ЦРНА РАКА

„ЦРНА РАКА“ – албански заштитен комитет (1943–1944), фашистичка организација формирана од Германците. Дејствувала за ширење омраза спрема Македонците, нивно убивање (посебно на видните личности) и протерување од окупираниот Западен дел на Македонија. Претседател на организацијата бил Имет Лимани. Извршувала и разузнавачка дејност за собирање информативни податоци за движењето и силата на македонските партизански единици. Расформирана… Continue reading ЦРНА РАКА

ЦРНА РЕКА

ЦРНА РЕКА – десна притока на р. Вардар. Извира во Демир Хисар кај с. Железнец, на височина Црна Река вкупниот пад изнесува 631 м. Изворот го сочинуваат 5 поголеми карстни извори, меѓу кои позначајни се Црна Дупка и Под Куќа, а изворишниот дел се наоѓа во североисточниот дел на Церско Поле, под планините Баба СачContinue reading ЦРНА РЕКА

ЦРНИ ДРИМ

ЦРНИ ДРИМ – река што истекува од Охридското Езеро кај Струга, тече низ северозападниот дел на Охридско-струшката Котлина и кај селото Ташмаруниште влегува во Дримколската Клисура. Од излезот на клисурата влегува во Дебарската Котлина, а западно од селото Спас, на кота од 476 м, ја напушта територијата на РМ и влегува во Албанија. На делницата… Continue reading ЦРНИ ДРИМ

ЦРНО СЕМЕ

ЦРНО СЕМЕ“ – игран филм, ед-но од најзначајните остварувања во македонската кинематографија. Снимен во 1971 г., според истоимениот роман на Т. Георгиевски, во режија на Кирил Ценевски. Дејството е лоцирано во времето на Граѓанската војна во Грција (1946). Потресните сведоштва за невидените тортури врз групата грчки униформирани војници од македонско етничко потекло добиваат во строгата… Continue reading ЦРНО СЕМЕ

ЦРНОГОРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ЦРНОГОРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Се воспоставуваат во средниот век кога цар Самуил го поразува дукљанскиот владетел кнезот Јован Владимир, ја приклучува неговата држава кон Самуиловото Царство, го донесува Јован Владимир на дворот во Преспа и го оженува со ќерката Косара, па го враќа да управува во Дукља како негов зет и вазал. По Берлинскиот конгрес… Continue reading ЦРНОГОРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ЦРНОРИЗЕЦ

ЦРНОРИЗЕЦ (ЧЕРНОРИЗЕЦ) ХРАБАР (втората половина на Ⅸ в. – првата половина на Ⅹ в.) – истакнат средновековен писател од кирилометодиевскиот период. Автор е на едно од најзначајните старословенски дела „О писменех“ („За буквите“). Во својата литературна творба дава исклучително важни податоци за создавањето на словенското писмо, неговата предисторија, чинот на создавањето и неговото ширење меѓу… Continue reading ЦРНОРИЗЕЦ

ЦРПИ ВОДА, ЈАНО

ЦРПИ ВОДА, ЈАНО“ – македонско народно оро во мешан состав, со метар 2/4. Најчесто се играло во Скопско со држење на рацете за појас, со движење во полукруг во одмерено темпо и со балансирање на предната половина од стапалото. ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 41. Ѓ. М. Ѓ. Н. Мартиноски: Слобода или… Continue reading ЦРПИ ВОДА, ЈАНО

ЦРТЕЖОТ ВО ⅩⅩ ВЕК

ЦРТЕЖОТ ВО ⅩⅩ ВЕК. Современиот македонски цртеж се појавува во периодот меѓу двете светски војни, едновремено со почетоците на современото сликарство и скулптура. Со него се занимавале пионерите на модерната (Д. А. Пандилов, Н. Мартиноски). Во повоениот период се актуализира особено од страна на членовите на групата Денес, развивајќи се понатаму како самостојна дисциплина со… Continue reading ЦРТЕЖОТ ВО ⅩⅩ ВЕК

ЦРЦАРЕВ, Пантелеј

ЦРЦАРЕВ, Пантелеј (Ресен, 1888 – Ресен, 1963) – лекар. По завршувањето на Мед. ф. во Атина (1912) бил лекар во Ресен. Во Првата светска војна бил воен лекар на Солунскиот фронт. Во времето на Втората светска војна бил околиски лекар во Ресен и Царев Двор. Го основал Здравствениот дом во Ресен (1. Ⅳ 1945). П.… Continue reading ЦРЦАРЕВ, Пантелеј

ЦУТАР

ЦУТАР – народно именување на третиот месец во годината – март. С. Мл.

ЦУЦУЛОВСКИ, Љубомир Наумов

ЦУЦУЛОВСКИ, Љубомир Наумов (Битола, 1. Ⅸ 1948) – доктор по филозофија, универзитетски професор и публицист. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1971), магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (1982), а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1992). Работел како асистент на Институтот (1973–1975), кога е избран за асистент на Филозофскиот факултет во СкопјеContinue reading ЦУЦУЛОВСКИ, Љубомир Наумов