ХАЗАРСКА МИСИЈА (860–861) – византиска верско-политичка мисија на солунските браќа св. Кирил и св. Методиј кај Хазарите по барање на хазарскиот каган. По налог на царот Михаил Ⅲ и на патријархот Фотиј, тие заминале кај Хазарите за да ги неутрализираат идејните конфронтации на паганството, еврејството, мухамеданството и христијанството и да издејствуваат каганот христијанството да го… Continue reading ХАЗАРСКА МИСИЈА
Tag: Х
ХАЗМОФИТСКА ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ
ХАЗМОФИТСКА ВЕГЕТАЦИЈА НА Република Македонија– растителни заедници ниетеа рупестрис, редот Потентиллеталиа цаулесцентис (во кој се опфатени хазмофитските растителни заедници што се развиваат на варовничка геолошка подлога) и редот Андросацеталиа ванделлии (хазмофитски растителни заедници на силикатна геолошка подлога). Тие се застапени со бројни асоцијации, во кои како карактеристични видови се јавуваат разни видови на родот Саџифрага… Continue reading ХАЗМОФИТСКА ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ
ХАЈИР ДОВА
ХАЈИР ДОВА (Хаѕ›р дова) – благословите што во синтетизирана микро форма го пренесуваат древното митско сознание и верување во магиската сила на зборот. За тоа сведочат и многубројните благослови во усното творештво на турското население во Македонија. Многу често во секојдневјето посакуваната порака се постигнува со благослови што се однесуваат на среќата, здравјето и човековата… Continue reading ХАЈИР ДОВА
ХАЈРОНЕЈА
ХАЈРОНЕЈА (Хаиронеиа) – антички град на северната граница на Бојотија (Хелада) каде што македонската војска предводена од Филип Ⅱ извојувала победа над здружените сили на хеленските полиси предводени од Атина и Теба (август 338 пр. н.е.), со што тие биле принудени да ја признаат врховната власт на Македонското Кралство. Тука се одиграла и битката помеѓу… Continue reading ХАЈРОНЕЈА
ХАЛИЛИ, Мухамед Невзат
ХАЛИЛИ, Мухамед Невзат (с. Џепчиште, Тетовско, 21. Ⅱ 1951) – еден од главните лидери на ПДП. Дипломирал на Филолошкиот факултет (на Групата за француски јазик и литература) во Скопје. Работел како професор по француски во средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Поради залагање за поголеми политички права на Албанците во СРМ, како член на СКМ… Continue reading ХАЛИЛИ, Мухамед Невзат
ХАЛИМИ, Џемал шкелзен
ХАЛИМИ, Џемал шкелзен (Куманово, 5. Ⅸ 1961) – писател, новинар и преведувач. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, на Групата за албански јазик и книжевност. Пишува прозни и драмски дела.Се занимавал главно со новинарство. Преведувал автори и литературни дела од македонски на албански јазик и обратно. Претставен е… Continue reading ХАЛИМИ, Џемал шкелзен
ХАЛИПЛИДИ
ХАЛИПЛИДИ (Халиплидае) – ситни тврдокрилни инсекти. Живеат во вода. Телото им е испакнато и на задниот дел е заострено. Се хранат со алги. Во Македонија од оваа фамилија е познат само еден род – Халиплус, со регистрирани 8 Халиплида видови. ЛИТ.: В.Б. Гуеоргуиев, Цаталогус Фаунае Југославиае. Цолеоптера (Аљуатица), Ацад. Сци. Арт. Слов. Лјублјана, 1971, Ⅲ,… Continue reading ХАЛИПЛИДИ
ХАЛКОЗОВИЌ, Јанко
ХАЛКОЗОВИЌ, Јанко (Македонија, ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – Нови Сад, 1794 ) – сликар, Македонец по потекло, населен во Нови Сад. Работел нарачки за фрушкогорските манастири во манир на украинскиот барок. Во повеќе проекти соработувал со сликарот Василие Остојчиќ. Изработил икони за манастирите Раковац, Крушедол (1745), Мала Ремета (1757), Беочин (1758) и Кувеждин (1772). Насликал икони и… Continue reading ХАЛКОЗОВИЌ, Јанко
