МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС“ – дневен информативно-политички независен весник. Првиот број излегол на 17 септември 1998 г. во Скопје, издавач „МАКДЕН“. Ос-новач и директор Георги Ајановски, прв главен и одговорен уредник Милан Банов. Од 2004 г. Кети Мицковска. Весникот престанува да излегува на 8. Ⅱ 2007 г. Б. П. Ѓ.

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС“ – дневен информативно-политички независен весник. Првиот број излегол на 17 септември 1998 г. во Скопје, издавач „МАКДЕН“. Ос-новач и директор Георги Ајановски, прв главен и одговорен уредник Милан Банов. Од 2004 г. Кети Мицковска. Весникот престанува да излегува на 8. Ⅱ 2007 г. Б. П. Ѓ.

МАКЕДОНИЈА етно-историска и геополитичка територија во централниот дел на Балканот

МАКЕДОНИЈА – етно-историска и геополитичка територија во централниот дел на Балканот. Името Македонија го наследила од името на истоимената античка држава на Филип Ⅱ и Александар Ⅲ Македонски. Првобитно тоа име се однесувало на мала провинција во Солунското Поле, западно од Вардар. На тој терен е формирана македонската држава со престолнина во Пела. Историчарот ХеродотContinue reading МАКЕДОНИЈА етно-историска и геополитичка територија во централниот дел на Балканот

МАКЕДОНИЈА од Балканските до Втората светска војна (1912–1941)

Македонија од Балканските до Втората светска војна (1912–1941). Првата Балканска војна почнала на 18 окт., а на 4. ⅩⅠⅠ 1912 г. било потпишано примирјето. Македонците се бореле во составот на војските на трите балкански држави. Одредот на Јане Сандански и вооружените чети во заднината на отоманската војска самостојно ослободиле повеќе населени места и организирале своја… Continue reading МАКЕДОНИЈА од Балканските до Втората светска војна (1912–1941)

МАКЕДОНИЈА ПРВА

МАКЕДОНИЈА ПРВА (МАЦЕДОНИА ПРИМА) – доцноантичка провинција со седиште во Тесалоника (Солун). Во рамките на административната провинциска реорганизација на Царството, Диоклецијан ја поделил раноримската провинција Македонија на два дела. Провинцијата Македонија Прва припаднала во диецезата Македонија. Нејзината територија ги опфаќала подрачјата на Долна Македонија: долниот тек на Халијакмон, долниот тек на Аксиј (од Демир КапијаContinue reading МАКЕДОНИЈА ПРВА

МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ АД

МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ“ АД, Скопје – проектантска организација основана во 1954 г. од комуналните организации „Архитект“ и Заводот за станбена изградба при НО на Собранието на градот Скопје. Сегашното име и дејноста на фирмата се утврдени во 1961 г. Од 1996 г. станува акционерско друштво. Има изработено голем број проекти за училишта, туристички и деловни објекти,… Continue reading МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ АД

Македонија, географска

Македонија, географска – планинско-котлинска територија на Балканскиот Полуостров. Го зафаќа средишниот дел на Полуостровот и широко излегува на Егејското Море и на Солунскиот Залив. На север е заградена со шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и со Рила, а на југ со реката Бистрица и со брегот на Егејското Море до утоката на реката… Continue reading Македонија, географска

МАКЕДОНИКА

МАКЕДОНИКА“ (1941). Играл во Елитната дивизија на Бугарија. Успесите на Клубот, манифестациите на навивачите против бугарската окупација и илегалната работа на членовите на Клубот довеле до неговото исклучување од Елитната дивизија и префрлување во лигата на Скопската фудбалска област (1943). Некои од играчите, меѓу кои Драган Геров, Кирил Симоновски-Џина, Саво Цветковиќ и други, отишле во… Continue reading МАКЕДОНИКА

