СТЕФАНОВСКИ, Мирко

СТЕФАНОВСКИ, Мирко (Скопје, 7. Ⅸ 1921 – Скопје, 31. Ⅹ 1981) – актер и режисер. Еден од основачите на МНТ; член на предвоеното Модерно позориште; член на патувачкиот театар „Димче Трајковски“; раководител на културно-забавната трупа на ЏЛИИ дивизија во НОБ. До 1951 г. бил член на Драмата во МНТ; станува режисер во НТ во БитолаContinue reading СТЕФАНОВСКИ, Мирко

СТЕФАНОВСКИ, Ристо

СТЕФАНОВСКИ, Ристо (Скопје, 5. ⅩⅠⅠ 1928) – театролог, историчар на театарот во Македонија, долгогодишен директор на теа-тар. Ја завршил Државната теаРисто Стефановски тарска школа во Скопје (1947– 1949) и Отсекот за организација на Факултетот за драмски уметности во Белград. Станал член на Драмскиот ансамбл во МНТ (1951–1960), а од 1957 г. директор на Куклениот театар… Continue reading СТЕФАНОВСКИ, Ристо

СТЕФАНОВСКИ, Стефан Славев

СТЕФАНОВСКИ, Стефан Славев (Скопје, 11. Ⅲ 1924 – Скопје, 26. Ⅷ 2002) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Бел-град (1950) и се вработил на Нервната клиника (1950–1987). Специјалистички испит положил во 1953 г., а хабилитирал (1958) од областа на неврологијата. Тој е еден од основачите на Нервната клиника,… Continue reading СТЕФАНОВСКИ, Стефан Славев

СТЕФКОВСКИ, Благоја

СТЕФКОВСКИ, Благоја (Гојчо; псевд. Г. Минтан) (Куманово, 1905 – Скопје, 3. ⅩⅠⅠ 1965) – млад поет, комунистички деец, организатор на НОБ, генерал-мајор на ЈНА. Завршил втори клас гимназија, а потоа го изучувал кројачкиот занает. Како активист на синдикалното движење, станал член на СКОЈ и на КПЈ (од 1935), член на МК на СКОЈ и на… Continue reading СТЕФКОВСКИ, Благоја

СТИБЕРА

СТИБЕРА (Стѕберра), с. Чепигово – антички град, чии што остатоци лежат на 16 км. западно од Прилеп, над вливот на реката Блато во Црна Река (Еригон). За градот најстар е податокот на Полибиј, а подетални податоци за него даваат Т. Ливиј и Страбон, кој вели дека Стибера лежи на реката Еригон и припаѓа на Дериопите.… Continue reading СТИБЕРА

СТИВ НАУМОВ , КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКО ДРУШТВО, БИТОЛА

„СТИВ НАУМОВ“, КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКО ДРУШТВО, БИТОЛА – основано во 1945 г. со Хорска, Драмска и Фолклорна секција, како и со Мандолински Биста на Филоксен, Стибера, с. Чепигово (Ⅱ в.) КУД „Стив Наумов“ од Битола оркестар. Едно од најактивните друштва во Република Македонијаи мошне заслужно за високото ниво на музичкиот аматеризам. Диригенти на Мешаниот и на Женскиот… Continue reading СТИВ НАУМОВ , КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКО ДРУШТВО, БИТОЛА

СТОБИ

СТОБИ (Στο′βοι, Стоби) – градска населба од античко време на утоката на Еригон (Црна Река) во Аџиос (Вардар). На ова место се вкрстувале и двете важни патнички рути на Балканот (Тесалоника–Сирмиум, Хераклеја ЛинкестисСтоби–Пауталија–Сердика). Стоби од мало пајонско населено место во хеленистичкиот, а особено во римскиот период, прерас-Панорама на локалитетот Стоби нал во економски и културен… Continue reading СТОБИ

СТОГОВО

СТОГОВО – висока венечна планина во Западна Македонија, која се формирала во времето на алпската орогенеза. Таа се наоѓа помеѓу долината на Црни Дрим од запад, долините на реките Радика и Мала Река од север и исток, преку тектонскиот преслап Јама (1.507 м) е одвоена од планината Бистра, а на југ морфолошки преку превалот Рудине… Continue reading СТОГОВО

