РАЕЦ

РАЕЦ – предел во Средно Повардарје на РМ. Го зафаќа сливот на реката Раец, лева притока на Црна Река. Во времето на турското вадеење овој крај се викал Дере Кол (речна жупа), а неговото управно средиште било во с. Фариш. Теренот е составен од неогени езерски седименти што се покриени со слатководен варовник. Низ тие… Continue reading РАЕЦ

РАЗВИГОРОВ, Ипокрит

РАЗВИГОРОВ, Ипокрит (с. Ново село, Штипско, 1900 – Плачковица, 9. Ⅹ 1927) – член на ВМРО. Во 1922 г. избегал во Бугарија и се вклучил во четата на кочанскиот војвода П. Михајлов. Учествувал во атентатот над генералот Михајло Ковачевиќ во Штип (5 Ⅹ 1927). За да не бидат фатени од полицијата на Кралството на СХС,… Continue reading РАЗВИГОРОВ, Ипокрит

РАЗВИГОРОВ, Михаил

РАЗВИГОРОВ, Михаил (Мише) (Штип, 1873 – Штип, 21. Ⅲ 1907) – учител, револуционер, војвода. Завршил педагошко училиште во ќустендил и во Казанлак. Бил учител во Штип (1895), се вклучил во МРО, бил член на Окружниот комитет во Штип. По Виничката афера (1897) бил осуден на доживотен затвор (заточение во Подрум Кале, Мала Азија), амнестиран во… Continue reading РАЗВИГОРОВ, Михаил

РАЗВОЈНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ИНДУСТРИЈАТА ВО УСЛОВИ НА ТРАНЗИЦИЈА

РАЗВОЈНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ИНДУСТРИЈАТА ВО УСЛОВИ НА ТРАНЗИЦИЈА – проблеми со кои се среќава индустријата во Македонија во услови на трансформација на економскиот систем, т.е. распаѓање на претходниот (самоуправен) и изградба на нов (пазарен) економски систем, како и во услови на изградба на самостојна држава. Од мноштвото проблеми се издвојуваат неколку позначајни. 1) Наследената неповолна… Continue reading РАЗВОЈНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ИНДУСТРИЈАТА ВО УСЛОВИ НА ТРАНЗИЦИЈА

РАЗВОЈОТ НА БАНКАРСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

РАЗВОЈОТ НА БАНКАРСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА. Првите никулци на банкарските работи во Македонија се јавуваат во античкиот период, во времето на Филип Македонски (359–336 г. пр.н.е.), кога е воведена златна македонска монета – статер. Со доаѓањето на Римјаните, одделни градови во Македонија имаат право да коват свои монети, во Стоби, на пр., се коват монети на… Continue reading РАЗВОЈОТ НА БАНКАРСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

РАЗВОЈОТ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РМ

РАЗВОЈОТ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО Република Македонија– самостојни, независни ентитети, кои вработуваат најмногу до 250 лица (в. Класификација на претпријатијата според големината) и го сочинуваат највиталниот дел на економската структура на секоја економија. Во СРМ, до 1980 г., поради антагонизмот на социјалистичката идеологија кон приватната сопственост, нивниот број и особено нивната економска сила… Continue reading РАЗВОЈОТ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РМ

РАЗВОЈОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ВО РМ

РАЗВОЈОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ВО РМ. По завршувањето на Втората светска војна имотот на осигурителните друштва од предвоена Југославија беше трансформиран во народен, односно државен имот. Осигурителните друштва што беа конфискувани се спојуваат во Државниот завод за осигурување и реосигурување. Развојот на социјалистичкото осигурување и реосигурување до распадот на СФРЈ помина низ три фази: административно-централистичко осигурување,… Continue reading РАЗВОЈОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ВО РМ

РАЗВОЈОТ НА СМЕТКОВОДСТВОТО

РАЗВОЈОТ НА СМЕТКОВОДСТВОТО. Од историски аспект набљудувано, развојниот подем на сметководството како систем на евиденција во Република Македонијазапочнува со донесувањето на Одлуката на АВНОЈ од 1945 г., со која во тогашната СФРЈ е воведено еднообразното книговодство за сите стопански претпријатија. Со специјалниот Закон за еднообразно книговодство од 20. Ⅺ 1946 г. беа подробно регулирани начините… Continue reading РАЗВОЈОТ НА СМЕТКОВОДСТВОТО

РАЗГРАДУВАЊЕ НА ШУМСКАТА ПРОСТИРКА

РАЗГРАДУВАЊЕ НА ШУМСКАТА ПРОСТИРКА – важен процес што влијае врз интензитетот на кружењето на минералните материи на шумскиот екосистем и врз резервите на шумската простирка. Тоа се одвива под влијание на огромниот број разградувачи што го преставуваат сапрофитниот начин на исхрана. Просечната брзина на разградување во плоскачево–церовиот дабов екосистем на Галичица изнесува 41,52% од годишниот… Continue reading РАЗГРАДУВАЊЕ НА ШУМСКАТА ПРОСТИРКА