ХАМ, Јосип
ХАМ, Јосип (Јосип Хамм) (Гат, Хрватска, 3. ⅩⅠⅠ 1905 – Виена, Австрија, 23. Ⅺ 1986) – хрватски и австриски лингвист и славист. По завршувањето на студиите по славистика и германистика во Загреб, студирал полонистика и славистика на универзитетите во Краков, Варшава и Љвов (1928&1930), а докторирал по филозофија (1941). Предавал старословенски јазик и споредбена словенска… Continue reading ХАМ, Јосип
ХАМДИ–
ХАМДИ–БЕЈ ОХРИ (Хамди беј Охри) (Охрид, 1862–1938) – основоположник на првото албанско училиште во Охрид. Основно училиште завршил во Охрид, а Руждие во Битола. Студиите ги продолжил во воената гимназија во Истанбул, но поради патриотската активност бил исклучен од училиштето. Оставил во ракопис еден албанско-турски речник, од кој еден дел е уништен, а другиот дел… Continue reading ХАМДИ–
ХАМЕ, Садо
ХАМЕ, Садо (Дебар, 1925 – Скопје, 2002) – работник, воен командант и политички деец. Бил учесник во НОАВМ (од јули 1943) и политички комесар на чета, а потоа командант на баталјон, демобилизиран како резервен капетан. По Ослободувањето бил народен пратеник во Републичкиот собор на Народното собрание на НРМ и член на ЦК на Народната младина… Continue reading ХАМЕ, Садо
ХАМЗАЛИ–
ХАМЗАЛИ–ДРВОШ – рудник на фелдспати, кој се наоѓа во атарот на село Хамзали, Струмичко. Рудната област е претставена со чести жици, леќи и неправилни тела на метасоматски леукократни крупнозрнести албитски гранити лоцирани во крупнозрнестите биотитски гранити. Овие рудни тела се бели албитски гранитоиди, познати под името „натриски фелдспат“. Тие содржат околу 80% албит со околу… Continue reading ХАМЗАЛИ–
ХАМЗАОГЛУ, Јусуф
ХАМЗАОГЛУ, Јусуф (Ѕусуф ХамзаоŸлу) (Врапчиште, 1945) – универзитетски професор од турската националност во РМ. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје на Групата за турски јазик и литература, а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (историски науки). Повеќе мандати беше директор на ОУ „Тефејуз“ во Скопје; редовен професор на Педагошкиот факултет „Климент Охридски“ во Скопје. Од… Continue reading ХАМЗАОГЛУ, Јусуф
ХАНЏИСКИ, Благоја
ХАНЏИСКИ, Благоја (с. Владимирово, 06. Ⅵ 1948) – унив. професор, политичар и амбасадор. Дипломирал (1972) на Електротехничкиот факултет во Скопје. Магистрирал (1980) и докторирал (1984) на Електротехничкиот факултет во Загреб од областа на електричните мерења. Во 1972 г. се вработил во Рудници и железарница „Скопје“. Од 1974 г. бил вработен на Природно-математичкиот факултет, а од… Continue reading ХАНЏИСКИ, Благоја
ХАРИТОН
ХАРИТОН – јеромонах, охридски архиепископ (21. Ⅹ 1641 – 1651). Игуменот Герман на кременишкиот манастир „Успение Богородично“ од Костурско добил потпишана грамота од него како архиепископ, наменета за рускиот цар. Има и други зачувани грамоти со негов архиепископски пот-пис, наменети за неговите владици што оделе да собираат милостиња во Русија (кариополскиот епископ Неофит – 1644–1645,… Continue reading ХАРИТОН
ХАСА, Џемо