СТОИЛОВ, Милан Трајков

СТОИЛОВ, Милан Трајков (Кукуш, 14. И 1881 – с. Витоша, Кочанско, 6. Ⅸ 1903) – член-основач на ТМОК (1900–1903) и член-основач и секретар на МНЛД во С.-Петербург (1902–1903). По завршувањето на основното (1892) и трикласното училиште во Кукуш (1895) и Бугарската духовна семинарија во Цариград (јули 1902), на 14 август 1902 г. е веќе во… Continue reading СТОИЛОВ, Милан Трајков

СТОИМЕНОВ, Павле

СТОИМЕНОВ, Павле (с. Долно Тламино, Босилеград, 12. Ⅳ 1931) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1986 до пензионирањето во 1996 г.) по предмети од областа на патиштата. Напишал учебник по предметот патишта, а преку апликативната работа придонесол за оформувањето на патната мрежа и градските сообраќајници во нашата земја. Љ. Т.

СТОЈАНОВ-ШТИПЈАНЧЕТО, Доне Тошев

СТОЈАНОВ-ШТИПЈАНЧЕТО, Доне Тошев (с. Ерџелија, Штипско, 1867 – ќустендил, 15. Ⅳ 1931) – припадник на МРО, актер на Доневата афера (1896). Бил курир на Организацијата. На 19. Ⅳ 1896 г., на излезот од Битола кај црквата „Св. Недела“, во неговите вреќи со ориз властите пронашле бомби, набои за револвери и барут. Во затворот во БитолаContinue reading СТОЈАНОВ-ШТИПЈАНЧЕТО, Доне Тошев

СТОЈАНОВ, Димитар

СТОЈАНОВ, Димитар (Димче, Мире) (Прилеп, 1910 – Скопје, 1991) – учесник во предвоеното студентско и комунистичко движење и во НОБ, македонски политичар и државник, историчар и архивист. По завршувањето на студиите по историја на Белград-Димитар Стојанов-Мире скиот универзитет (1935) професорува во Гимназијата во Прилеп (1935-1940), во Пеќ (до април 1941) и во Кратово (1941/42). Во… Continue reading СТОЈАНОВ, Димитар

СТОЈАНОВ, Зафир

СТОЈАНОВ, Зафир (Делчево, 7. Ⅹ 1930) – физичар, ред. проф. (1981) на ПМФ. Дипломирал (1957) на ПМФ, каде што докторирал (1974) со тема во која се изучуваат синтерувани метали и легури со помош на ултразвук. За таа цел оформил Лабораторија за примена на ултразвукот за истражувања на тврдите тела. Специјализирал во Гетинген и Ахен. Држел… Continue reading СТОЈАНОВ, Зафир

СТОЈАНОВ, Крсте

СТОЈАНОВ, Крсте (с. Дрмени, Ресенско, 1880 – с. Кривени, Ресенско, 3. Ⅱ 1905) – печатар, револуционер, припадник на ТМОРО. Бил печатар во Цариград и член на Цариградскиот РК (1900–1903). Од 1904 г. влегол во четата на војводата С. Олчев, која дејствувала во Преспанско. Загинал во борба со османлиска војска во Ресенско. ИЗВ. и ЛИТ.: ЦДА,… Continue reading СТОЈАНОВ, Крсте

СТОЈАНОВ, Крум

СТОЈАНОВ, Крум (Скопје, 6. Ⅲ 1917 – Скопје, 4. ⅩⅠⅠ 1996) – драм-ски актер и режисер. Го посетувал Студиото на уметничкиот театар во Белград (1939-1941). Станал актер во Народниот театар во Скопје (1942-1944). Еден од основачите на Македонскиот народен театар и во Горна Џумаја (Благоевград, Бугарија). Бил член на Драмата на МНТ (1945-1952 и 19611964),… Continue reading СТОЈАНОВ, Крум

