НАЦЕВА, Гордана

НАЦЕВА, Гордана (Штип, 30. Ⅹ 1970) – правник, ракометарка. Завршила Правен факултет во Скопје (1998). Била голман на РК “Кометал – Ѓорче Петров“ во Скопје (1991–2005), со кој повеќе пати го освојувала првенството и Купот на Македонија како и Ку-пот на европските шампиони (2002). Со Репрезентацијата на Македонија успешно настапувала на европските и на светските првенства. Нејзин најдобар резултат е седмото место на Светското првенство во Германија (1997). Од Ракометната федерација на Македонија била прогласена за најдобра ракометарка на Македонија во ХХ век. Д. С. Мара Нацева-Анка