РАЗДОЛОВ, Атанас

РАЗДОЛОВ, Атанас (Берово, 1872 – Софија, 1931) – истакнат претставник на плејадата македонски анархисти од времето на Илинден. Бездруго, најплодниот македонски бугаројазичен поет, гласноговорник на македонската револуција, спонтан сонувач на апсолутното. Издал, главно во сопствена режија, неколку десетици помали стихозбирки со песни исклучиво на македонска историско-револуционерна тематика. Му бил мошне близок и искрен приврзаник на Гоце Делчев, кој од своја страна насекаде топ-ло ги препорачувал неговите книги. Поезијата на Раздолов не се одликува со повисоки уметнички вредности. Таа е главно одглас на една вознемирена со-вест, па прилега на неартикулиран македонски крик, ерупција на вековно насобраниот гнев во душата на обесправениот македонски човек, на стихијата на сенародната возбудена душа. Пишува под силното влијание на народната песна и на поетската реч на бугарскиот револуционерен поет Христо Ботев. Избор од поезијата на Атанас Раздолов е издадена на македонски јазик во препев и со предговор на Гане Тодоровски, а од Васил Тоциновски е издадена монографија за Раздолов под наслов „Зборот куршум и динамит“. Г. Т. РАЗЛИЧНИК, АЛШАРСКИ