СТОЈАНОВ, Петар

СТОЈАНОВ, Петар (Велес, 17. Ⅵ 1922 – Скопје, 8. Ⅹ 1995) – историчар, научен советник во ИНИ. Како гимназијалец му пристапил на комунистичкото младинско движење и станал член на СКОЈ (1941). Бил учесник во НОАВМ (од 1944). По Ослободувањето станал член на КПЈ (од 1945) и дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (јуни 1950). Извесно… Continue reading СТОЈАНОВ, Петар

СТОЈАНОВ, Ристо

СТОЈАНОВ, Ристо (Кавадарци, 1927) – геолог, унив. професор. Основно и средно образование завршил во Кавадарци, а Рударско-геолошки факултет во Белград (1952). По дипломирањето, во Геолошкиот завод на Македонија работи како геолог врз проблемите на создавањето на геолошките подлоги при реализацијата на хидротехничките објекти во Македонија, како што се акумулациите на Маврово – Вруток и Равен;… Continue reading СТОЈАНОВ, Ристо

СТОЈАНОВ, Софрониј

СТОЈАНОВ, Софрониј (с. Цер, Демирхисарско, 8. Ⅹ 1871 – с. Габрово, Горноџумајско, 15. Ⅳ 1903) – врховистички војвода, поручник во Бугарската армија. Завршил воено училиште во Софија (1892). Ја напуштил армијата (1900) за да дејствува во Македонија. Како војвода дејствувал во Малешевско, Горноџумајско и во Кичевско (1901). Загинал во борба со османлиската војска. ИЗВ. и… Continue reading СТОЈАНОВ, Софрониј

СТОЈАНОВА-БРМБЕСКА, Делка Богданова

СТОЈАНОВА-БРМБЕСКА, Делка Богданова (Дебар, 5. Ⅶ 1934) – фармаколог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Вработена во Институтот за фармакологија и токсикологија при Мед. ф. во Скопје. Придонела за унапредувањето на педагошките основи на современата базична и клиничка фармакологија. Била шеф на катедрата, продекан, учесник во институтските проекти и долгогодишен главен уредник на ММП.… Continue reading СТОЈАНОВА-БРМБЕСКА, Делка Богданова

СТОЈАНОВА, Корнелија Страхилова

СТОЈАНОВА, Корнелија Страхилова (Штип, 24. ⅩⅠⅠ 1936) – редовен професор (1993) на ПМФ, Институт за хемија (во пензија од 2001). Дипломирала (1960), магистрирала (1978) и докторирала во Скопје. Работниот век го започнала во Електрохемискиот комбинат „Јегуновце“, а од 1962 г. е, сукцесивно, од асистент до редовен професор на Институтот за хемија. Одржувала настава по предмети… Continue reading СТОЈАНОВА, Корнелија Страхилова

СТОЈАНОВА, Милица

СТОЈАНОВА, Милица (Крива Паланка, 6. Ⅵ 1932) – актерка, чии креации се резултат на талент и култивиран пристап во презентирање на играниот лик. По завршувањето на Средната театарска школа во Скопје, работи во Радиодрамата во Скопје, а потоа во Драмата на МНТ (1953-1964). Од 1964 г. до пензионирањето е во Драмскиот театар во Скопје. УЛОГ:… Continue reading СТОЈАНОВА, Милица

СТОЈАНОВИЌ-ЛАФАЗАНОВСКА, Лидија Александрова

СТОЈАНОВИЌ-ЛАФАЗАНОВСКА, Лидија Александрова (Скопје, 1965) – филолог, научен советник. истражувач на народната поезија во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје – Група општа и компаративна книжевност (1989). Магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград на темата „Мотив жртвовања у македонској народној књижевности“ (11. Ⅱ 1993) и докторирала на Филолошкиот… Continue reading СТОЈАНОВИЌ-ЛАФАЗАНОВСКА, Лидија Александрова

СТОЈАНОВИЌ, Александар

СТОЈАНОВИЌ, Александар Тодоров (Скопје, 2. Ⅲ 1955) – спец. интернист, хематолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Раководител на Дневната болница при Клиниката за хематологија, претседател на Здружението на хематолозите на РМ, член на Европската асоцијација за хематологија. Особен интерес и заслуги има за развојот на трансплантацијата на коскената срцевина во РМ, како и… Continue reading СТОЈАНОВИЌ, Александар