен за командант на грчките востанички сили (1823). Загинал при одбраната на Мисолунги. Бил близок со Бајрон, кој изразил желба да биде закопан до Бочвар. ЛИТ.: Христо Полјански-Андонов, Одбрани дела,… Continue reading БОЧВАР, Марко

БОШАВА

БОШАВА – река, десна притока на Вардар. Извира во подножјето на планината Кожув, на височина од 1.070 м, а се слива во Вардар пред Демиркаписката Клисура на височина од 95 м. Долга е 51,5 км, има вкупен пад од 979 м и просечен пад 19,0 %. Сливот зафаќа по2 вршина од 467,7 км . Нејзини… Continue reading БОШАВА

БОШАЛЕ, Никола

БОШАЛЕ, Никола (Охрид, 27. Ⅶ 1929) – универзитетски професор, социолог. Основно образование завршил во родното место, а учителска школа во Битола. Дипломирал педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје. Постдипломски стидии по социологија завршил во Белград, а докторат по социолошки науки одбранил во Скопје (1975). Бил професор во Вишата туристичка школа во Охрид. Втемелувач на социологијата… Continue reading БОШАЛЕ, Никола

БОШЕВСКИ, Ристо Јосипов

БОШЕВСКИ, Ристо Јосипов (с. Журче, Демирхисарско, 7. XI 1948) – бригаден генерал на АРМ. Завршил средно училиште во Битола и Воена академија на ЈНА во Задар (1975). Бил командир на вод, батерија и артилериски дивизион на ЈНА. Во АРМ (од 1992) бил началник за организацискомобилизациски работи во корпус, командант на граничен баталјон и на пешадиска… Continue reading БОШЕВСКИ, Ристо Јосипов

БОШЕВСКИ, Томе

БОШЕВСКИ, Томе (Битола, 8. Ⅹ 1937) – ел.-инж., д-р на техничките науки, ред. проф., раководител на Институтот за ЕЦРП, на факултетската Лабораторија за обработка на податоци и на постдипломските студии. Три мандати бил декан на ЕТФ во Скопје. Тој е дописен член на МАНУ (1988 г.) и редовен (1994 г.). Бил на усовршување во Западна… Continue reading БОШЕВСКИ, Томе

БОШКОВ, Ванчо

БОШКОВ, Ванчо (Неготино, 1934 – Скопје, 1984) – ориенталист, османист, универзитетски професор. Во 1957 година дипломирал на Катедрата за ориенталистика во Сараево. Пет години работел во Државниот архив на Македонија, превел повеќе турски сиџили (досиеја) и турски документи од 1600-1912 г., три години бил на специјализација во Каиро. Две години бил на истражување во Историскиот… Continue reading БОШКОВ, Ванчо