ХАМ, Јосип

ХАМ, Јосип (Јосип Хамм) (Гат, Хрватска, 3. ⅩⅠⅠ 1905 – Виена, Австрија, 23. Ⅺ 1986) – хрватски и австриски лингвист и славист. По завршувањето на студиите по славистика и германистика во Загреб, студирал полонистика и славистика на универзитетите во Краков, Варшава и Љвов (1928&1930), а докторирал по филозофија (1941). Предавал старословенски јазик и споредбена словенска граматика на Универзитетот во Загреб (1948&1960), кога се префрлил на Универзитетот во Виена, каде што предавал Јосип Хам словенска филологија (1960&1976). Член е на ХАЗУ (1956) и на Австриската академија на науките (1966), каде што го раководел Балканолошкото одделение, и член на МАНУ надвор од работниот состав (1979). Бил соработник на Старословенскиот институт во Загреб и уредник на сп. „Слово“, почесен доктор на Вроцлавскиот (1973) и на Киевскиот универзитет (1983) и долгогодишен потпретседател на Меѓународниот славистички комитет. Има посебни заслуги (заедно со проф. Ф. В. Мареш) за организирањето на наставата по македонистика на Виенскиот универзитет. Учествувл на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид (1969) и објавил значаен број трудови од македонистиката. БИБ.; Мој осврт на К. П. Мисиркова, зб.: Крсте П. Мисирков и национално-културниот развој на македонскиот народ до Ослободувањето, Скопје, 1976, 199-207; Ватрослав Облак за јужните македонски говори, зб.: Научна дискусија на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, Ⅳ, Скопје, 1977; Дијахронијата кај типолошките диференцијации во јужнословенските јазици, Научна дискусија на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, Ⅵ, 1979; Појава и развитак ќирилометодског писманахрватском тлу и нјегове везе с Македонијом, зб.: Кирило-методиевскиот (старословенскиот) период и кирило-методиевската традиција во Македонија, Скопје, 1988, 167-175. ЛИТ.: Фестсцхрифт зу Ехрен вон Јосип Хамм, Береицхте дер Славистик, Њиен, 1975; Библиографија, „Слово“, 25-26, Загреб, 7-16; 35, 151-154; А. Назор, Ин мемориам Јосип Хамм, „Слово“, 37, 1987, 7-12; Иван Доровски, Емилија Црвенковска, Лексикон на странски македонисти ⅩⅩ и ⅩⅩⅠ век, Скопје, 2008, 125-126. Бл. Р.