РАЗДЕЛБА

РАЗДЕЛБА“ – опера во четири чина (7 слики). М: Т. Прокопиев, Л: А. Панов и композиторот, според драмата Печалбари. Прво изведување: Скопје, 17. Ⅺ 1971. Др. О. Атанас Раздолов

РАЗДОЛОВ, Атанас

РАЗДОЛОВ, Атанас (Берово, 1872 – Софија, 1931) – истакнат претставник на плејадата македонски анархисти од времето на Илинден. Бездруго, најплодниот македонски бугаројазичен поет, гласноговорник на македонската револуција, спонтан сонувач на апсолутното. Издал, главно во сопствена режија, неколку десетици помали стихозбирки со песни исклучиво на македонска историско-револуционерна тематика. Му бил мошне близок и искрен приврзаник на… Continue reading РАЗДОЛОВ, Атанас

РАЗЛИЧНИК, КАВАДАРЕЧКИ

РАЗЛИЧНИК, КАВАДАРЕЧКИ (Центауреа кавадаренсис Мицевски) – локален ендемит во флората на Република Македонијаод фамилијата Астерацае (Цомпоситае), (сложеноцветни растенија), од околината на Кавадарци, меѓу селата Мајдан и ’Ржаново, опишан од академик Кирил Мицевски. Вл. М.

РАЗЛИЧНИК, КОЗЈАЧКИ

РАЗЛИЧНИК, КОЗЈАЧКИ (Центауреа козјакенсис Мицевски) – локален ендемит во флората на Република Македонијаод фамилијата Астерацае (Цомпоситае) (сложеноцветни растенија), од околината на ПрилепКозјак, опишан од академик Кирил Мицевски. Вл. М. РАЗЛИЧНИК, МРАМОРЕН

РАЗЛИЧНИК, СОШКОВ

РАЗЛИЧНИК, СОШКОВ (Центауреа соскае Хаѕек) – локален македонски флористички ендемит од фамилијата Астерацеае (Цомпоситае) (сложеноцветни растенија), се развива покрај Охридското Езеро (с. Трпејца). Се наоѓа на светската црвена листа на загрозени растенија (ИУЦН 1997 Ред Лист оф Тхреатенед Плантс). Вл. М.

РАЗЛОВЦИ

РАЗЛОВЦИ – село во Делчевско. Се наоѓа во Разловечката Клисура, од двете страни на реката Брегалница, на надморска височина од околу 700 м. Со регионален пат на север е поврзано со Делчево, а на југ со Берово. Тоа е населено со Македонци, но нивниот број е во опаѓање. Во 1953 г. во него живееле 1.344… Continue reading РАЗЛОВЦИ

РАЗЛОГ

РАЗЛОГ – град во Пиринскиот дел на Македонија (Република Бугарија) со 13.198 ж. (1997). Се наоѓа во западниот дел на Разлошката Котлина, од двете страни на Бела Река, на надморска висина од околу 830 м. Климата е променето средоземноморска со средна годишна температура од 8,3°Ц. Ис-точно од Р. се наоѓа разлошкиот јагленов басен, а во… Continue reading РАЗЛОГ

РАИЧИЌ, Драгослав

РАИЧИЌ, Драгослав (Салаш, 9. Ⅹ 1935) – ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф. Раководител на Институтот за ЕЕ и постдипломски студии на ЕТФ во Скопје. Продекан на ЕМФ и пом. дир. на УЦМТН. Претседател на Републичката комисија за геоелектрицитет и громобрани и на Студ. ком. за анализа на ЕЕС. Истакнат инженер на Македонтор/коавтор… Continue reading РАИЧИЌ, Драгослав

РАЈНЕР, Петер Коц

РАЈНЕР, Петер Коц (Виена, Австрија 28. Ⅱ 1941) – хирург, ор-топед, редовен проф. на Унив. во Виена, академик. Дипломирал на Мед. ф. во Виена (1967), а специјализирал ортопедија (1974) и докторирал во 1979 г. Од 1984 г. е директор на Клиниката за ортопедија во Виена. Во 1983 ја организирал Ⅱ меѓународна работилница за дизајн и… Continue reading РАЈНЕР, Петер Коц

РАКИЏИЕВ, Михаил

РАКИЏИЕВ, Михаил (Битола, 1878 – Битола, 1935) – припадник на МРО. Во неговата куќа (20. Ⅺ 1901) престојувал Гоце Делчев на советување со Никола Русински, Јордан Пиперката и др. битолски војводи. Од 1904 г. бил член на Битолскиот ОРК на МРО и реонски началник на Ѓавато со околината. Бил осуден (1905) на пет години затвор… Continue reading РАКИЏИЕВ, Михаил

РАКОВИ

РАКОВИ (Црустацеа) – членконоги, главно акватични организми. Населуваат морски и копнени води. Живеат слободно како пливачки форми, а мал број се седентарни или паразити. Телото се состои од различен број сегменти (членчиња) кај различни видови. Сегментите се јасно издвоени во глава, гради и опаш. Телото е заштитено со хитинска материја – кутикула, која претставува надворешен… Continue reading РАКОВИ