БОТАНИЧКА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ

БОТАНИЧКА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ – формирана во 1951 година, во состав на Ботаничкиот завод со ботаничка градина на Институтот за биологија при ПМФ во Скопје. Се простира на површина од 14 ха и претставува единствен објект од ваков вид во Скопје и во РМ. Во неа се застапени над 200 видови од дендрофлората со различно географско потекло, како и голем број автохтони и алохтони тревести видови, стакленици и Објект за аклиматизација, репродукција и одгледување на ендемитични, реликтни, ретки и лековити растенија од флората на РМ. Вл. М.