СТОЈАНОВИЌ-ЛАФАЗАНОВСКА, Лидија Александрова

СТОЈАНОВИЌ-ЛАФАЗАНОВСКА, Лидија Александрова (Скопје, 1965) – филолог, научен советник. истражувач на народната поезија во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје – Група општа и компаративна книжевност (1989). Магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград на темата „Мотив жртвовања у македонској народној књижевности“ (11. Ⅱ 1993) и докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на тема „Феноменот на иницијацијата во македонската народна книжевност“ (11. И 1999). Член е на Редакцијата на сп. „Македонски фолклор“. БИБ.: Танаталошкиот правзор на животот. Феноменот жртвување во македонската народна книжевност, Скопје, 1996; Хомо инитиатус. Феноменот на иницијацијата во македонската народна литература, Скопје, 2001; Егзодусот на Македонците од Грција. Женските приказни за Втората светска војна и нивниот егзодус, Скопје, 2002 (со коавтор); Методи на истражување на фолклорот, Скопје, 2005; Хоризон-ти на народната култура, Скопје, 2006.. ИЗВОРИ: 50 години Институт за фолклор. Библиографија на изданијата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје и на магистерските и докторските дисертации на соработниците 1950– 2000. Подготвила Мирјана Анастасова, Скопје, 2000, 101-102, 126-127 и 150; Реферат за избор на научен советник за работното место истражувач на народната поезија во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје, „Билтен“ на Универзитетот „Св. Кирил; и Методиј“ во Скопје, бр. 927, Скопје, 1. Ⅹ 2007, 102-104. С. Мл. Александар Стојановски