НАУМОВСКИ, Круме (Тетово, 1914 – Скопје, 12. Ⅹ 1995) – првоборец. Бил член на МК на КПЈ во Тетово (1941), одговорен за техниката од ПК на КПЈ за Македонија (1942), член на Петтиот областен комитет на КПМ (1943) и секретар на Околискиот комитет на КПМ во Скопје (1944). По Ослободувањето извршувал значајни политички и општествени… Continue reading НАУМОВСКИ, Круме
Tag: Н
НАУМОВСКИ, Петар
НАУМОВСКИ, Петар (Прилеп, 27. Ⅷ 1968) – кошаркар. Бил член на Кошаркарскиот клуб „Работнички“ во Скопје. Со КК „Југопластика“ од Сплит двапати Вангел Наумовски: „Езерски мотив“ (1971) го освоил првенството на Југославија и на Европа, со КК „Бене-тон“ (Италија) Купот на Европските шампиони, со КК „Ефес-Пилсен“ (Турција) трипати првенството на Турција и Купот на „Радивое… Continue reading НАУМОВСКИ, Петар
НАУМОВСКИ, Радослав Борисов
НАУМОВСКИ, Радослав Борисов (с. Наколец, Ресенско, 27. Ⅺ 1936) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, вработен на Нервната клиника (1963–2002). Мед. ф. завршил во Скопје (1963), каде што и специјализирал (1969) и докторирал (1979). Долгогодишен шеф на Одделот за неврофизиологија, ја вовел електромиографијата како дијагностички метод и е познат епилептолог. Претседател на… Continue reading НАУМОВСКИ, Радослав Борисов
НАУМОСКИ, Симеон
НАУМОСКИ, Симеон (Прилеп, 1941) – инж. технолог, стопанственик, долгогодишен директор. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1964). Работел во повеќе фабрики, а бил и професор во средно училиште. Од 1974 г. е генерален директор на фабриката „Витаминка“ во Прилеп, која под негово водство од мала, неразвиена и задолжена работилница за црвен пипер прераснува во модерен… Continue reading НАУМОСКИ, Симеон
НАУМЧЕСКИ, Волче
НАУМЧЕСКИ, Волче (Прилеп, 18. И 1916 – Скопје, 20. Ⅲ 1980) – амбициозен работник-поет за возрасни и за деца, автор на првата стихозбирка исцело напечатена на македонски јазик во предвоена Југославија, борец. Како седмо дете во сиромашно семејство, по завршувањето на И клас ја напушта гимназијата и работи како чирак кај повеќемина мајстори и станува… Continue reading НАУМЧЕСКИ, Волче
НАУТ
НАУТ (СЛАНУТОК) .(Цѕцер ариетинум Л.) – едногодишно растение. Семето се користи првенствено за исхрана на луѓето, како леблеблија, варено, сурогат за кафе, маја за производство на леб и печива, каши, сирупи и др. Квалитетот (хемискиот состав) му е сличен со оној на гравот и леќата. Во РМ се сее на повеќе од 1.000 ха. Постојат… Continue reading НАУТ
НАУЧНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУЦИИ
НАУЧНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУЦИИ. Земјоделски институт – Скопје. Формиран е во 1944 г. Вкупно вработени: 163, од кои 14 се доктори и 20 магистри. Годишен буџет од Министерството за наука и образование: 195.000 евра. Институт за јужни култури – Струмица. Формиран е во 1956 г. Вкупно вработени: 24, од кои 8 се доктори и 3 магистри.… Continue reading НАУЧНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУЦИИ
НАЦЕВ-ФЕТАК, Киро
НАЦЕВ-ФЕТАК, Киро (псевд. Милан) (Куманово, 1918 – Прилеп, 21. ⅩⅠⅠ 1942) – комунистички деец, организатор, првоборец. Како синдикален активист во Куманово, учествувал во повеќе штрајкови и станал член на СКОЈ (1934) и на КПЈ (1936). Бил еден од организаторите на кумановските партизански одреди (1941) и командант на Козјачкиот НОПО. По разбивањето на Одредот, бил на… Continue reading НАЦЕВ-ФЕТАК, Киро
НАЦЕВА-АНКА, Мара
НАЦЕВА-АНКА, Мара (Куманово, 28. Ⅸ 1920) – комунистички деец, првоборец. Како работничка во текстилната работилница „шуменковиќ“ во Куманово, станала член на СКОЈ (1936), активист на УРС-овите синдикати и во КУД „Коста Абрашевиќ“. Во потрага по работа заминала во Ниш (1939) и била примена за член на КПЈ (1939), избрана за член (почетокот на 1940) и… Continue reading НАЦЕВА-АНКА, Мара
НАЦЕВА, Гордана
НАЦЕВА, Гордана (Штип, 30. Ⅹ 1970) – правник, ракометарка. Завршила Правен факултет во Скопје (1998). Била голман на РК “Кометал – Ѓорче Петров“ во Скопје (1991–2005), со кој повеќе пати го освојувала првенството и Купот на Македонија како и Ку-пот на европските шампиони (2002). Со Репрезентацијата на Македонија успешно настапувала на европските и на светските… Continue reading НАЦЕВА, Гордана
НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА
НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА (29 Ⅺ 1943 – 7 Ⅲ 1945) – највисок извршен орган на власта во текот на НОВ на Југославија. Бил формиран на Второто заседание на АВНОЈ во Јајце за да ги извршува одлуките на АВНОЈ до формирањето на Владата на Ј. Б. Тито (7. Ⅲ 1945), со сите прерогативи… Continue reading НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА
НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО
НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО – координативно тело при Министерството за здравство за мултидисциплинарна и мултисекторска соработка во унапредувањето на здравјето во РМ. Формиран на 12. Ⅵ 2000 г. со задача да ги оценува состојбите, да ги дефинира целите и да сугерира промени во политиката при донесувањето на глобалната државна стратегија за унапредување на… Continue reading НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО
НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА
НАЦИОНАЛЕН ПАРК „ГАЛИЧИЦА“ – прогласен во 1958 г. Се простира на планината Галичица и на островот Голем Град на површина од 22 760 ха. Геолошката подлога е тријаски варовник, а само мал дел над селата Љубаништа и Војтина е од перидотит. Нема вода. Галичица има меридијанско протегање. На јужниот дел се издига поголемиот масив Стара… Continue reading НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА
НАЦИОНАЛЕН ПАРК МАВРОВО
НАЦИОНАЛЕН ПАРК „МАВРОВО“ – прогласен во 1949 г. Се простира во сливот на реката Радика, на површина од 73 088 ха. Во него има над 50 врвови повисоки од 2.000 м, а највисокиот е Голем Кораб (2.764 м). Околу 29 000 ха се високопланински пасишта. Геолошката подлога се изменува на мал простор, а доминираат варовници.… Continue reading НАЦИОНАЛЕН ПАРК МАВРОВО
НАЦИОНАЛЕН ПАРК ПЕЛИСТЕР
НАЦИОНАЛЕН ПАРК „ПЕЛИСТЕР“ – прогласен е во 1948 г. Се простира на северните и северо-источните падини на Пелистер, на површина од 10 400 ха. Геолошката подлога над 1.300 м надморска височина е гранит што излегува на површина во вид на испревртени блокови, камени реки и сипари, а надолу доминираат кристалести шкрилци. Паркот е богат со… Continue reading НАЦИОНАЛЕН ПАРК ПЕЛИСТЕР
НАЦИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ДАВАЊЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛЕКОВИ
НАЦИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ДАВАЊЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛЕКОВИ – факултетски орган основан во 1997 г. при Фарм. ф. со цел да обезбедува и да пренесува евалуирани информации за лековите на здравствените работници, преку одговарање на побарувања за информации, евалуирање на ефикасноста на лековите и следење на нивната употреба. Издава монографии за фармакотерапевтски групи и билтен „Инфофарм“… Continue reading НАЦИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ДАВАЊЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛЕКОВИ
НАЦИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СЛЕДЕЊЕ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА ОД ЛЕКОВИ
НАЦИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СЛЕДЕЊЕ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА ОД ЛЕКОВИ – формиран во 1987 г. со одлука на Мин. за здравство на РМ. До 1991 функционира како дел од Југословенскиот центар со седиште во Загреб. Од 2000 г. е полноправен член на Центарот при СЗО со седиште во Упсала (шведска). Центарот следи и обработува пријавени несакани дејства… Continue reading НАЦИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СЛЕДЕЊЕ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА ОД ЛЕКОВИ
НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА
НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА – чин на одземање имот од приватни сопственици и негово пренесување во сопственост на државата, по правило, со определен надомест. Во социјалистичките земји, а во тој контекст и во Македонија, за разлика од земјите со пазарна економија, национализацијата беше сеопфатна, се спроведуваше со еден вид „присилни прописи“, спротивно од волјата на сопствениците и главно… Continue reading НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА – СКОПЈЕ – централна ликовна музејска институција во РМ. Основана е во 1948 г. од збирката на ликовната уметност на Народниот музеј во Скопје (Музеј на Македонија), а како самостојна музејска установа е отворена во 1951 г. Поседува значајна збирка од македонски автори од крајот на ⅩⅠⅩ век до денес, како и дела… Continue reading НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА
НАЦИОНАЛНА ДЕМОКРАТСКА ШИПТАРСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
НАЦИОНАЛНА ДЕМОКРАТСКА ШИПТАРСКА ОРГАНИЗАЦИЈА (1945 – 1946) – националистичка албанска организација, формирана во почетокот на 1945 г. за разбивање на територијалниот интегритет на ДФМ и на ДФЈ и просторните услови, најголема и најсовремена библиотека во РМ. Формирана е со решение на
НАЦИОНАЛНА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДЕЈНОСТИТЕ
НАЦИОНАЛНА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДЕЈНОСТИТЕ (НКД). Во согласност со методологијата за пресметување на агрегатите на производството, во нашата земја доминираа две класификации на дејностите во различни периоди. Едната беше карактеристична за периодот од Втората светска војна до крајот на 80тите години на минатиот век, а другата почна да се применува со почетокот на транзицијата. Првата се… Continue reading НАЦИОНАЛНА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДЕЈНОСТИТЕ
НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА
НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА – МУЗЕЈ „Д-Р НИКОЛА НЕЗЛОБИНСКИ“ – СТРУГА. Музејската дејност во Струга е поврзана со името на д-р Незлобински, кој дошол во Струга во 1924 год. Како Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“, Струга голема колекција на инсекти, птици и други животни, кои во 1928 г. јавно ги презентирал пред граѓаните на Струга. Збогатената… Continue reading НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА
НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ
НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – БИТОЛА (1949 –) – регионална институција за заштита на спомениците на културата и нивната музејска презентација. Како база за нејзиното формирање послужиле археолошките наоди од локалитетот Хераклеја Линкестис (в) добиени со археолошките истражувања од пред и во времето на Втората светска војна. Предмет… Continue reading НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ
НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ
НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – БИТОЛА (1949 –) – регионална институција за заштита на спомениците на културата и нивната музејска презентација. Како база за нејзиното формирање послужиле археолошките наоди од локалитетот Хераклеја Линкестис (в) добиени со археолошките истражувања од пред и во времето на Втората светска војна. Предмет… Continue reading НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