СТЕФАНОВСКИ, Стефан Славев

СТЕФАНОВСКИ, Стефан Славев (Скопје, 11. Ⅲ 1924 – Скопје, 26. Ⅷ 2002) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Бел-град (1950) и се вработил на Нервната клиника (1950–1987). Специјалистички испит положил во 1953 г., а хабилитирал (1958) од областа на неврологијата. Тој е еден од основачите на Нервната клиника, нејзин директор (1978– 1987), долгогодишен шеф на Одделот за општа неврологија и едукатор на бројни кадри невролози во РМ. Автор е на повеќе од 100 научни труда од областа на неврологијата и психијатријата и на учебни помагала. БИБ.: Учебник за средно медицинско училиште: Неврологија, Скопје, 1986. Ил. Џ. Томе Стефановски СТЕФАНОВСКИ, Томе Благоев