ХАСА, Џемо (с. Симница, Гостиварско, 1908 – шар Планина, 2. Ⅳ 1945) – озлогласен балистички водач што дејствувал во западниот дел на Македонија во Втората светска војна. Во 1942 г. со околу 40 души се одметнал в шума за да се бори против Италијанците. Подоцна, за голема сума пари бил купен од Италијанците за да… Continue reading ХАСА, Џемо
ХАСАН-ПАША, Хоџа Заде
ХАСАН-ПАША, Хоџа Заде (Дебар, ⅩⅤⅠⅠ в.) – познат војсководец. Беглербег на Румелија (1683–1684), везир. Загинал во војна кон крајот на август во 1685 г. Кенан Хасипи
ХАСАН, Хамди
ХАСАН, Хамди (Хамди Хасан) (Гостивар, 17. Ⅹ 1945) – универзитетски професор од турската националност во РМ. Дипломирал на Групата за турски јазик и литература во Белград. Магистрирал на Филолошкиот факултет во Белград, докторирал од областа на народната литература на Истанбулскиот универзитет. Работел како професор во гимназијата во Гостивар. Од 1976 г. е професор на Катедрата… Continue reading ХАСАН, Хамди
ХАСИПИ, Кенан
ХАСИПИ, Кенан (с. Врапчиште, Дебарско, 1. ⅩⅠⅠ 1955) – политичар. Го заврил Медицинскиот факултет во Скопје и специјализирал интерна медицина. Претседател на Демократската партија на Турците на Македонија и пратеник во парламентарните состави на Собранието на Република Македонија(1994–2009). Р.
ХАТЕХИЈА
ХАТЕХИЈА (Преродба) (Битола, 1923) – еврејска младинска организација формирана со обединувањето на постојните здруженија „Бе-нот Цион“, „Бене Цион“ и „Макаби“. Првата младинска организација од Македонија што се зачленила во Сојузот на еврејските младински здруженија. Претседател на Организацијата бил Леон Камхи. Од повеќето секции во Организацијата најактивна била спортската. Во десетгодишната дејност биле организирани неколку фудбалски… Continue reading ХАТЕХИЈА
ХАЦОН
ХАЦОН (?– Солун, 616) – словен-ски кнез во Македонија. Го предводел воено-племенскиот сојуз на Драговитите, Сагудатите, Велегезитите, Вајунитите, Верзитите и на другите словенски племиња во Македонија што го опсадувале и го напаѓале две години градот Солун (614–616). Во борбите бил заробен, одведен во Солун и убиен со каменување. По неговото убиство, словенските племиња ја кренале… Continue reading ХАЦОН
ХАЏИ БОШКОВ, Петар
ХАЏИ БОШКОВ, Петар (Скопје, 1. Ⅵ 1928) – скулптор, графичар, Петар Хаџи Бошков професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, еден од доминантните уметници на македонската ликовна сцена, особено значаен во промовирањето на апстрактните размислувања во скулптурата при крајот на 50-тите години. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана (1953). Специјализирал на Кралскиот… Continue reading ХАЏИ БОШКОВ, Петар
ХАЏИ ДИМОВ, Димо Хаџијованов
ХАЏИ ДИМОВ, Димо Хаџијованов (с. Горно Броди, Серско, 14. Ⅱ 1875 – Софија, 13. Ⅸ 1924) – народен трибун, социјалистички агитатор и идеолог на македонското ослободително движење, публицист. Татко му Хаџи Димко бил истакнат преродбенски деец, поради што повеќе пати бил апсен од османлиските власти, па бил принуден со семејството да емигрира во новооснованото Бугарско… Continue reading ХАЏИ ДИМОВ, Димо Хаџијованов
ХАЏИ НИКОЛОВ, Иван
ХАЏИ НИКОЛОВ, Иван ( Кукуш, 24. ⅩⅠⅠ 1861 – Софија, 9. Ⅶ 1934) – македонски револуционер, учител и книжар. Завршил Трговска академија во Линц, Австрија. Бил учител во Костенец, Кукуш, Воден и во Солун. Соработник на Младата македонска книжовна дружина во Софија и на списанието „Лоза“ (1892). Отворил сопствена книжарница во Солун (1893). Бил еден… Continue reading ХАЏИ НИКОЛОВ, Иван