НАУМОВСКИ, Радослав Борисов

НАУМОВСКИ, Радослав Борисов (с. Наколец, Ресенско, 27. Ⅺ 1936) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, вработен на Нервната клиника (1963–2002). Мед. ф. завршил во Скопје (1963), каде што и специјализирал (1969) и докторирал (1979). Долгогодишен шеф на Одделот за неврофизиологија, ја вовел електромиографијата како дијагностички метод и е познат епилептолог. Претседател на лигата против епилепсија во РМ и главен уредник на сп. „Епилепсија“. Автор на повеќе од сто научно-стручни трудови и две монографии. БИБ.: Епилепсија, Скопје, 1982; (коавтор): Епилепсии, Скопје, 2004. Ил. Џ. Славе Наумовски НАУМОВСКИ, Славе Блажев