МАКЕДОНИКА

МАКЕДОНИКА“ – прва македонска мултимедијална енциклопедија. Единствен и оригинален македонски производ што ја претставува Македонија. Содржи повеќе од 2.000 страници текст, 1.000 фотографии, околу 300 табели и графикони и повеќе од 3 часа видео- и аудио-материјали. Во нејзината подготовка учествуваа професионалци од сите опфатени области. Енциклопедијата нуди информации за македонското културно наследство, историјата, филмот, театарот,… Continue reading МАКЕДОНИКА

МАКЕДОНИКА

МАКЕДОНИКА“ – прва македонска мултимедијална енциклопедија. Единствен и оригинален македонски производ што ја претставува Македонија. Содржи повеќе од 2.000 страници текст, 1.000 фотографии, околу 300 табели и графикони и повеќе од 3 часа видео- и аудио-материјали. Во нејзината подготовка учествуваа професионалци од сите опфатени области. Енциклопедијата нуди информации за македонското културно наследство, историјата, филмот, театарот,… Continue reading МАКЕДОНИКА

МАКЕДОНИСТИКА

МАКЕДОНИСТИКА – славистичка научна дисциплина што го проучува и го афирмира македонскиот културно-национален ентитет – јазикот, литературата, културата, историјата, фолклорот, уметноста, религијата со црквата, етнографијата и битот на македонскиот народ. Таа како наука се пројавува во ⅩⅠⅩ и особено се афирмира од почетокот на ХХ в., а слободно и во меѓународни релации сестрано се развива… Continue reading МАКЕДОНИСТИКА

МАКЕДОНИСТИКА

МАКЕДОНИСТИКА“ – списание, орган на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Излегува повремено од 1977 (до 2007 г. се излезени девет броја). Во сп. се објавуваат пообемни македонистички трудови и граѓа од сите подрачја на македонистиката: историјата на македонскиот јазик, дијалектологијата, ономастиката и современата состојба. Л. М. Македонит (Мацедоните), минерал

МАКЕДОНИТ

МАКЕДОНИТ – минерал што името го добил по Македонија; првпат е откриен во пегматитскохидротермалните жици што се појавуваат во серијата на сиенитите кај селото Алинци, Прилепско. Македонитот по состав е ПбТиО , 3 кристализира тетрагонално и обично се појавува во кристални облици што се комбинација на призми. Има црна боја со кафеава нијанса и стаклеста… Continue reading МАКЕДОНИТ

МАКЕДОНКА

МАКЕДОНКА“ – орган на АФЖ на Македонија, прво македонско списание за жени. Првиот број излегол во ноември 1944 г., печатењето почнало во с. Г. Врановци, продолжило во Прилеп и завршило во „Македонка“, орган на Битола. Прва АФЖ на Македонија (1944) уредничка Веселинка Малинска, наредните два броја ги подготвиле Славко Јаневски и Василие Поповиќ-Цицо. За 62… Continue reading МАКЕДОНКА

МАКЕДОНО-БУГАРСКИ КОМИТЕТ

МАКЕДОНО-БУГАРСКИ КОМИТЕТ (Костур, Егејскиот дел на Македонија, 5. Ⅲ 1943 – 1944) – основан за организирање колаборациско оружено движење во италијанската окупациона зона за борба против грчкото партизанско движење и македонското НОД во Егејскиот дел на Македонија. Создавањето го договорила тричлена бугарска делегација (претставник на Министерството за надворешни работи и офицери на Бугарската армија). На… Continue reading МАКЕДОНО-БУГАРСКИ КОМИТЕТ

МАКЕДОНО-ОДРИНСКИ ПРЕГЛЕД

МАКЕДОНО-ОДРИНСКИ ПРЕГЛЕД“ (Софија, 25. Ⅴ 1905 – 24. Ⅶ 1907) – политички журнал, орган на ВМОРО. Првин излегувал на 10 и 25 во месецот, како „петнаесетдневен политички журнал“, а потоа како „седмичен политички журнал“. Уредник бил Никола Наумов, а бил печатен во софиската печатница „Дневник“. Првин имал наслов „Македонски преглед“, а потоа „Македоно-одрински преглед“ (од… Continue reading МАКЕДОНО-ОДРИНСКИ ПРЕГЛЕД

МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ (МАНУ) – највисоката самостојна научна и уметничка јавна установа во Република Македонија, основана на 23. Ⅱ 1967 год. во Скопје со прв претседател Блаже Конески. Нејзините историски корени се темелат врз културната традиција особено од крајот на ⅩⅠⅩ и почетокот на ХХ век. Македонското научно-литературно другарство во С.-Петербург (1902–… Continue reading МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

МАКЕДОНСКА АНТИФАШИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА АНТИФАШИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (МАО) (1942 – 1943) – македонска политичка организација формирана во Воденско по иницијатива на КПГ. На чело на организацијата биле Вангел Ајановски-Оче, Ангел Гацев, Ристо Кордалов, Дини Папајанков и др. Целта на организацијата била, во сојуз со грчкате ЕАМ-ЕЛАС, да се бори против фашистичките сили. Во 1943 г. била распуштена. ЛИТ.: Ајановски… Continue reading МАКЕДОНСКА АНТИФАШИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ИСТОРИЈА НА МЕДИЦИНАТА

МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ИСТОРИЈА НА МЕДИЦИНАТА (МАИМ) – стручна и непрофитна асоцијација на ис-тражувачи и историчари на медицината и здравствената култура. Целта е да го истражува медицинското минато на македонските и на Зборник на трудови балканските од Првиот конгрес на Асоцијацијата простори. за историја Формирана е на медицината на 4. Ⅵ 1998 г. во Штип,… Continue reading МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ИСТОРИЈА НА МЕДИЦИНАТА

МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ

МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ – развојна банка во државна сопственост, формирана со цел да го поддржи развојот на малите и средните претпријатија и да обезбеди финансиска поддршка на извозот. Таа е основана во 1998 г. како акционерско друштво, врз основа на посебен закон, а нејзиниот основачки капитал изнесуваше 15 милиони евра. Работењето на… Continue reading МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ

МАКЕДОНСКА ДОМАШНА ГРАДИНА

МАКЕДОНСКА ДОМАШНА ГРАДИНА. Поради мултифункционалноста и прилагоденоста на условите на теренот и на пределот, традиционалните домашни градини се одликуваат со сопствени специфики, значајни естетски вредности и автохтоност. Градините во РМ од ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ в. ги истражува Д. шојлевски (1985). Современите домашни градини ги губат типичниот ликовен израз и специфичните обележја на поднебјето, но се… Continue reading МАКЕДОНСКА ДОМАШНА ГРАДИНА

МАКЕДОНСКА ЕМИГРАНТСКА ФЕДЕРАТИВНА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА ЕМИГРАНТСКА ФЕДЕРАТИВНА ОРГАНИЗАЦИЈА (Софија, 4. ⅩⅠⅠ 1921) – политичка организација на маке-Уставот на Федеративната организација на макдонските емигранти делена целта за дејствување: легална борба за создавање автономна федеративна држава Македонија во нејзините географски и економски граници, независна од балканските држави. Организацијата го издавала својот орган „Автономна Македонија“ (1. ⅩⅠⅠ 1920 – 26. И 1923)… Continue reading МАКЕДОНСКА ЕМИГРАНТСКА ФЕДЕРАТИВНА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА

ПРЕДГОВОР МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА . главен и одговорен редактор Блаже Ристовскиќ. – Скопје : Македонска академија на науките и уметностите, 2009. – 2 св. (1671 стр.) : илустр. ; 30 см Содржина: шТ.ќИ: А-Љ. -ЏЏИВ, 812 стр. шТ.ќИИ: М-ш – Стр. 812-1671 ИСБН 978-608-203-023-4 (1) ИСБН 978-608-203-024-1 (2) а) Македонија – Енциклопедии ЦОБИСС.МК-ИД 76966666