ХИЛФЕРДИНГОВ (МАКЕДОНСКИ) КИРИЛИЧКИ ЛИСТ – в. Фрагменти на кирилички старословенски текстови од македонско потекло. шејмас Хини
Tag: Х
ХИНИ, шејмас
ХИНИ, шејмас (Мосбон, Северна Ирска, 8. Ⅶ 1939) – ирски поет, есеист и преведувач, добитник на Нобеловата награда за литература во 1995. Внимание привлекува уште со првата поетска збирка Смртта на природословецот (1966). Тој во поезијата ги велича секојдневните чуда на животот. Други книги: Врата кон темнината (1969), Презимување (1972), Остров на ходочастија (1984), Глогов… Continue reading ХИНИ, шејмас
ХИРОНОМИДИ
ХИРОНОМИДИ (Цхирономидае) – двокрилци слични на комарците. Многу се ситни, нежни и со тенки крилја. Се појавуваат во големи роеви како облаци над водите. Ларвите живеат во водна средина и се главна Хирономида храна за рибите. Во Дојранското Езеро доминира видот Цхирономус плумосус Л., чии ларви се крупни и црвено обоени, по што се лесно… Continue reading ХИРОНОМИДИ
ХИСТОЛОГИЈА
ХИСТОЛОГИЈА . (ст. гр. ?–¬стÁз) наука за изучување на животинските и растителните ткива под микроскоп (микроскопска анатомија). Како наставно-научна дисциплина во Македонија е воведена во учебната 1948/49 г., непосредно по основањето на првиот македонски универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Во Македонија постојат повеќе лаборатории во кои се применуваат хистолошки истражувања, како од базичен карактер, така… Continue reading ХИСТОЛОГИЈА
ХЈУЗ, Тед
ХЈУЗ, Тед (Јокшир, 17. Ⅷ 1930 – 28. Ⅹ 1998) – англиски поет, бил оженет со популарната поетеса Силвија Плат која се самоубила. Заедно со Даниел Вајсборт во Лондон го уредувал книжевното списание Модерна поезија во превод во кое ги претставувале најпознатите модерни писатели на ХХ в. Врз неговото творештво најсилно влијание има делото Птици,… Continue reading ХЈУЗ, Тед
ХЛАПЕН, Радослав
ХЛАПЕН, Радослав (ⅩⅣ в.) – благородник, војсководец на Стефан Душан, самостоен владетел во Југозападна Македонија, господар на Бер и на Воден со околните краеви. Се издигнал и се осамостоил по смртта на царот Стефан Душан (1355). Ги владеел териториите од Селечка Планина, на север, до границата на Тесалија, на југ, на запад до Костур, а… Continue reading ХЛАПЕН, Радослав
ХЛУДОВ
ХЛУДОВ (ЛОБКОВСКИ) ПАРИМЕЈНИК – пергаментен кирилски ракопис од ⅩⅤⅠⅠⅠ–ⅩⅣ в. Пишуван е од македонскиот книжевник Никола Брата во времето на византиските цареви Андроник Ⅱ Палеолог и неговиот син Михаил Ⅸ (помеѓу 1294-1320). Содржи 171 лист. Се наоѓал во ракописната збирка на А. И. Лобков, поради што во славистичката наука е познат како Лобковски паримејник. Сега… Continue reading ХЛУДОВ
ХЛУДОВ
ХЛУДОВ ТРИОД – пергаментен ракопис од ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Има 188 листови и ги опфаќа и двата дела од Триодот – посниот и цветниот. Во минатото ракописот се наоѓал во Марковиот манастир крај Скопје. Оттука, во ⅩⅠⅩ в. го зел А. Гиљфердинг и го однел во Русија. Сега се чува во Хлудовата збирка при Државниот историски… Continue reading ХЛУДОВ
ХЛУДОВ ТРИОД
ХЛУДОВ ТРИОД – пергаментен ракопис од ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Има 188 листови и ги опфаќа и двата дела од Триодот – посниот и цветниот. Во минатото ракописот се наоѓал во Марковиот манастир крај Скопје. Оттука, во ⅩⅠⅩ в. го зел А. Гиљфердинг и го однел во Русија. Сега се чува во Хлудовата збирка при Државниот историски… Continue reading ХЛУДОВ ТРИОД
ХОЛОКАУСТ
ХОЛОКАУСТ – геноцидот над Евреите од Македонија (1943). Во привремениот логор во Монополот во Скопје биле собрани Евреите од сите градови на Македонија (7.145). Оттаму со железнички композиции од товарни вагони биле транспортирани (11. Ⅲ 1943) во логорот на смртта Треблинка во Полска, каде што веднаш биле и убивани. Никој од македонските Евреи не ја… Continue reading ХОЛОКАУСТ
ХОМАТИЈАН, Димитриј
ХОМАТИЈАН, Димитриј (ок. 1165–1234) – хартофилакс (ок. 1200–1217) и архиепископ (1217– 1234) на Охридската архиепископија, каноник и писател. Поборник на агресивната политика на Теодор И Ангел (1214–1230), кон Латините и Никејците. Се грижел за правата и за привилегиите на Охридската архиепископија. Бил противник на осамостојувањето на српската црква. Оставил богата збирка документи. Напишал Кратко житие… Continue reading ХОМАТИЈАН, Димитриј
ХОР НА КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНОТО ДРУШТВО ВАРДАР , ЗАГРЕБ
ХОР НА КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНОТО ДРУШТВО „ВАРДАР“, ЗАГРЕБ – хорски ансамбл, составен од македонски студенти на Универзитетот во Загреб. Диригент бил Александар Глигориевиќ-Линин. Хорот го сочинувале 28 организирани млади комунисти. Покрај хорското пеење, на часовите се одржувале и партиски состаноци, каде што се проучувала литературата за напредните движења во светот. Во текот на јули 1936 г. овој… Continue reading ХОР НА КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНОТО ДРУШТВО ВАРДАР , ЗАГРЕБ
ХОР НА МРТ
ХОР НА МРТ – основан е по Ослободувањето. Први диригенти биле Стефан Гајдов и Тодор Скаловски. Подоцна го раководеле Драган шуплевски и Александар Лековски. Одигра извонредно значајна улога во поттикнувањето и афирмацијата на македонското хорско творештво. Неговиот репертоар го сочинуваа голем број дела од светската музичка литература, меѓу кои и дел од капиталните вокални и… Continue reading ХОР НА МРТ
ХОРВАТ, Иво
ХОРВАТ, Иво (1897–1963) – хрватски ботаничар, основач на загрепската фитоценолошка школа. Дипломирал и докторирал (1920) на Филозофскиот факултет во Загреб и веднаш бил вработен. Бил избран за професор по Систематика на растенијата и Геоботаника (1940). Од 1947 г., па до крајот на животот бил шеф на Заводот за ботаника на Ветеринарниот факултет во Загреб. Хорват… Continue reading ХОРВАТ, Иво
ХОРТИКУЛТУРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА РМ
ХОРТИКУЛТУРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА Република Македонија– доброволна стручно-професионална организација на инженерите и техничарите на РМ, кои работат во секторите на цвеќарството и украсните растенија, градинарството, овоштарството, лозарството и пејзажната архитектура (од 1956). Здружението е членка на ИМИ (Инженерска институција на Македонија). Ст. Х. П.
