ХАЛКОЗОВИЌ, Јанко

ХАЛКОЗОВИЌ, Јанко (Македонија, ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – Нови Сад, 1794 ) – сликар, Македонец по потекло, населен во Нови Сад. Работел нарачки за фрушкогорските манастири во манир на украинскиот барок. Во повеќе проекти соработувал со сликарот Василие Остојчиќ. Изработил икони за манастирите Раковац, Крушедол (1745), Мала Ремета (1757), Беочин (1758) и Кувеждин (1772). Насликал икони и за православната црква во Осиек (1761), кои се уништени во Втората светска војна. ЛИТ.: О. Микиђ, Л. шелмиђ, Мајстори прелазног периода српског сликарства ⅩⅤⅠⅠⅠ века (каталог), Галерија Матице Српске, Нови Сад, 1981, 78–87; М. Тимотијевиђ, Српско барокно сликарство, Нови Сад, 1996, 89–91. Ј. Ч.-Ф.