ХАМЕ, Садо

ХАМЕ, Садо (Дебар, 1925 – Скопје, 2002) – работник, воен командант и политички деец. Бил учесник во НОАВМ (од јули 1943) и политички комесар на чета, а потоа командант на баталјон, демобилизиран како резервен капетан. По Ослободувањето бил народен пратеник во Републичкиот собор на Народното собрание на НРМ и член на ЦК на Народната младина на Југославија. С. Мл. Површинскиот коп на рудникот Хамзали-Дрвош