ХОРТУС
„ХОРТУС“ – списание на Хортикултурното здружение на РМ. Обработува стручно-научни теми од областа на секторите на украсните растенија, обликувањето и уредувањето на пејзажите, парковите и зелените простори. Излегуваше од 1986 до 2001 г., период во кој се објавени 20 броја на списанието. С. Х. П.
ХОЏА, Мируше Мемедали
ХОЏА, Мируше Мемедали (Скоп-Хорот на Македонското радио на гостувањето во Софија (1946) је, 19. Ⅸ 1969) – унив. професор, Мируше Мемедали Хоџа педагог, преведувач и научник. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала на Групата за албански јазик и книжевност и италијански јазик. По дипломирањето извесно време би-ла ангажирана како соработник во културната рубрика… Continue reading ХОЏА, Мируше Мемедали
ХОЏА, ќерим Мемедали
ХОЏА, ќерим Мемедали (с. Радолишта, Струшко, 1924 – Скопје, 1991) – писател за деца, публицист и новинар. Основно училиште завршил во Струга, а средно во Скопје. Прво работел во просвета, а потоа бил новинар во „Флака е велазеримит“. Бил уредник во списанијата за деца „Гезими“ и „Фатоси“. Тој е основоположник на книжевноста за деца на… Continue reading ХОЏА, ќерим Мемедали
ХОШЕК, Карло А
ХОШЕК, Карло А. (Прага, ? – с. Владиловци, Велешко, 24. Ⅱ 1907) – Чех, тиквешки војвода, учесник во македонското ослободително движење по Илинденското востание. Бил четник во четата на П. Ангелов во Кривопаланечко (1905) и во четата на Д. Даскалов, Тиквешко (1906). Потоа бил избран за тиквешки војвода. Дејствувал во Тиквешко и во Велешко. Загинал… Continue reading ХОШЕК, Карло А
ХРВАТСКИ СОКОЛ
„ХРВАТСКИ СОКОЛ“ – ЗАГРЕБ – спортска организација. По Илинденското востание во Македонија започнал акција за прибирање на парична помош за настраданите Македонци и ги повикал патриотските друштва да му се придружат (1904). Во негова организација било одржано свечено собрание во Загреб (5. Ⅲ 1904) кое прераснало во масовна манифестација на солидарност и поддршка на македонскиот… Continue reading ХРВАТСКИ СОКОЛ
ХРВАТСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
ХРВАТСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Датираат од средниот век (делови од Далмација влегуваат во Самуиловото Царство) и продолжуваат во контактите на Хрватите и Македонците како учесници во австро-турските војни (ⅩⅤⅠⅠ в.). Силен поттик на културните релации им дава објавувањето на Зборникот на македонски народни умотворби на браќата Миладиновци во Загреб (1861), со материјална помош на хрватскиот… Continue reading ХРВАТСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
ХРЕЉО
ХРЕЉО – в. Охмучевиќ, Стефан Хрељо Драговола. Таки Хрисик
ХРИСИК, Таки
ХРИСИК, Таки (Крушево, 27. Ⅸ 1920 – Скопје, 15. Ⅺ 1983) – композитор и хорски диригент. Музика учи кај австрискиот композитор и диригент А. Храше, а му-зичкото образование го дооформува по Ослободувањето во Скопје. Потоа заминува во Битола, кадешто работи како наставник по музика во Учителската школа и во Гимназијата. Во меѓувреме работи и како… Continue reading ХРИСИК, Таки
ХРИСОХО, Димитар Томов
ХРИСОХО, Димитар Томов (Битола, 11. Ⅵ 1924 – Скопје, 22. Ⅸ 1986) – спец. интернист-нефДимитар Хрисохо ролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, втемелувач на македонската нефрологија. Мед. ф. завршил во Белград (1951), а специјализација по интерна медицина во 1955 г. Хабилитирал од областа на ревматологијата (хроничен еволутивен полиартритис, во 1957). Ја формирал Клиниката… Continue reading ХРИСОХО, Димитар Томов